Чизкејк со чоколадо и јагоди Основа 220г мелени колачиња 100г растопен путер Фил 700г крем сирење (собна температура) 300г шеќер 2 ванили 4 јајца 100г кисела павлака 200г смрзнати јагоди (одмрзнати) 1 лажичка екстракт од јагоди 80г чоколадо за готвење (растопено) 2 лажици како Прелив 100г млечно чоколадо 50мл слатка павлака Мелените колачиња измешајте ги со стопениот путер и натапкајте ги во калап за чизкејк (23цм). Печете во загреана рерна на 160 степени, 15 минути. Крем сирењето изматете го со шеќерот и ванилите. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно. Додајте ја и киселата павлака и измешајте убаво. Поделете го филот на два еднакви дела. Јагодите изблендирајте ги и додајте ги во едниот дел. Додајте го и екстрактот од јагоди. По желба може да додадете и боја, јас не ставив. Чоколадото стопете го и додајте го во другиот дел од филот. Измешајте добро. Калапот, со печената основа, убаво обложете го со алуминиумска фолија. Ќе се пече во вода, па затоа треба да е убаво заштитен да не влезе од водата во калапот. Колку повеќе слоеви фолија, толку подобро. Додајте го прво чоколадниот фил во калапот и израмнете. Потоа внимателно додајте го и филот со јагоди. Ставете го калапот во малку поголем сад за печење. Наполнете го поголемиот сад со врела вода. Калапот треба да биде до 2-3 цм во вода. Печете во загреана рерна на 160 степени 80-90 минути. Готов е кога ќе го помрднете калапот, тортата треба да се затресе во средината, а да не мрда од страните. Оставете го чизкејкот да се олади на собна температура. Стопете го млечното чоколадо со слатката павлака и истурете ги врз тортата. Оставете во фрижидер неколку часа или најдобро преку ноќ
@Doktor F Да, посна тава, измислен рецепт според тоа што имам дома и при рака. Намирници: Шампињони, модар патлиџан, црвена пиперка, доматно пире, црвен пипер, сол. шампињоните и модриот патлиџан и пиперката ги исечкав, пиперката ептен ситно исечкана, сето тоа во тава за печење со доматно пире, малку вода (еден прст да се наполни тавата) и сол. Откако спласнаа и се смалија модриот патлиџан и шампињоните, извадив, промешав и додадов малку црвен пипер и брашно ( измешано со многу малку вода) за да се сосне, бидејќи беше ммогу водлесто,сето тоа пак на печење, додека не доби убава густина. Печев на 180 степени, се на се околу 30-40 минути. Мерки не би знаела да кажам, што колку имав ставав. Мене ми беше превкусно. Пс. Заборавив да спомнам има и лукче, посебен шмек дава.
Се рендаат две тиквички, им се става сол и треба да стојат во цедалка еден час за да ја пуштат водата. Потоа се прави смеса од сецкан кромид, 2 чешниња лук, зачин и лебни трошки. Па, ренданите тиквички се стискаат со рака за да излезе уште вода од нив. И ренданите тиквички се ставаат во подготвената смеса, па во тоа се додава јајце. И се обликуваат ќофтиња.
