Како ги правиш компирчињата? Баш како по рестораните што ги служат. Ова просото и на двете е по ист рецепт ? Како го подготвуваш? Обавезно да споделиш рецепт. Овие изгледаат како купени, пресочни. Пиши ни рецепт. Рецепт од сите сакам Како е можно никој да не побарал рецепт до сега? Какви сирење употребуваш? Изгледа како да е младо/нискомаслено.
Да, по ист рецепт е. Варам околу 3-4 супени лажици просо, на страна запржувам мешан зеленчук (овде имам користено македонски микс од кам), и потоа го додавам просото во тавчето со зеленчук. Од зачини користев сол, малку црн пипер и кари. На крај додавам цеден лимон дека ептен ми дава убав вкус, ама тоа е ствар на вкус, можеш но и не мораш да додадеш.
Многу лесна тортичка за правење. Повели: 250г брашно 250г шеќер 2 лажички пециво 1 лажичка сода бикарбона 60г какао 2 јајца 120мл млеко 60мл зејтин 2 лажички нес кафе растворени во 60мл жешка вода 100г чоколадо за готвење 100г млечно чоколадо 120мл слатка павлака Во подлабок сад се мешаат сите суви состојки. Брашното и какаото е пожелно да се просеат пред употреба. Во друг длабок сад се мешаат течните состојки. Сувите состојки дел по дел се додаваат во течните и се мати со миксер додека да се добие изедначена смеса без грутки. Тестото се истура во намрсен сад (јас користев 28цм) и се пече на 180 степени околу 40 минути, зависно од рерната. Колачот се остава да се олади целосно пред да се филува. Чоколадото (двата вида) се растопува со слатката павлака. Смесата се остава да се излади барем 20 минути, па се премачкува врз оладениот колач. Декорирајте по желба. Спојлер
Топло ладно со ф' стак 100 г бело чоколадо 100г крем од ф'стаци 20г путер 2 јајца 2 лажици шеќер 90г брашно Белото чоколадо растопете го на пареа заедно со кремот од ф'стаци и путерот. Оставете ја смесата да се лади 10-15 минути. Јајцата матете ги со шеќерот 3-4 минути. Додајте ја оладената смеса од чоколадо и крем и изматете убаво. На крај додајте го и брашното (просеано) и измешајте убаво со лажица. Во оригиналниот рецепт печењето беше во керамички садови, 18-19 минути на 190 степени. Јас печев според мојот испробан рецепт, во алуминиумски калапчиња (тие што се за една употреба), убаво намрсени со путер, на 250 степени, 7-8 минути. Може да потемнат малку повеќе одозгора ама не менува во вкусот. И комбинацијата со смрзнати малини наместо сладолед одлично се вклопи. Од оваа доза ми излегоа 4 колачиња. Спојлер
Домаќинки, дали можам наместо слатка павлака да употребам неутрална павлака(павлака за готвење конкретно) за десерт? Значи не треба да се мати за да стане како шлаг туку треба стоплена да се измеша со стопено чоколадо.. Би можело? И дали да додадам шеќер зашто не е слатка?
Го направив сорбето, место малини ставив јагоди смрзнати, многу малку мед и крем од кокос, преееубаво искочи, одма го изедоа, не успеав ни да сликам Следниот пат ќе ставам и мартини за 18+
На здравје нека ви е Најдобро е кога се јаде одма. Не ми се свиѓа што премногу се стврднува во замрзнувач и треба долго да го чекам да омекне. Инаку за мене е најдобро летно освежување (после лубеница). Има во кутии во кам од јагода и манго, домашното е секако поубаво, ама и тоа е добро Супер идеја за со мартини