Повели https://www.instagram.com/p/CUkWtmXMfvY/?igshid=YmMyMTA2M2Y= https://www.instagram.com/reel/Cp2Vqufj_EC/?igshid=YmMyMTA2M2Y= Ако немаш инста, кажи, ќе направам скриншот.
Нема некој посебен рецепт кај моето хахаха. Готово тесто за пица, го премачкуваш со путер и доматен сос, ставаш сусам на краевите, рендан едамер кашкавал, врз него пилешка шунка, пикник чајна, најгоре шампињони и секако оригано Ја печев 10 минути на 200 степени.
Жени ајде споделете убав испробан рецепт за ѓумбир колачиња или путер колачиња, ке ми треба за роденденот на малата. Фала од напред
Јас сите родендени со овој рецепт ги истерав https://moirecepti.mk/post/деликатно-ѕ-рецептот-од-стариот-тефте не ставам маргарин, туку путер. Еве и слика од некој роденден
Рецептов е од @Annath, јас за стапалки го правев и другарки го преземаа. Лесен е, а колачињата се превкусн, се топат во уста
@Мравојад Печени се, да. Повели линк со рецепт: За фростингот измешав чаша ипол шеќер во прав, една лажичка арома на малина, малку розева боја и 3-5 лажици млеко. Млекото е по потреба, се додава постепено додека да се добие посакуваната густина. Сакам да напоменам дека крофните беа многу благи според мене, следен пат би ставила или само малку шеќер или само мед
Шампињони свежи, ги миам и сецкам на 2 или 3 дела, од зачини ставам вегета, буковец, бибер, оригано и на крај ги преливам со малце масло. Ги оставам да одстојат што повеќе, по можност една ноќ(или минимум 2-3 часа) и потоа ги пржам.
Доколку си љубител на овој тип на десерти, овој ептен ќе ти се допадне. Ароматичен, мек и вкусен Повели рецепт: 1 портокал 1 лимон 100г брашно 200г бадемово брашно (или мелени бадеми) 1 лажица пециво 4 јајца прстофат сол 180г шеќер 100мл маслиново масло 50г мармалад од кајсии малку шеќер во прав Портокалот и лимонот ставете ги во тенџере со вода (да бидат покриени со вода). Кога ќе зоврие водата намалете на пониска температура и гответе околу 30 минути. Извадете ги од водата и ставете ги да се оладат. Кога ќе се оладат исечете ги на половинки, отстранете ги семките и обработете ги во процесор за храна или блендер (целосно, сосе кора) да добиете пире. Брашното измешајте го со бадемовото брашно и пецивото. Јајцата изматете ги со солта и шеќерот. Кога ќе станат пенести додавајте ја мешавината од брашно и пециво дел по дел. Потоа додајте го и маслиновото масло, а на крај и пирето од лимон и портокал. Измешајте добро. Истурете ја смесата во калап за печење (24цм). Печете во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Кога е печен колачот оставете го 10 минути, а потоа извадете го од калапот. Премачкајте го со мармалад додека е топол. Оставете да се олади, а потоа поросете со шеќер во прав. Спојлер