Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    2.702
    Пол:
    Женски
    @cool рецептот е од око, но ќе ти пишам што ставив
    Околу 400 грама овесни снегулки мелени во блендер, да дојдат како брашно.
    2 цедени помали портокали
    2 мали лажички кокосово масло
    40 гр црно чоколадо 80%
    5 лажици маџун помешано со 3 лажици интегрален таан
    1 филџан од браво кафе вода
    150гр ореви
    100 гр суви кајсии
    50 гр сува брусница
    5-6 свежи урми
    5-6 мали лажички какао
    Кокос за валкање

    Најпрво ги мелам овесните снегулки како брашно, ги додавам исецканите суви кајсии, брусници, и излупените и исецкани урми, потоа ги додавам и исецканите ореви.
    На страна во ѓезве додавам 1 филџан од браво кафе вода, во него го додавам какото и 40 гр црно чоколадо.
    Откако ќе се свари какаото го оставам да се излади, кога ќе е топло, не жешко го додавам кокосовото масло.
    Додека се вари какаото ги цедам портокалите и ги додавам во смесата со овесните снегулки, ги додавам и маџунот и интегралниот таан па и оладенето какао.
    Се замесува тесто да биде компактно, по потреба може да се додадат и овесни снегулки во зависност од тестото.
    Се формираат топчиња и може да ги валкате во што сакате, мелени ореви, кокос, да ги чрелиете со црно чоколадо.
    П. С. Минатиот пат ги правев со интегрален двопек, и така беа убави.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    На Anika55 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    60.822
    Пол:
    Женски
    Благодарам :f:
    Повели рецепт:

    https://mymilicake.com/torta-bella/

    20230407_121503.jpg
     
    На CareTee, sweet-cherry и Евроазија им се допаѓа ова.
  4. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.401
    Допаѓања:
    8.417
    Пол:
    Женски
    Може рецепт?

    Може рецепт за панцеротите?

    И за перничињата?
     
    На mal.ecka и Natali.3 им се допаѓа ова.
  5. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Исто е тестото и за панцеротите и за перничината.

    1кг брашно, 1 сув квасец, 1к.л. сол, 2к.л. шеќер, малку масло, вода по потреба (по можност млака да е водата).
    Сувите состојки се мешаат, се додава маслото и вода по потреба. Се замесува и се остава додека да накрени.

    За панцеротите делам топчина, ги расукувам и ги полнам со пица фил. Ги премачкувам со жолчка и малку наросувам оригано.

    За перничината, тестото го делам на два дела, секој дел го расукувам и го делам на половина по должина. Се филова, се витка и се сечи на парчина. Премачкувам со јајце и наросувам со оригано/сусам.
     
    На mal.ecka и oblace1 им се допаѓа ова.
  6. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    60.822
    Пол:
    Женски
    @oblace1

    Чоколадна тортичка од микро ❤️

    - 120г брашно
    - 130г шеќер
    - 60г какао
    - 2 лажички пециво
    - 90г зејтин
    - 380мл топла вода

    - 150г чоколадо
    - 150мл слатка павлака

    Брашното, какаото и пецивото просејте ги. Додајте го шеќерот и измешајте добро. Потоа додајте ги зејтинот и водата. Измешајте убаво со жица и истурете ја смесата во сад соодветен за во микро. Јас користев силиконски сад (26цм). Го ставив на 450w околу 6 минути (со паузи). Треба да не се гледа течност на површината и со чепкалка да излезат неколку влажни трошки. Ова треба од око да се погоди, за да не биде препечен или недопечен. Треба да се олади целосно во садот, па да се извади на чинија. Чоколадото стопете го со слатката павлака (минута-две на 600w). Па истурете врз тортата. Пријатно сум изненадена од резулатот. Сум правела чоколаден колач со путер, со јајца, прелиен со шербет и не бил толку сочен и вкусен. Се топи во уста.
    Не е многу благ, може да се полие со нутела наместо чоколадо или да се стави повеќе шеќер.

    20230330_151305.jpg
     
    На Freckles. и oblace1 им се допаѓа ова.
  7. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.180
    Дали се користи слатка павлака или шлаг во прашок за во филовите? Или за, загревање се користи слатка павлака, а после за матење е шлаг?
     
  9. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    60.822
    Пол:
    Женски
    Користев само слатка павлака. Во рецептот шлагот е течен, како слатка павлака. Претпоставувам конкретниот и е спонзор. Функционира со било која слатка павлака. Со шлаг во прав не верувам.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    8.555
    Пол:
    Женски
    @theowndemon аподели рецепт од палачинките на другарка ти.
    Баш fluffy изгледаат.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    167.872
    Пол:
    Женски
    Прашано. :D
     
  12. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    60.822
    Пол:
    Женски
    @resenska
     
    На resenska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    14.355
    Пол:
    Женски
    Fala mnogu pozz❤️
     
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Овие за декорација, каде ги има?
     
  15. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    60.822
    Пол:
    Женски
    Domato.mk или eatalian.mk
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    283
    На Pacifist му/ѝ се допаѓа ова.
  17. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    1.699
    Пол:
    Женски
    На Pacifist и Natali.3 им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    39.206
    Пол:
    Женски
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    60.822
    Пол:
    Женски
    Повели:

    - 200г чоколадо за готвење
    - 1 лажичка кокосово масло
    - 100г експандиран ориз

    Чоколадото и кокосовото масло стопете ги на пареа. Додајте го оризот и измешајте добро. Ставете ја смесата во калап за торта. Јас користев 23цм. Притиснете со лажица и израмнете. Оставете го калапот во фрижидер.

    - 500г маскарпоне
    - 200мл слатка павлака
    - 80г шеќер во прав
    - 1 ванилин шеќер
    - 1 желатин

    Маскарпонето изматете го со шеќерот и ванилата. Посебно изматете ја слатката павлака па додајте ја кај маскарпонето. Измешајте убаво. Желатинот оставете го да набабри со 4 лажици ладна вода, па стопете го во микро. Додајте го во смесата и измешајте убаво уште еднаш. Додајте во калапот и израмнете. Оставете во фрижидер преку ноќ и декорорајте по желба. Јас искршив Kinder Country чоколатца за декорација.

    Оризот кога го измешав со чоколадото ми идеше така со лажица да го сркам.
    Да напоменам дека малку потешко се сече парче, бидејќи убаво се стврднува долниот дел :)

    20230429_090632.jpg
     
    На Pacifist, mal.ecka и Angie1432 им се допаѓа ова.
  20. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.755
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol
    Рецепт за питата ако може?
    Преубаво изгледа :inlove:
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.