Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    29.347
    Пол:
    Женски
    @mal.ecka дали може рецептот од ѓевречињата? предобро изгледаат:inlove:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.387
    Допаѓања:
    126.545
    Не ме бива за ставање линкови,отвори на you tube брзи турски гевречиња,ачми,ја има цела постапка.
    Јас следен пат би експериментирала,плус маслинки,или сланина па малава со крем бара:D
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    1.410
    Пол:
    Женски
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.149
    Допаѓања:
    7.046
    @Anika55 може ли рецепт од последнава убавина со цреши? :inlove:
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.856
    Пол:
    Женски
    Вишни се :) Повели

    200г брашно
    100г путер (на коцки)
    80г шеќер во прав
    млеко по потреба

    Фил
    4-5 лажици мармалад од вишни
    неколку коцки млечно чоколадо (сецкано)
    200-250г смрзнати вишни
    2 лажици густин
    3 лажици шеќер
    1 јајце (за премачкување)
    малку шеќер во прав

    Измешајте ги брашното со путерот. Втривајте со прсти додека не останат веќе видливи делчиња путер. Додајте го шеќерот и ладно млеко по потреба за да добиете тесто (штом може да се формира топка, готово е). Оставете го тестото завиткано во најлонска фолија во фрижидер најмалку 1 час.
    Вишните во подлабок сад измешајте ги со шеќерот и густинот.
    На хартија за печење расукајте го изладеното тесто во округла кора.
    Доколку има потреба загрејте го мармаладот, за да може да се мачка. Премачкајте го средишниот дел од кората со мармалад. Додајте го чоколадото, а потоа и вишните.
    Затворете ја галетата по рабовите навнатре така да средниот дел остане отворен. Вака спремна оставете ја во фрижидер додека да се загрее рерната.
    Премачкакте ја галетата со јајце и печете во загреана рерна на 180 степени 30-35 минути (додека да добие златна боја).
    Оставете целосно да се олади, а потоа со помош на цедалка проросете шеќер во прав врз целата површина.

    FB_IMG_1674381638082.jpg
    FB_IMG_1674379652612.jpg
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    1.410
    Пол:
    Женски
  7. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.856
    Пол:
    Женски
    300г ореви
    1 лажичка цимет
    100г шеќер
    4 јајца
    1 лажица рендана кора од портокал
    1 лажица ванила арома
    прстофат сол
    100г сецкани урми
    80г темно чоколадо
    4 лажици путер
    1 лажица мед
    ореви за декорација

    Оревите заедно со циметот и половина од шеќерот ги обработуваме во процесор за храна, додека оревите убаво да се сомелат.
    Јајцата ги двоиме, жолчките ги мешаме со жица заедно со ванилата и кората од портокал.
    Белките ги матиме со солта и остатокот од шеќерот во цврст снег. Во изматените белки ги додаваме жолчките и мешаме со лажица. Ги додаваме и урмите, а на крај и мелените ореви. Кога се е убаво измешано ја префрламе смесата во намрсен калап за печење (24цм). Печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути. По печењето го оставаме колачот 10 минути во калапот, а потоа го вадиме и го оставаме целосно да се олади.
    За глазурата, путерот, медот и чоколадото ги додаваме во огноотпорен сад и ги растопуваме на пареа. Оставаме да се олади 20 минути, а потоа го истураме преливот врз колачот. Декорираме со ореви.
     
    На emmat, sunrise_123, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. redmama

    redmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Крокети од компир

    3 големи компири, се ставаат во тенџере да се сварат. Откако ќе се оладат се гмечат и се додава една чаша брашно и сол. Се меси смесата, многу е леплива, затоа по потреба се додава брашно на подлогата., Се меси тесто, се расукува средна дебелина кора ( затоа што ако е преногу дебела, ке изгледаат како леп, а претенки ако се нема да може да се пренесат од подлога кај што се до плех), На намрсен плех се редат коцките и се ставаат на печење, 15тина минути.
     
    На MikicaBt и redmama им се допаѓа ова.
  10. redmama

    redmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Благодарам,:)
     
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.151
    Допаѓања:
    50.529
    Пол:
    Женски
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    25.203
    Пол:
    Машки
  13. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.856
    Пол:
    Женски
    Повелете:

    Колач:
    - 5 јајца
    - 6 лажици шеќер
    - 12 лажици млеко
    - 6 лажици зејтин
    - 6 лажици брашно
    - 2 лажици какао
    - 1 пециво

