Форумџика на годината

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.875
    Пол:
    Женски
    @simoncelicius
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    И мене ми е од тука :),мислам истиот дека е со на Антолина.
    Ама испробан и супер е.
     
    На simoncelicius и Antolinaa им се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.151
    Допаѓања:
    50.529
    Пол:
    Женски
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    33.526
    Пол:
    Женски
    На Kasiopaja221 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    46.176
    Пол:
    Женски
    Една страна поназад има Антолина постирано рецепт :)
     
  6. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.875
    Пол:
    Женски
    Основа
    250г лотус бискоф колачиња
    120г путер (стопен)

    За фил
    600г крем сирење
    250мл слатка павлака
    150г шеќер во прав
    1 лажица ванила арома
    1 кесичка желатин
    50мл вода
    За прелив
    200г лотус бискоф намаз
    2-3 здробени лотус бискоф колачиња

    Мелените колачиња ги мешаме со растопениот путер и ги натапкуваме на дното од калап за чизкејк (23цм). Оставаме во фрижидер.
    Желатинот го ставаме во водата да набари.
    Крем сирењето го матиме со ванилата.
    Во посебен сад ја матиме слатката павлака со шеќерот во прав. Ја додаваме матената слатка павлака кај крем сирењето и мешаме убаво.
    Желатинот го растопуваме и го додаваме во смесата. Мешаме убаво да се соедини. Го додаваме филот во калапот за чизкејк врз подготвената основа. Оставаме во фрижидер додека го спремаме преливот.
    За преливот само го загреваме намазот, а потоа го истураме во калапот врз филот. Оставаме во фрижидер најмалку 6 часа.
    Пред послужување го посипуваме чизкејкот со здробени лотус бискоф колачиња.
     
  7. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    68
    На колку степени се пече и колку време...дали има ист вкус како купечкиот поп кејк ☺️☺️
     
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    15.464
  9. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.166
    Пол:
    Женски
    Zenskı nekoja recept za sarmı? Varenı takvı :D Do sega nemam praveno no mı se prıjadoa. Nekoj proveren recept ı kakva zelka korıstıte?
     
  10. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.649
    Пол:
    Женски
    Најде ли рецепт 8-|
    и јас сакам утре да правам со кисела зелка онаква од буренце викат најубава е, дома неможам да варам пресна за малку сармички а и незнам како се спрема тоа.
    А ваква кисела знам има и по маркети вакумирана или во тегли листови само дома да си моткаш ти со фил и на печење/варење .
    А како оде рецептот и јас незнам :drunk:
     
  11. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.166
    Пол:
    Женски
    Sı napravıv denes ne ıspadna nesto wow no kolku za merak:D:D Jas so obıcna zelka ja svarıv ubavo prvo otı nemav kıselı a nı takvı gotovı vo teglı. Ko za prv pat solıdno:D:tmi:
     
    На Mother of 2boys, Poppins и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.623
    Допаѓања:
    35.199
    Пол:
    Женски
    Кисела зелка во тегли имате во Дием продавниците.
     
    На mssuniquee и Poppins им се допаѓа ова.
  13. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.332
    Допаѓања:
    28.230
    Пол:
    Женски
    Замесувам тесто од брашно,вода(млака),малку масло,по една лажичка сол и шеќер и квасец.Не мн тврдо тестото и го оставам да одмори пола саат.Потоа на работна површина го делам на 2 дела едниот поголем,другиот помал.И од секој дел правам по 5 топчиња.Прво ја работиме поголемата кора.Расукуваш топче и го премачкуваш со маргарин,и така со сите кори.Откако ќе завршиш со поголемите 5 истата постапка и со помалите.Потоа од поголемиот дел расукувам кора поголема од тепсијата што ќе печеме,краевите од кората да “висат”надвор.Потоа редиш фил по желба,моево е со кисела зелка.Па ја расукуваш и помалата кора и ја ставаш над филот.и краевите од поголемата ги превиткуваш.Пуштам рерна да се загрее а за тоа времњ оставам да покисне малку.Сечам пред печење и премачкувам со маргарин.Ја печев околу 30 мин на 200Ц.
     
    На riba79 и mKdevojce им се допаѓа ова.
  14. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    1.363
    Може рецепт од боранија со мелено месо? Која знае од вас?
     
  15. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.875
    Пол:
    Женски
    100г путер
    100г темно чоколадо
    100г шеќер
    100г мелени бадеми
    3 јајца (одвоени жолчки и белки)
    4 мали крувчиња (или 2 поголемки)
    1-2 лажици мармалад од кајсии
    малку шеќер во прав

    Чоколадото и путерот растопете ги заедно на пареа. Оставете да се оладат малку.
    Жолчките ги матиме со шеќерот неколку минути. Белките ги матиме во цврст снег во посебен сад.
    Стопеното чоколадо со путерот го додаваме кај жолчките и мешаме убаво. Ги додаваме и мелените бадеми. На крај го додаваме и снегот од белки. Мешаме со лажица, додека да добиеме изедначена смеса.
    Ја истураме смесата во убаво намрсен калап за тарт (23цм). Крушките ги лупиме, ги чистиме и ги сечеме на половинки (или четвртини). Ги редиме врз тестото со исечената страна надолу. Печеме во загреана рерна на 180 степени 35-45 минути. Додека е топол колачот го премачкуваме одозгора со малку мармалад од кајсии. Пред послужување поросете со шеќер во прав
    20211218_140743.jpg

    @Carpe Diem New
     
    Последна измена: 26 ноември 2022
    На tambelina и Carpe Diem New им се допаѓа ова.
  16. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Blagodaram
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.905
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
    Рецепт за зелката или за филот барате?
     
  18. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.649
    Пол:
    Женски
    За филот знам , зелка имам кисела :D Натаму не ми е јасно ,запршка дали се праве , или само водичка со зачини и црвен пипер , како/колку се варе или пече , што се става и тие работи:whew:
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.905
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
    Мајка ми вака ја прави, на дното надробува кисела зелка (да се покрие горе-долу), па над ги реди сармите, вари вода со говедска коцка во истото тенџере каде што го спрема месото и додава малку од солилото (тертина до максимум половина чаша), кога ќе зоврие ја истура врз сармите. Количината на вода што ја реди е да ги покрие сармите, ама не да ги потопи скроз, туку мал дел од површината на сармата да ѕирка, да не изгледа како да пливаат во вода (се надевам ме разбра), па над реди тенки листови сланина и над сланината листови зелка да ја покрие цела сарма и ја покрива со капак. Ја реди да се печи на тивко (на 150 ама тоа зависи и од рерната ако е послаба можеш и на појако, ако е појака на послабо). Ја проверува додека се пече (околу 2-3 сати минимум) и прекинува со печење кога ќе забележи дека сармите се сочни и долу каде што е надробената зелка има водичка.
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.875
    Пол:
    Женски
    @Ani45

    150г урми
    2 лажици путер од индиски ореви
    1 лажица кокосово масло (растопено)
    1 лажичка ванила арома
    прстофат сол
    50-60мл бадемово млеко
    Сите состојки се обработуваат во блендер.

    20220122_130518.jpg
     
    На tambelina и Ani45 им се допаѓа ова.