1 белка, 200гр. шеќер во прав, 1м.л сок од лимон и малку капнав ванилка за шмек ништо не матиш со миксер се е рачно, мене вака ми беше ајсингот, а ако сакаш ептен да е тврд за со шприц и за прецизно цртање, ќе треба со миксер инаку нешто грешка имаш мила, овој се суши за 10 минути
^ мене не ми се ризикува со жива белка заради салмонела, убав ајсинг се прави и со шеќер во прав и млеко, екстракт од ванила и боја.
Јас од око редам, дел млеко, дел шеќер, некоја капка ванила и боја во зависност од тоа колку сакам да е јака нијансата. Густо да дојде, да стои кога ќе се размачка да не тече по страните. И после тоа во фрижидер да се стегне. Стварно не знам сооднос, стално си правам вака
@Anika55 ако може рецепт и состав на крем за ирвасите? Немам модли соодветни, дали ќе можам со чаши да сечам?
200г брашно 50г мелени бадеми 1/4 лажичка пециво Прстофат сол 100г путер (омекнат) 60г шеќер 1 ванила 1 јајце Малку шеќер во прав Околу 50г карамел намаз Околу 50г стопено чоколадо М&м бонбончиња Измешајте ги брашното, бадемите, пецивото и солта. Во посебен сад матете го путерот со шеќерот и ванилата околу 3 минути. Додајте го јајцето и изматете. Потоа додајте ги сувите состојки и измешајте. Тестото завиткано во најлонска фолија оставете го во фрижидер најмалку еден час. Потоа расукајте го во тенка кора и со калапи извадете колачиња. На половина од колачињата направете им дупка со помало калапче. Печете во загреана рерна на 180 степени 10тина минути. Оставете ги колачињата да се оладат. Поросете ги со шеќер во прав и залепете ги со по една лажичка намаз измеѓу. Ставете м&м бонбончиња за носе, а со стопеното чоколадо нацртајте очиња и рогови. *можеш да сечеш со чаши, само за дупчето на горниот дел од колачето ќе ти треба ептен малечка чаша. Можеш да сечеш со нож рачно ако си прецизна и трпелива или можеш да нацрташ на хартија за печење кругови со шестар, да ги исечеш и после со нож да сечеш околу нив *јас користев готов карамел намаз, ама можеш да ги полниш со што сакаш, само да не е многу темен филот (за да се гледаат "очињата") *мелените бадеми може да се заменат со брашно, ама прават огромна разлика во вкусот
За карамел намаз не би знаела, мојот не е земен од овде. А бадемите јас си ги мелев (може во сецко, мелница за кафе или процесор за храна)
Jas gi pravam standart proja,brasno,.... no dodavam jabolko i tikva top kombinacija e , jagodi,cresi,visni....
@Anika55 ке може ли рецепт за raw cake е претпоставувам со лешници одозгоре и чизкејк чоколаден со ф'стак? Ти благодарам
Претпоставувам на ова мислиш со ф'стак: Спојлер Чоколаден тарт со карамела 160г брашно 50г бадемово брашно 50г какао 100г путер (собна температура) 50г шеќер во прав 1 јајце прстофат сол 1-2 лажици млеко (по потреба) 2 јајца 250г карамела (дулче де лече) 300мл млеко 200г чоколадо за готвење Путерот се мати со шеќерот додека не се спои целосно и не стане кремаст. Се додава јајцето и се мати додека да се спои со смесата. Брашното, бадемовото брашно, какаото и солта се мешаат во подлабок сад, се просејуваат и потоа се додаваат постепено во изматениот путер. Тестото се спојува со раце (не се меси), се обмотува во најлонска фолија и се остава да отстои 2 часа во фрижидер. Откако ќе отстои во фрижидер, се расукува во кора на набрашнета површина. Кората треба да биде неколку сантиметри поголема од калапот во кој ќе печеме. Јас користев калап за тарт од 24см. Кората се префрла врз калапот и внимателно се мести по работ од калапот. Вишокот тесто се отстранува, па се става калапот во фрижидер да се стегне додека се загрева рерната. Се пече на 180 степени, 10тина минути. Се вади од рерна и се премачкува со карамелот. Доколку е премногу густ карамелот, може да се загрее прво во микро, а и топлото тесто ќе помогне за полесно размачкување. За чоколадниот фил, чоколадото се топи на пареа и се остава на страна. Јајцата се матат со вилушка во подлабок сад, а млекото се загрева на рингла. Кога ќе се загрее млекото (да не зоврие) полека се истура во садот со јајцата со постојано мешање. Потоа млекото и јајцата се враќаат на рингла, со постојано мешање, додека да се згусне малце смесата (2-3 минути). Оваа смеса се спојува со стопеното чоколадо. Подготвениот чоколаден фил се истура во калапот врз слојот од карамела. Се пече на 150 степени уште околку 30 минути, потоа се исклучува рерната и се остава да стои во исклучена и затворена рерна уште 45 минути. Тартот сеуште може да изгледа течен или мек по печењето, но кога ќе се олади целосно, се остава во фрижидер најмалку 6 часа и ќе ја добие потребната цврстина. Се декорира по желба, јас декорирав со сецкани несолени фстаци. *Карамелот (дулче де лече), бидејќи го нема кај нас готов, го спремив на тој начин што загревав конзерва (неотворена) засладено кондензирано млеко во тенџере со вода на ниска температура 3-4 часа (има туторијали на интернет).
А другото (ако мислиш на ова со лешници одозгора) не е raw Спојлер Чоколаден чизкејк 200г мелена плазма 100г стопен путер 450г крем сирење (собна температура) 90г шеќер во прав 250г чоколадо за готвење 200мл слатка павалака 1 лажичка ванила арома 150г млечно чоколадо 100мл слатка павалака Мелената плазма се меша со стопениот путер. Треба да изгледа како мокар песок и кога ќе се притисне во раце да ја задржува формата. Се истура во калап за чизкејк од 20цм. Убаво се натапкува на дното и се става во фрижидер да се стегне. Крем сирењето заедно со шеќерот во прав и ванилата се матат со миксер додека смесата не стане кремаста. Чоколадото за готвење (јас користев 150 чоколадо за готвење и 100г млечно чоколадо, но може и само чоколадо за готвење) се топи на пареа (или во микро). Откако ќе се подолади се меша со крем сирењето и шеќерот. Во посебен сад се мати слатката павлака и потоа се додава во смесата од крем сирење и чоколадо. Се меша со лажица, не со миксер (за да не се згрутчи слатката павлака). Филот се истура во калапот, се израмнува убаво и се враќа во фрижидер. За преливот ја загреваме слатката павлака (не смее да зоврие) и ја истураме врз чоколадото претходно исечено на ситни парченца. Оставаме неколку минути чоколадото да ја прими температурата од слатката павлака, па мешаме убаво со лажица. Ако не се растопи целосно, може да се загрее во микро. Преливот го оставаме да се излади целосно и го истураме врз филот во калапот. Вака подготвениот чизкејк се остава во фрижидер преку ноќ па се вади од калапот. Прво со топол нож се одвојуваат краевите од калапот, па се отвара. Јас го оставив во фрижидер цела ноќ без прелив, па наредниот ден го направив преливот и го посипав откако го извадив од калап за поубав ефект. Декорација по желба