Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
  2. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.851
    Пол:
    Женски
    - 300г мелена плазма
    - 120г стопен путер
    - сок од еден портокал

    - 500г маскарпоне (собна температура)
    - 250г слатка павлака
    - 150г шеќер во прав
    - 2 ванили
    - 1 желатин
    - малку вода за желатинот

    Мелените бисквити измешајте ги со путерот и сокот и натапкајте ги во калап за чизкејк (мојот е 23цм).
    Оставете во фрижидер да се стегне.
    Желатинот ставете го во малку вода да набабри.
    Маскарпонето изматете го кратко со шеќерот и ванилите (колку да се спојат). Слатката павлака изматете ја во посебен сад, па додајте ја кај маскарпонето и измешајте со лажица.
    Растопете го желатинот и додајте го и него, па повторно измешајте. Може и со миксер ама многу кратко, да не се премати павлаката и да се направат грутки. Смесата додајте во калапот врз подготвената основа. Оставете во фрижидер најдобро преку ноќ, за да се сече убаво парче.


    За преливот јас користев готов прелив од вишни од кам. Ама можеш и да го направиш, ова е проверен рецепт: 300г смрзнати вишни со шеќер во тенџерче, да се одмрзнат и да повријат 10-15 минути. Додај малку цеден сок од лимон и 2-3 лажици густин. Мешај додека да се спои густинот убаво со смесата и тргни од оган. Кога ќе се олади додај го врз готова торта.


    *место маскарпоне може крем сирење
    *ако сакаш основата да биде покрцкава, не ставај сок од портокал, само путер околу 150г
     
    На CareTee, sani99, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски

    Благодарам , толку многу вкусно изгледа ке пробам да направам .
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.851
    Пол:
    Женски
    Прелесно е и брзо за правење, а вкусот нема да разочара ;)
     
  5. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    1.363
    Може слика од готов прелив од вишни од кам? да го земам и да пробам да направам
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.851
    Пол:
    Женски
    Немам слика, прашај во било кој кам маркет, ќе ти покажат каде стои

    Во пластична кофичка е, има карамел и вишна
     
    На simoncelicius и sani99 им се допаѓа ова.
  7. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    1.363
    Ја најдов инаку 2 ванили се ванилин шеќер или ?
     
  8. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.851
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    @Anika55 Рецепт за вошебната тројна нутела торта молам!:inlove::inlove: Иако гледам со печење е, полесни се тие без ама може да се проба ако не е многу комплицирана за правење.Не ме бива баш баш.:D
     
  10. Peperutka-bt

    Peperutka-bt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    2.098
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не треба да бараме рецепти на @Anika55 за секоја објавена слика, слободно напиши го рецептот во темата за рецепти :) верувам и тебе ќе ти биде полесно а и нас
     
    На CareTee и joy1 им се допаѓа ова.
  11. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.851
    Пол:
    Женски
    Лесно е и ова, иако е со печење :)
    Верувај ми, без проблем ќе го направиш :)

    Повелете:

    За брауни основа:
    - 220г нутела
    - 110г путер
    - 150г шеќер
    - 3 јајца
    - 2 ванили
    - 130г брашно
    - 3 лажици какао
    - прстофат сол

    Нутелата и путерот растопете ги на пареа и оставете ги да се ладат.
    Јајцата матете ги со ванилите и шеќерот 3-4 минути. Додајте ги брашното, какаото и солта и изматете. Додајте ги оладените нутела и путер изматете уште еднаш. Смесата префрлете ја во убаво намрсен калап за печење (24цм). Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. По печењето, оставете да се олади целосно.

    За нутела мус:
    - 2 лажички желатин
    - 4 лажици вода
    - 220г нутела
    - 350мл слатка павлака
    - прстофат сол

    Желатинот измешајте го со водата и оставете го да набабри.
    Нутелата ставете ја во тенџерче на оган, заедно со 100мл слатка павлака. Гответе со мешање, додека нутелата целосно се растопи. Тргнете од оган, додајте го желатинот и измешајте добро за да се растопи. Оставете да се олади на собна температура, со повремено мешање.
    Во посебен сад изматете ја останатата слатка павлака. Додајте ја солта и изматената слатка павлака кај оладената нутела, дел по дел и мешајте со лажица. Додајте ја добиената смеса врз оладениот брауни колач, израмнете убаво и оставете во фрижидер.

    За прелив:
    - 300г нутела
    - 120мл слатка павлака

    Растопете ги заедно во тенџерче. Оставете го преливот десетина минути да се лади, истурете во калапот.

    Тортата треба да отстои во фрижидер најмалку 6 часа за да се сече убаво. Јас секогаш оставам преку ноќ.
     
    Последна измена: 3 март 2023
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Berguzar

    Berguzar Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    7.651
    Рецепт и постапка ако може за тестото :)
     
    На simoncelicius и Peperutka-bt им се допаѓа ова.
  13. Löwenzahn

    Löwenzahn Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    637
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Peperutka-bt

    Peperutka-bt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    2.098
    Пол:
    Женски

    Пред време се спрема ама не е тешко. Јас правев со обично брашно
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.151
    Допаѓања:
    50.529
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    167.890
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    9.469
    Потребно за бисквитниот дел: 4 јајца, 12 лажици шеќер, пола маргарин, 100 гр. чоколадо за готвење, една шолја сечкани ореви, 22 кршени и 22 мелени бисквити.
    Потребно за ганаш: 500 гр. слатка павлака и 300 гр. чоколадо за готвење.
    Подготовка:
    Во сад на оган додајте ги јајцата шеќерот, чоколадото, маргаринот какао и мешајте со лажица додека не се растопат.Остранете го садот од оган и во смесата додајте ги бисквитите и оревите.Смесата префрлете ја во калап за торта, со дијаметар од 22 см, обложен со хартија за печење и со помош на лажица измазнете ја на површината. Бисквитот ставете го да се лади во фрижидер околу пола час.Во меѓувреме спремајте го ганашот од чоколадо. Во сад на оган додадете ја слатката павлака и кога ќе зоврие отстранете ја од оганот и додајте им го ситно сечканото чоколадо.Кога ганашот ке биде оладен додајте го врз веќе оладениот бисквит. Оставете да се олади тортата два до три часа пред сечење.
     
  18. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    15.464
    На германски е рецептот ама нема проблем за да се разбере, се е јасно од видеото. Инаку да, преПревкусна е. :inlove:
     
    На simoncelicius и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    167.890
    Пол:
    Женски
    Викендов еден ден ова ќе прам еден ден чорба со печурки. :l: Фала!
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.755
    Пол:
    Женски
    На Dancewere му/ѝ се допаѓа ова.