Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    1.452
    Пол:
    Женски
    Еднаш да стаса тестото? Дека пиша дека постапката се повторува или два пати. Претпоставувам топчињата распукани три едно врз друго ги ставаш така? Ич не ме бива за тесто а сакам да почнам по нешто да мессм. Фала
     
  2. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
  3. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.938
    Допаѓања:
    6.797
    Пол:
    Женски
    Оваа на Стефанија Несторовска (snestrovoskaa на Инстаграм) ја правев, само наместо праз и блитва, ставив спанаќ, маслинки и сирење.
    Линк: https://www.instagram.com/p/CmJ1aJCuk1f/
    pita.JPG
     
    На Viktorijaaa5, joy1 и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  4. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Повели :)

    Питулици со праз
    Состојки:
    2 литри ладна вода
    2,5 кг брашно
    Сол по потреба
    Масло
    4-5 главици праз

    Се мати со миксер за да се добие каша со густина како за палачинки. Се става 3-4 лажици масло, пак се мати кашата и се прават палачинките. Доволно е да се направат 20 палачинки. Треба да бидат добро оладени, па после се филуваат.

    Се сечка празот и се пржи на масло. Потоа се посолува и се остава да олади. Сега се филуваат питулиците-палачинките. Во тепсија со масло ставаме една питулица, па ја попрскуваме со масло и ставаме од пржениот праз и потоа така правиме со сите питулици. Откако ке ја ставиме и последната питулица во тепсијата ги сечиме на коцки и печиме во претходно загрена рерна. Се пече 20 мин на 200ºC, а после се намалува на 150, вкупно печење 1 час и 30 мин.
     
    На mal.ecka и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  6. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу. :inlove:
     
    На Reina.Gitana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    5.675
    Пол:
    Женски
  8. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    5.675
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20230116_222413_com.huawei.browser.jpg
    И овој чиз. во колку цм калап ти е правен
     
  9. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    67.991
    Пол:
    Женски
    Не е чоколаден, со вкус на кафе е.
    Повели рецепт

    Основа
    150г мелени орео колачиња
    70г стопен путер

    Пев слој
    450г крем сирење (собна температура)
    2 јајца
    80г шеќер
    60г кисела павлака
    120г маскарпоне (собна температура)
    30мл калуа ликер
    1 лажичка инстант кафе

    Втор слој
    250мл слатка павлака
    120г маскарпоне (собна температура)
    200мл засладено кондензирано млеко
    50г чоколадни капки (или сецкано темно чоколадо) растопени
    30мл силно еспресо
    2-3 лажици калуа ликер
    2 лажички желатин

    Трет слој
    60г крем сирење (собна температура)
    100г темно чоколадо (растопено)
    30мл калуа ликер
    2-3 лажици засладено кондензирано млеко
    400мл слатка павлака
    малку какао

    Мелените орео колачиња ги мешаме со растопениот путер и ги натапкуваме во калап за чизкејк (24цм), внимателно обложен со неколку слоја алиминиумска фолија од надворешна страна.

    450г крем сирење го матиме со 80г шеќер, па додаваме 2 јајца, 60г кисела павлака, 120 маскарпоне и 1 лажичка инстант кафе, растворено во 30мл калуа ликер. Вака подготвениот фил го истураме врз основата. Во поголем сад истураме жешка вода и обложениот калап за чизкејк го ставаме во водата. Вака подготвена тортата ја печеме во загреана рерна на 160 степени, 60-70 минути. Откако ќе се испече се остава 1 час да се олади.

    Матиме 250 мл слатка павлака. Во посебен сад матиме 120г маскарпоне, 200мл кондензирано млеко и 50г растопено чоколадо. Во помал огноотпорен сад мешаме 30мл еспресо, 2-3 лажици калуа ликер и 2 лажички желатин. Загреваме во микро, додека желатинот целосно не се растопи. Оставаме да се олади 5 минути, па ја додаваме смесата во филот со маскарпоне и кондензирано млеко. Мешаме убаво, па ја додаваме и изматената слатка павлака. Вака подготвениот фил го додаваме врз оладениот чизкејк. Оставаме во фрижидер најмалку половина час.

    За последниот слој матиме 60г крем сирење со 100г стопено чоколадо, 2-3 лажици кондензирано млеко и 30мл калуа ликер. На крај додаваме 400мл слатка павлака и матиме убаво. Добиениот крем со помош на шприц за декорација, го додаваме во калапот. Може да се нанесе и со лажица и да се израмни убаво наместо да се користи шприц.
    Поросуваме со малку какао и оставаме во фрижидер преку ноќ.

    20цм.
     
  10. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Последна измена од модератор: 18 јануари 2023
  11. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    67.991
    Пол:
    Женски
    На franca, mommy's love, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
  13. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    67.991
    Пол:
    Женски
    @Mila_Mia

    Домашно крем бруле

    - 3 жолчки
    - 50г шеќер
    - 300мл слатка павлака
    - 1 лажичка екстракт од ванила
    - 4-5 лажички шеќер (за одозгора)

    Жолчките и шеќерот изматете ги кратко со жица. Слатката павлака загрејте до пред зовривање. Тргнете од оган и додавајте ја течноста многу полека и со постојано мешање кај жолчките. Кога се е соединето, процедете ја течноста низ цедалка за да ги отстраните грутките. Потоа додајте ванила и измешајте. Поделете ја смесата во неколку керамички садови. Во поголем сад за печење наполнете жешка вода околу 1-2 цм и наредете ги садовите во водата. Така подготвени, печете ги во загреана рерна на 160 степени околу 40 минути. По печењето оставете ги на собна температура да се оладат, а потоа ставете ги во фрижидер најмалку 2 часа, а најмногу 3-4 дена. Пред послужување поросете 1-1,5 лажичка шеќер и карамелизирајте го со кујнски бренер.

    20220619_130059.jpg
     
    На Mila_Mia и CrazyOne им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.165
    Допаѓања:
    27.295
  15. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    67.991
    Пол:
    Женски
    Па не сум пробала, ама сигурно може. Само ќе биде многу поредок филот и ќе истекува
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    Да не го направи?
     
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.954
    Допаѓања:
    112.182
    Пол:
    Женски
    Истиот ден, ми се погоди, цел го изедоа :D

    Фала @manako1 :hug:
     
    На manako1 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    Со што го полнеше,го киснеше,на колку степени печеше?
    :tmi:
    Не сум правела до сега а го обожавам со праз планирам:)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.047
    Пол:
    Женски
    На здравје, пак да им направиш.
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.954
    Допаѓања:
    112.182
    Пол:
    Женски
    Стасував постапно и кога ќе направев топчиња и кога ќе ги наредев едно врз друго (инаку не се сука, се собира тестото) и кога беше готов, тогаш и повеќе.
    Полнев со сирење и јајца, тоа се јаде само.
    Печев како леб, на 200 некои 10мин, па на 180 15тина минути.

    Туууу заборавив слика да направам, ај наредно (fingers)
     
    На manako1, mal.ecka и eliesaab им се допаѓа ова.