Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.034
    Допаѓања:
    206.132
    Пол:
    Женски
    Се извинувам,дури сега видов.Џигер,овој пат свински користев.Се сецка на парчиња и се вари со сол,сув зачин,бибер,оригано,мајчина душичка,кромид сецкан,праз и малку бело вино.Зеленчукот во бледнер,од водата во кое се варат се цеди и по потреба се додава.Џигерот се потпржува па и тој во блендер.Водата зависи од густината толку дотураш,се блендира се заедно со плус малку маслиново масло.Тоа е се-доколку нешто не објаснив убаво кажи:*

    Излупени да се варат околу 12-15 мин со сол.Се цедат и се оставаат да им излези пареата.Во тава со масло,зачин сув,рузмарин,чешниња лукче цели само малку згмечени,црвена пипер,бибер и презла. Се мешаат убаво и на печење,при крај можи малку од горе да се притиснат на пр со чаша долен дел,нежно само:*Извини касно те прочитав
     
    Последна измена од модератор: 5 јануари 2023
    На mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    6.569
    Ти благодарам многу
     
  3. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.864
    Пол:
    Женски
    @Arababy
     
    На Arababy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.125
    Пол:
    Женски
    @Anika55 може рецепт за чизкејкот? :)
     
  5. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.864
    Пол:
    Женски
    - 300г мелени бисквити
    - 150г стопен путер

    - 400г смрзнати вишни
    - 4-5 лажици шеќер
    - сок од пола лимон
    - 1 ванилин шеќер
    - 2 лажици густин
    - 3 лажици вода (за густинот)

    - 500г маскарпоне (или крем сирење)
    - 120г шеќер во прав
    - 1 ванилин шеќер
    - 250мл слатка павлака
    - 1 кесичка желатин
    - 4 лажици ладна вода (за желатинот)

    - 100г чоколадо (темно или млечно, по желба)
    - 100мл слатка павлака

    Мелените бисквити се мешаат со стопениот путер и се распоредуваат на дното од калап за чизкејк (24цм).
    Вишните заедно со сокот од лимон, шеќерот и ванилата се стваат на рингла. Густинот откако ќе се растопи во водата се додава во вишните. Смесата од вишни се вари додека да почне да згуснува. Се трга од оган и се остава да се олади, па се премачкува врз подготвената основа од бисквити.
    Маскарпонето (на собна температура) се мати со шеќерот и ванилата. Се додава претходно изматената слатка павлака, па потоа се додава и желатинот (подготвен според упатството на пакувањето). Откако се убаво ќе се измеша, филот се истура во калапот врз филот од вишни и убаво се израмнува.
    Чоколадото го растопуваме со слатката павлака и го истураме врз филот од маскарпоне.
    Треба да отстои во фрижидер најмалку 6 часа пред послужување.

    Screenshot_20221212_013350_Instagram.jpg
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.151
    Допаѓања:
    50.529
    Пол:
    Женски
  7. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.864
    Пол:
    Женски
    Повели:

    100г брашно
    1 лажичка пециво
    прстофат сол
    120г потпечени лешници (90г мелени + 30г сецкани)
    120г путер (омекнат)
    60г шеќер
    2 јајца
    1 жолчка
    1 ванила
    30мл млеко
    рендна кора од еден портокал

    Во подлабок сад измешајте ги брашното, солта, пецивото и мелените лешници.
    Во посебен сад путерот изматете го со шеќерот и ванилата. Додавајте ги јајцата и жолчката, едно по едно, со постојано матење. Потоа додајте ги млекото и брашното дел по дел. Кога е се убаво измешано додајте ги и сецканите лешници и ренданата кора од портокал и измешајте со лажица.
    Истурете ја смесата во намрсен калап за печење (20цм) и печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Оставете да се олади, па наросете со малку шеќер во прав.


