Нема рецепт Готово тесто за кроасани, намачкано со лажица нутела, заролано и на печење на 200 степени без вентилатор околу 20 мин.
Се матат 4 јајца,се додава 200 мл масло,250 мл јогурт,100 мл вода,200 мл павлака, сол и на крај 200 гр дробено сирење. Се меша смесата Во намрсен плех се редат 2 кори да висат малку надвор. Оставаш една кора настрана, а сите други кори ги киниш и ги редиш во плехот. Над нив се истура смесата со јајца па се покрива со краевите што висат и преостанатата кора. Се полива со еден филџан вода измешан со малку масло. Се пече 30 мин на 200 °
Торта 200гр. шеќер се бие со 5 жолчки, потоа се додаваат 10 лајци топла вода. Откако ќе се измати смесата се додаваат 100гр. мелени ореви, 200гр. брашно, 1 пециво и 5 белки претходно изматени. ФИЛ: 1/2 млеко се вари со 10 лајци шеќер и 2 чоколадни пудинзи. Во друг сад се бие 1 маргарин со 200гр. шеќер во прав. Откако ќе се излади пудингот се додава во садот со маргаринот и шеќерот и се меша. Во смесата се додаваат 100гр. мелени ореви и 2 лајци какао. Се декорира по желба (ореви, чоколадо и сл).
1шоља овесни снегулки (средна големина) 2/3 од шољата вода млака 2 јајца лук во прав, сол, малку сода Превкусна е , пробај ! Прво нека се запече малку , па ставај мастраф. околу 10 мин и е се потребни на најјако
@anggell Не се баш кроасани,лиснато тесто.Се зафаќа еден квасец со лајче шеќер и брашно заедно со топло млеко.Во брашното околу 1кг се додава шеќер(околу 150-200 гр)две жолчки и едно цело јајце,махлеп ставам,путер стопен(околу 50 гр)ванилин шеќер и мало филџанче јогурт.Се додава квасецот,по потреба млеко топло се дотура и се замесува.Се кисни.Се делат топчиња и се сучат во форма на тањир и секое се премачкува со путер(5 едно над друго).Се остава во фрижидер најмалку 2 часа ,и цела ноќ ги имам оставано ,па од секое купче кора се размесува и се сечат триаголници на кои се става мармелад и се виткаат.Наредени во тавче се оставаат да киснат и пред печење со јајце се премачкуваат,печени со шеќер во прав се потраат.Ако нешто не објаснив убаво извини,кажи ќе напишам ...
https://moirecepti.mk/post/божиќни-ѓумбир-колачиња моите се по овој рецепт, а модлите ми се порачани од али, преубави моделчиња на модли има таму, и велигденски си порачав за ич пари
Модлите ми се дел од тука (во тинекс имаше лани-полани убава метална кутија со комплет модли), а дел од али. Дефинитивно најубави калапчиња има али, ќе ги изначекаш ама се исплати 380г брашно 1 лажичка пециво 1 лажичка сода бикарбона прстофат сол 1 лажичка мелен ѓумбир 1-2 лажички цимет 1 лажичка каранфилче (мелено) 110г путер (собна температура) 100г кафеав шеќер 1 јајце 150мл меласа 1 лажичка ванила Во длабок сад ги мешаме брашното, пецивото, содата и зачините (сол, ѓумбир, цимет, каранфилче). Во посебен сад го матиме путерот со шеќерот и јајцето. Додаваме меласа и ванила и матиме до соединување. Постепено ги додаваме сувите состојки во смесата од путер и јајца, мешајќи постојано. На набрашнета површина, го расукуваме тестото во кора. Вадиме форми по желба со помош на модли и печеме на 180 степени 8-10 минути
600г суво овошје (сецкано) 150мл вишновка (или бренди, рум) 250г путер (собна температура) 180г кафеав шеќер 1 лажичка ванила арома 4 јајца 250г брашно 50г брашно за колачи 50г какао 1 лажица цимет пола лажичка морско оревче прстофат каранфилче 50г лешници 50г урми (сецкани) 50г темно чоколадо (стопено) Сувото овошје измешајте го со алкохолот. Наместо алкохол може да користите свежо исцеден сок од портокал. Оставете го преку ноќ. Ако користите сок, нека стои во фрижидер. Омекнатиот путер го матиме со шеќерот и ванилата неколку минути. Потоа ги додаваме јајцата едно по едно. Следно ги додаваме двата типа брашно и зачините. Мешаме со миксер до соединување. Потоа го додаваме стопеното чоколадо, сецканите лешници и урми и мешаме со лажица. На крај го додаваме и сувото овошје. Смесата ја префрламе во калап за печење (23цм). Печеме во загреана рерна на 140 степени, 2 ипол до 3 часа. Кога е печен колачот го вадиме од рерна, додека е жежок го боцкаме со чепкалка на повеќе места и го полеваме со 2-3 лажици вишновка (или сок од портокал). Го оставаме да се олади целосно. Може да се послужи веднаш, но колку подолго стои, толку ќе биде повкусен. Најдобро е да стои во незагреана просторија завиткан во фолија или ставен во кутија. Подобро да стои во фрижидер доколку користите сок наместо алкохол.