Основа: - 300г ореви - 100г овес - 12-15 урми (зависи од тоа колку се големи и сочни) - 3 лажици какао - 4 лажици стопено кокосово масло - прстофат сол Сите состојки обработете ги во процесор (или блендер, сецко). Најдобро е прво да ги сомелете оревите и овесот па да ги додадете останатите состојки и да обработите до соединување. Натапкајте ја смесата во калап за тарт и печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Оставете да се олади целосно. Фил - 300г смрзнати боровинки - 1 конзерва кокосово млеко - 250мл бадемово или овесно млеко - 80мл агаве сируп - 2 лажици густин - 3 лажички агар агар - ванила арома по желба Сите состојки ставете ги во тенџерче на оган. Оставете да зоврие, а потоа намалете и гответе уште 2-3 минути со мешање. Тргнете од оган и обработете во блендер. Јас користев рачен блендер. Потоа смесата поминете ја низ цедалка за да ги отстраните сите грутчиња и лушпи од боровинките. Истурете го филот врз оладената основа и оставете во фрижидер преку ноќ. Спојлер
Повели Основа 150г овесни снегулки 80г бадеми 5 лажици растопено кокосово масло 2 лажици агаве сируп Фил 200г индиски ореви (омекнати во вода преку ноќ) 200г кокосов крем (цврстиот дел) 6 лажици агаве сируп 2 лажици сок од лимон 4 лажици растопено кокосово масло 2 лажици растопен какао путер 1 лажичка ванила 2-3 лажички мача 150-200г свежи малини Декорација малку мача во прав (за поросување) свежи малини неколку листови свежо нане Овесните снегулки и бадемите ги обработуваме во процесор, додека да се иситнат убаво, а потоа додаваме агаве сируп и растопено кокосово масло. Мешаме се убаво и потоа смесата ја натапкуваме на дното на калап за чизкејк (20цм). Го оставаме калапот во фрижидер. Во блендер ги обработуваме сите состојки за филот освен мачата и малините. Блендаме додека не добиеме целосно изедначена и кремаста смеса. Половина од филот го истураме во сад и го тргаме настрана, а во остатокот од филот во блендерот ги додаваме малините. Блендаме до соединување, а добиената смеса ја истураме во калапот врз основата. Оставаме во фрижидер барем еден час. Во другиот дел од филот ја додаваме мачата и мешаме убаво. Го додаваме филот со мача во калапот и оставаме во фрижидер преку ноќ. Предлог декорација: мала количина мача која ја поросуваме со помош на цедалка, неколку свежи малини и листови свежо нане. *Наместо агаве сируп може да се користи јаворов сируп. Количините можат да се прилагодат по вкус. *кокосовиот крем треба да биде отстојан во фрижидер најмалку 12 часа пред употреба. Доколку не ти се допаѓа вкусот на мача, може да се изостави целосно од рецептот Спојлер
Ти благодарам. Повели рецептот, прелесна е за правење и е crowd-pleaser 300г мелени бисквити 150г стопен путер 500мл млеко 4 жолчки 4 лажици шеќер 4 лажици густин 1 кесичка ванилин шеќер 200+300мл слатка павлака 2-3 банани Мелените бисквити ги мешаме со стопениот путер и ги натапкуваме во калап за тарт. Ставаме во фрижидер. Ставаме 400мл млеко во тенџере на оган да зоврие. Жолчките ги мешаме посебно со шеќерот, густинот, ванилата и останатото млеко (100мл). Мешаме убаво и смесата ја додаваме во зовриеното млеко. Вариме со постојано мешање додека да згусне. Го тргаме кремот на страна и го оставаме да се олади целосно. Посебно матиме 200мл слатка павлака и ја додаваме во оладениот крем. Бананите ги сечеме на кругови. Го вадиме калапот од фрижидер и врз основата ги редиме бананите. Врз нив го додаваме кремот. Декорираме со 300мл матена слатка павлака, парчиња банани и мелени бисквити. Спојлер
И ежина 500гр. Брашно 2 филџани масло 2 филџани гриз 2 филџани млака вода 1 квасец 1 пециво Ореви (колку сакаш ) Цела смеса се замесува и се дели на два дела. Во едниот дел се тура 1 лајче какао, другиот останува како што е. Двата дела се сучат посебно. Тестата се ставаат едно врз друго и се наросуваат со сецкани ореви. Се прави ролат и се сечат парчина. Се редат во подмачкан плех. Се печат на 180°. Шербет: 1кг. Шеќер 800мл. Вода 1 ванила Откако ке зоврија шербетот, се потура млак, никако врел.
Епа не е ок ова со дм. Еве и мене ме интересираше рецептот. Темава е да се делат рецептите ТУКА а не по пораки. @Anika55 рецепт за плавата торта со спирулина? Каков е вкусот?