Орео основата е најблагиот дел, а доминира киселкавиот дел со зелен лимон. Би рекла не е за сечиј вкус. Сината спирулина многу гадно мириса, ама во десерти јас не ја осеќам. Повели рецепт Основа - 300г мелени орео колачиња (без крем) - 150г стопено кокосово масло Фил со зелен лимон - 300г кокосово млеко (само цврстиот дел) - 60мл агаве сируп - сок од 2 зелени лимони - 1 лажичка агар агар Син фил - 1 лажица сина спирулина - 300г кокосово млеко (само цврстиот дел) - 1 лажичка агар агар - 50мл агаве сируп - 1 лажица ванила арома За основата, измешајте ги Мелените орео колачиња со кокосовото масло и натапкајте ја смесата во калап за тарт. Оставете во фрижидер да се стегне. За првиот фил, додадете кокосово млеко и агар агар во тенџерче на оган. Оставете да зоврие и гответе уште минута-две со мешање. Тргнете од оган и додајте агаве сируп и сок од зелен лимон. Измешајте и оставете да се олади малку, па додајте врз подготвената основа. Оставете во фрижидер околу 1 час. За вториот фил, спирулината измешајте ја со 3- 4 лажици ладна вода да се раствори. Додајте кокосово млеко и агар агар во тенџере на оган, оставете да зоврие и гответе уште минута-две. Тргнете од оган и додајте агаве сируп, ванила и растворената спирулина. Измешајте добро, оставете да се олади кратко и истурете врз првиот фил. Оставете во фрижидер уште најмалку 2 часа.
260гр јатки по избор(мелени или сецкани) 150гр урми 65гр путер од кикирики 1 лажичка екстракт од ванила 1/4 лажичка сол За чоколадирање 55гр темно чоколадо 1/2 лажица кокосово масло Се ставаат состојките во блендер ако е јак, ако не се сецкаат најситно урмите, се мелат или сецкаат јаките (јас правев со ореви) се додаваат останатите состојки и се замесува смесата. Ако е сува се додава вода, една по една лажица (јас додадов 2), се става во калап и се остава да се излади и стврдне. На пареа се топи чоколадото со кокосово масло и се полева смесата и пак се лади. На крај се сечка на штанглици или коцки.
Оцетот мислам дека игра улога во нараснување на колачот. Да сум пробала со и без, па да направам разлика, не сум. Јас обично не го прескокнувам. Мојата логика е дека некој го составил рецептот вака со причина, кога веќе го правам сакам да го извлечам најдоброто
4 јајца се матат со миксер со пола лажичка сол, се додава 1 чаша од 200мл масло, 1 чаша кисело млеко, 2лажици ајвар и 2 лажици кечап. Се сецкаат 200 гр кашкавал, 200гр шунка, 5-6 кисели краставички и се додаваат со мешање со лажица и на крај се ставаат 3 чаши брашно и 1 пециво па се поросува со сусам. Се става во калап за мафини и се пече на 200 степени. Излегува доста голема количина од цела доза (повеќе од 24 мафини) и нараснуваат убаво,
https://www.instagram.com/p/CoASZqTrVFX/?igshid=YmMyMTA2M2Y= Само јас наместо обично чоколадо, ставив со 90% какао и наместо мед, сируп од урми.
