Повели: 200г урми, измерени без семки 180мл таан прстофат сол пола лажичка кардамон (по желба) сецкани фстаци (по желба) Додајте ги сите состојки, освен фстаците, во процесор за храна или сецко. Обработете додека да добиете единечна смеса. Ставете ја смесата во помал сад (10x20см) и убаво натапкајте ја. По желба одозгора ставете сецкани фстаци или други јатки и притиснете ги малку. Замрзнете еден час, а потоа исечете парчиња. Чувајте ги во затворен сад во фрижидер. Спојлер
Многу е лесно за правење и повкусно е од што очекував. А и здраво Повели: - 200г путер од кикирики - 1 лажица кокосово масло - 50мл агаве сируп - прстофат сол - 80г корнфлекс - 200г темно чоколадо - 1 лажица кокосово масло Измешајте ги путерот од кикирики со една лажица кокосово масло, прстофат сол и агаве сируп во тенџерче. Загревајте со мешање на средна температура додека се да се соедини па тргнете од оган. Веднаш додајте корнфлекс и измешајте убаво. Сместата натапкајте ја на дното од калапчиња за мафини. Јас користев силиконски (полесно е за вадење после). Ставете ги во замрзнувач саат ипол - два. Чоколадото стопете го со една лажица кокосово масло. Извадете ги колачињата од замрзнувач и обложете ги со чоколадо. Оставете да се стегнат. *наместо агаве може да користите друг течен засладувач по желба (јаворов сируп, мед..) Количината прилагодете ја по вкус. Спојлер
@Acka22 Повели: - 300г варен компир - 100г чоколадо - 100г путер - 100г шеќер во прав - 1 лажица какао - две лажици арома на рум - 300г мелени бисквити - 100г чоколадо - 2 лажици зејтин Компирот додека е врел испасирајте го малку. Додајте ги путерот и чоколадото и мешајте додека да се растопат убаво. Јас измешав со рачен блендер. Потоа додајте ги какаото, шеќерот и румот и измешајте. На крај додајте ги и мелените бисквити и мешајте со лажица или со рака. Оформете две плочки со раце. Чоколадото стопете го со зејтинот и истурете го врз плочките. Оставете на ладно да се стегне убаво, па исечете на парчиња. Спојлер
Може ли рецепт за овие во соодветна тема Аника, кремот одозгоре ми ја зеде свестаама те молам тагирај ме кога ќе го пишеш. Фала
Повели @1209 - 200г ореви - 80г какао - 2 лажички нес кафе - прстофат сол - 300г урми без семки - 200г путер од лешник - 1 лажица ванила арома - 250г чоколадо за готвење - 1 конзерва кокосово млеко - сецкани печени лешници Оревите, какаото, солта и кафето додајте ги во процесор за храна или блендер и обработете додека да се сомелат оревите. Потоа додајте ги урмите, ванилата и путерот од лешник и обработете додека да се соедини смесата. Додајте ја во тавче/сад (20*20цм) обложен со хартија за печење. Измазнете убаво одозгора и оставете да се стегне во фрижидер 2-3 часа. За одозгора, растопете ги чоколадото и кокосовото млеко заедно во тенџерче. Прелијте го колачот со добиениот ганаж и оставете го повторно во фрижидер да се стегне, најмалку 6 часа. По желба, декорирајте со печени лешници. @1209 кремот, како што пишува погоре е само чоколадо за готвење со кокосово млеко. Многу е кремаст и не е премногу благ. Доколу сакаш да биде баш благ, може да додадеш засладувач по желба (шеќер, агаве, мед..) или да користиш млечно чоколадо. Или да бапнеш нутела како што јас првично планирав ама се премислив Спојлер: Лешник браунис
Тесто - 130г мелен овес - 50г мелени бадеми - лажичка цимет - прстофат сол - 2 лажици агаве - 60г кокосово масло (стопено) Фил - 200г смрзнати боровинки - 2,5 лажици чиа семе - 1 лажица лимонов сок - 2-3 лажици агаве Сите состојки за филот, освен чиа семето, додајте ги во тенџерче на оган. Гответе и мешајте додека да се раздробат боровинките. Тргнете од оган и додајте го чиа семето. Измешајте и оставете да се лади. Измешајте ги овесот, бадемите, солта и циметот. Додајте ги агавето и кокосовото масло и измешајте. Формираното тесто оставете го 30тина минути во фрижидер. Оладеното тесто расукајте го во форма на правоаголник и поделете го на два еднакви дела по должина. Долж средината од секој дел, распоредете од филот со боровинки па поклопете го со двата краја од тестото. Потоа свртете го тестото за работ да дојде одоздола. Исечете го на четири еднакви дела. Повторете го истото и со другиот дел од тестото. Распоредете ги колачињата на плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени 20 минути. *Тестото е многу кршливо и тешко за работа. @anggell Спојлер
@pamelche Ова е обична баунти шарено декорирана торта. Бидејќи намената на тортата беше за смаш фотосесија, ставив повеќе шлаг, за да има што да шлапа, шаренилата се направени со истиот шлаг и прехрамбени бои и само со лажица повлечено. Рецепт: https://domacica.com.hr/bounty-torta/
Тесто: 125гр. Путер (можи и маргарин) 3 супени лажици мед 300гр. Бисквити (по можност плазама) 1 мало лажиче какао (јас заборавив ) Фил: 500мл. Хопла 300гр. Крем сирење (несолено) 200гр. Шеќер во прав (јас додадов уште 100гр, оти не ми беше благо ) 200гр. Кокос (1 паковче) 1 мало паковање желатин Фил 2: 100мл. Хопла 50мл. Млеко 150гр. Чоколадо 1 мало пакетче желатин Путерот и медот се топат и во нив се додаваат бисквитите мелени. Целата смеса се меша и се става најдолу во плехче. Се тапка убаво. Хоплата се мати во сад. Во друг сад се меша крем сирењето и шеќерот. Потоа се соединува со хоплата. Желатинот со малку врела вода се тура во сад да се растопи и се додава во хоплата, сето се меша и на крај се додава кокосот. Целата смеса се соединува и се тура врз тестото од бисквити. Во тенџерче се додаваат хоплата, млекото, чоколадото и желатинот, се ставаат на тивок оган да се растопи и соедини целата смеса. На крај се тура врз целата торта и најгоре се посипува со кокос. Се става во фрижидер да стегни.
Готово тесто , ова слично на лиснато е. Се сече на ленти и се става врз нив парче сланина и се виткаат ко спирали. Одозгора се премачкуваат со јајце и се печа отприлика на 160 степени околу 15-20 мин. Мн се вкусно и лесни за праење. Ако имаш ким, сусам или сл. можеш одозгора да наросиш.