    Шербет:
    - 250мл вода
    - 6 лажици шеќер

    Прелив:
    - 500мл слатка павлака
    - 300г чокладо
    - 3-4 лажици нутела

    Одвојте ги белките и жолчките. Белките изматете ги со три лажици шеќер во цврст снег.
    Жолчките матете ги 3-4 минути со останатите 3 лажици шеќер. Потоа додајте го млекото, зејтинот, какаото, брашното и пецивото. Изматете добро па додајте го снегот од белки на 2-3 пати и мешајте со лажица. Кога ќе се соедини смесата печете во намрсено тавче (20*30) дваесетина минути на 180 степени. Оставете го колачот целосно да се олади. Потоа измешајте ги водата и шеќерот и зовријте ги. Прелијте го оладениот колач со жежок шербет и оставете повторно да се олади. Чоколадото стопете го со слатката павлака. По желба додајте нутела. Прелијте го колачот и оставете го да се стегне и да впие убаво од шербетот - најдобро преку ноќ. Исечете на коцки и декорирајте по желба

    @staycalm

    20230128_114534.jpg
     
    На emmat, Mother of 2boys, pamelche и 5 други им се допаѓа ова.
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    9.066
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 ,тоа кростата ли е во Фемина Инстаграм?Може рецепт?
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.164
    Пол:
    Женски
    @Anika55 Moze recept za toplo ladno ? :inlove:
     
  16. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.856
    Пол:
    Женски
    @mssuniquee

    Топло ладно колаче :)

    - 3 јајца
    - 2 ванили
    - 200г чоколадо за готвење
    - 200г шеќер во прав
    - 200г брашно
    - 150г путер

    Путерот и чоколадото растопете ги заедно, најдобро на пареа, па оставете ги на страна да се ладат.
    Јајцата матете ги со шеќерот и ванилите 3-4 минути. Потоа додавајте го брашното, лажица по лажица, со постојано матење. Кога ќе се соедини убаво смесата, додајте ги и растопените чоколадо и путер. Треба да бидат топли, не жешки. Додавајте полека, со постојано матење.
    Калапчињата намрсете ги убаво со путер. Нека има видлива количина путер, за да не се лепат. Со лажица додавајте од смесата во секое калапче. Треба да бидат полни малку над половина.
    Рерната нека биде загреана на 250 степени. Печете точно 7 минути без отварање на рерната и извадете ги да се ладат. Послужете ги топли со сладолед по желба. Излегуваат 8-10 поголемки колачиња. Може да се загреваат во микро, а убави се и оладени :)
    ВАЖНО: Рецептов функционира одлично со алуминиумски калапчиња за една употреба (ги има по маркети, јас од веро ги купувам). Еднаш пробав со други калапи (помали), ми се препекоа и внатре не беше течно. Ми излегоа мафини :) Исто така, имајте предвид дека времето на печење може да варира од рерна до рерна.
     
    На buba4e89, mal.ecka и mssuniquee им се допаѓа ова.
  17. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.228
    Допаѓања:
    11.263
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius, CareTee и penelope10 им се допаѓа ова.
  18. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Женски
    И јас сакам и рецепт и adoption. Секоја чест!
     
  19. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.856
    Пол:
    Женски

    Screenshot_20230207_144028_Google.jpg
     
    На Mother of 2boys, Arababy и penelope10 им се допаѓа ова.
  20. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.856
    Пол:
    Женски
    @DaisyDoo @penelope10

    300г кокос
    прстофат сол
    100мл јаворов сируп (може и агаве сируп)
    1 конзерва кокосово млеко (цврстиот дел)
    100г малини (свежи или смрзнати)
    80г кокосово масло
    малку розева боја (по желба)
    чоколадо по избор
    1 лажица кокосово масло

    Кокосот, солта, млекото, јаворовиот сируп, малините и 80г кокосово масло ставете ги во тенџере на оган. Загревајте и мешајте на средна температура, додека не добиете еднолична смеса. Малините може, но не мора претходно да ги одмрзнувате. Со мешањето треба да се разгмечат убаво. Кога смесата е соединета, по желба може да додадете малку розева боја. Јас додадов на врвче на лажичка. Може да се додаде и екстракт од малина.
    Во долгнавест калап (околу 30цм) наместете хартија за печење. Ставете ја смесата во калапот и стиснете ја убаво. Оставете го калапот 2-3 часа во замрзнувач.
    Извадете го калапот и со помош на хартијата извадете ја смесата. Исечете на долгнавести парчиња.
    Јас растопив околу 250г темно и 250г бело чоколадо и ги обложив со по два слоја чоколадо. Доколку не ги сакате толку чоколадести, растопете помала количина чоколадо. Може и да ги мацнете во чоколадо само од една страна. Оставете да се стегне чоколадото, па послужете.

    20220119_132612.jpg
     
    На DaisyDoo, penelope10 и mal.ecka им се допаѓа ова.