Основа - 300г мелени бисквити - 150г стопен путер Овошен фил - 500г смрзнати јагоди - 5-6 лажици шеќер - 1 желатин Бел фил - 250г крем сирење - 200мл слатка павлака - 150г шеќер во прав - 1 желатин - 1 ванилин шеќер Прелив - 150г чоколадо - 80мл слатка павлака Бисквитите измешајте ги со путерот и додајте ги во калап за чизкејк. Оставете во фрижидер. Желатинот измешајте го со 4 лажици вода да набабри. Јагодите и шеќерот ставете ги во тенџере на оган да вријат 10тина минути. Измиксајте со рачен блендер. Додајте го желатинот и измешајте убаво да се растопи. Истурете го филот со јагоди врз подготвената основа. Оставете во фрижидер барем 1 час. Желатинот оатавете го со 4 лажици вода да набабри. Потоа растопете го во микро или на рингла. Крем сирењето изматете го со шеќерот во прав и ванилата. Посебно изматете ја слатката павлака, па додајте ја кај крем сирењето. Додајте го и стопениот желатин. Измешајте убаво, додајте го филот во калапот и израмнете. Чоколадото стопете го со слатката павлака и додајте го одозгора. Спојлер
- 150г брашно - 30г какао - пола лажичка сода - пола лажичка пециво - прстофат сол - 150г шеќер - 1 ванилин шеќер - 1 јајце - 60г путер (стопен) - 100г кисела павлака - 120 мл нескафе - 60г омекнат путер - 90г шеќер во прав - ванила арома - прстофат сол - 100г темно чоколадо (стопено) - 30г кисела павлака - 30мл млеко Брашното, какаото, пецивото и содата просејте ги во подлабок сад. Додајте ги ванилата и шеќерот и измешајте убаво. Посебно измешајте ги јајцето, павлаката и путерот со жица. Додавајте ги сувите состојки и кафето дел по дел кај јајцата и путерот. Кога се ќе биде убаво измешано, истурете ја смесата во намрсен калап за печење (23цм). Печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути. Печениот колач оставете го целосно да се олади. За кремот, изматете го путерот со шеќерот во прав. Додајте ванила и сол, а потоа и чоколадото. На крај додајте ги павлаката и млекото. Премачкајте го кремот врз оладениот колач. Спојлер
@Anika55 кога ќе имаш време јас дакам рецепт за тортата со фстак и бело чоколадо, ми се ближи роденден и тортава ми остана во мисла. Фала ти.
И со право, многу е вкусна - 250г мелена плазма - 80г стопен путер - сок од 1 портокал - 300г смрзнати малини - 5-6 лажици шеќер - 1 желатин - 500г маскарпоне - 300г крем од ф'стак - 200мл слатка павлака - 50 - 100г шеќер во прав - 1 желатин - 100г бело чоколадо - околу 80мл слатка павлака Мелените бисквити измешајте ги со путерот и сокот од портокал. Натапкајте во калап за чизкејк (23-24цм). Ставете во фрижидер. Желатинот нека набабри со 4-5 лажици вода. Малините заедно со шеќерот и малку водичка ставете ги во тенџерче на оган. Нека вријат 10тина минути. Изблендајте со рачен блендер па додајте го набабрениот желатин и тргнете од оган. Убаво измешајте да се стопи желатинот. Јас го поминав филот низ цедалка за да ги отстранам семчињата од малините. Доколку не ви сметаат, прескокнете го овој чекор. Оставете да се олади едно пола саат, па додајте врз подготвената основа. Нека стои во фрижидер најмалку 1 час. Желатинот оставете го да набабри со 4-5 лажици ладна вода. Маскарпонето изматете го со шеќерот во прав. Додајте го кремот од ф'стак и изматете. Стопете го желатинот во микро и додајте го во филот. Изматете уште еднаш убаво. Слатката павлака изматете ја посебно, па додајте ја кај маскарпонето и измешајте убаво. Додајте го филот во калапот и израмнете. Чоколадото стопете го со слатката павлака и додајте врз филот. Оставете во фрижидер преку ноќ и декорирајте по желба. *Може да се направи и со крем сирење ама со маскарпоне е далеку покремаста и повкусна (според мене). (Сакам да напоменам дека има едно "посно" маскарпоне низ маркетиве, тоа НЕ препорачувам. Еднаш купив и го фрлив. Нема врска со маскарпоне и има лош вкус). *Количината на шеќер во прав зависи колку е благ кремот од ф'стак што ќе се користи. *За основата, мене комбинацијата со сок од портокал ми е најдобра. Се добива мека основа. Ако сакаш да биде покрцкава, стави само 125г путер и печи ја 15 минути на 180 степени. *Кај мојата торта, вкусот на ф'стак не беше толку изразен. Кога би ја правела пак, би додала и малку ситно сецкани печени ф'стаци во филот