    20211226_121445.jpg
     
    Последна измена: 9 јануари 2023
    На LejlaD, Hatula и shz им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    15.464
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    https://moirecepti.mk/post/шарен-куглоф-3 По овој рецепт е правен, само додадено е плус и ореви, а не само суво грозје во мојот куглоф. :)
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    15.464
    Благодарам ^_^
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mommy's love

    mommy's love Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2020
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    @Anika55 ќе може рецепт за здравите штангли? :hug:
     
  12. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.864
    Пол:
    Женски
    Секако, повели :)

    Темен слој
    1/2 чаша мелени бадеми
    10 урми (без семка)
    2 лажици кокосово масло (растопено)
    2 лажици какао

    Светол слој
    20 урми (без семка)
    3 лажици таан
    1/2 чаша мелени ореви
    4 лажици јаворов сируп
    1 лажичка ванила арома

    Прелив
    2 лажици какао
    2 лажици кокосово масло (растопено)
    2 лажици јаворов сируп

    Сите состојки за темниот слој обработете ги во процесор за храна или блендер. Додајте ја смесата во помал калап. Јас користев со димензии 20х10цм. Оставете го калапот во замрзнувач.
    Сите состојки за светлиот слој додајте ги во процесор или блендер. Обработетр до целосно соединување. Добиената смеса додајте во калапот врз темниот слој. Вратете го калапот во замрзнувач половина час.
    Сите состојки за преливот измешајте ги со жица во длабок сад. Кога ќе се изедначи смесата истурете ја во калапот и оставете во замрзнувач уште десетина минути. Откако ќе се стегне, чувајте го во фрижидер до послужување.

    20211113_132644.jpg
     
    На mommy's love и Hatula им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Какво патување во детството си ми направила, како дете знам го јадев и го памтам како превкусно. Сакаш да споделиш како го правиш? :)
     
  14. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    1.410
    Пол:
    Женски
    Од перничињата можи рецепт?
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.165
    Пол:
    Женски
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    За плех од шпорет обично мерката е со 700гр.брашно,1квасец,лажичка шеќер и лажица сол, малку зејтин, млака вода. Овој плех беше 36. Се заедно замесувам, мали топчиња 13.7 за долната и 6 за горната кора. Топчињата ги расукувам, премачкувам со маргарин и редам едно врз друго. Потоа од нив расукувам голема кора, таа одоздола, фил каков сакаш. Од другите топчиња горната кора и од страните се свиткува со остатокот од долната кора. Маргарин најгоре и прво печам малку на послабо зошто не го стасувам тестото, потоа да се вцрви.
     
    На mal.ecka и emkaemka им се допаѓа ова.
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.165
    Пол:
    Женски
    Не се стасува или ти така правиш?
    Може да го стасам јас првин?
    Си пробала, ќе чини?
    Тоа печење со менување на јачини не ме бива, баш ми е јака рерната..
     
    На mal.ecka и manako1 им се допаѓа ова.
  18. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Мене ми е полесно, а по правило треба да стаса.
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Квасецот го ставам во сад, му турам малку шеќер и млака вода, оставам да се растопи. Во голем сад го турам квасецот, му турам 2 до 3 лажици масло, малку сол, 1 чаша кисело млеко, 2 чаши вода и брашно по потреба. Кога ќе стаса тестото, го делам на мали топчиња, секое го расукувам малку и го премачкувам со маргарин (3 кори една врз друга ги виткам во топче и го ставам во фрижидер да стои барем 30 минутки. Постапката се повторува.). Потоа секое топче го расукувам на долго и го делам на 2 парчиња. На секоја страна ставам фил и ја виткам, потоа ја сечам на парчина. Одозгора ги премачкувам со жолчка од јајце и малку масло и наросувам со сусам и оригано.

    - Пица фил: шунка, кашкавал, кечап, босило, оригано, печурки.
    - Фик од спанаќ: спанаќ обарен, сирење или урда и белка од јајце.
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  20. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    На Reina.Gitana му/ѝ се допаѓа ова.