Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    59.373
    Пол:
    Женски
    Повели :)

    Основа:
    - 250 г мелени бадеми
    - 3 лажици мед (може агаве или јаворов сируп)
    - 1/4 лажичка сол

    Карамел:
    - 150г путер од индиски ореви
    - 3 лажици јаворов сируп (може мед или агаве)
    - 1/4 лажичка сол

    Прелив:
    - 150г темно чоколадо
    - 1 лажица кокосово масло

    Состојките за основата измешајте ги и додајте ги во долгнавест калап (20цм) обложен со хартија за печење. Израмнете убаво и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути. Оставете да се олади целосно.

    За карамелата, измешајте ги сите состојки и загревајте гу во микро или на рингла додека смеата да стане течна или лесно да се размачкува. Потоа додајте ја врз основата и израмнете. Оставете да се олади малку, па ставете го калапот во замрзнувач да се стегне. Јас го оставив околу 2 часа. Растопете го чоколадото со кокосовото масло. Извадете го од калапот со помош на хартијата за печење и исечете штангли. Секоја штанлга обложете ја со чоколадо. Оставете во фрижидер додека да се стегне чоколадото.
    20230626_114950.jpg
     
    На Pacifist, simoncelicius, Celltica и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.854
    На Pacifist и Anika55 им се допаѓа ова.
  3. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.107
    Пол:
    Женски
    Мислењето над твоето. 8-|
    И јас по твиксот идев.
     
    На Anika55 и Celltica им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.854
    Еј фалаaaa.
    Извинете не приметив дека друго мислење е цитирано, не ни прочитав.
    @Anika55
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    @Srckata28 може ли рецепт од колачот со лимон и боровница?
     
    На oblace1 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  6. redmama

    redmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    На Pacifist и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Можее.

    Ова е оргиналниот рецепт:
    https://www.savvysavingcouple.net/blueberry-lemon-pound-cake/

    Ова се моите преводи во грамажа и како јас НЕ го следев рецептот :D :

    200г шеќер
    120г путер
    1 голема лажичка рендана кора од лимон (јас купив веќе рендана сува кора во кесичка)
    2 големи лажички сок од лимон
    2 големи јајца (јас ставив 2 средни јајца + уште една жолчка)
    190г брашно
    120мл млеко 3,5% масно
    1 кафена лажичка прашок за пециво
    Прстофат сол
    Една шолја боровници

    1. Матиш со миксер путер и шеќер, околу 4 минути на средна брзина. Јас немав миксер, само мешав минута со лажица.
    2. Додаваш јајца, сокот од лимон, кората, потоа постепено брашно, прашок за пециво, сол и на крај млекото.
    3. Додаваш боровници и промешаш колку да се распоредат.
    4. Ставиш хартија за печење на такво loaf тавче, ставаш смеса, одозгора уште некоја боровинка за поубав изглед и печеш на 180 степени, 55-60 минути.

    Така пишува во рецептот, меѓутоа јас печев 40 минути на 175 степени и дури тоа премногу беше, така да многу зависи од тавче и рерна, проверувај на изглед и со вилушка редовно.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.525
    Допаѓања:
    106.055
    Пол:
    Женски

    Да секако. :) Три галети ги рониш убсво со раце, се ставаат две лажици путер од кикирики и 1 мед (ако сакаш за поблаго додади повеќе мед) , ванила во прав и се се меша. Се става во калап по желба и се става во фрижидер да се стегне. Кога ќе се стегне се става растопено чоколадо и пак се остава во фрижидер. Многу е лесно за правење и вкусно :)
     
    На mal.ecka и redmama им се допаѓа ова.
  9. redmama

    redmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Благодарам
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.484
    Допаѓања:
    165.876
    Пол:
    Женски
    Wdym не е фотогенично???? Прво мислев дека е нешто пилешко во сос и бев ко ok pass. И после прочитав и глад осетив. Те молам рецепт. Вака компир немам јадено.

    И ова ме огладна.
     
    На Pacifist и Anika55 им се допаѓа ова.
  11. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    Ова ми е едно од омилените јадења, ама на слика личи како шлакатарник :D
    Го најдов на блогот ситно сецкано, оригиналното јадење е со пилешко и компир, ама јас место месо печурки ставам.
    Се испраксирав скрос и ова е кратката верзија, за подолга ѕирни на блогот (не не мој блогот :D)

    Ова е за 2ца 3ца, од око готвам.
    Свежи шампињони околу 300 грама ги сецкам на пола и ги ставам да се продинстаат со малку вода, после и печурките сами ќе пуштат вода. Во меѓувреме сецкам на коцки средна големина 2 големи компири и ги додавам во печурките да се динстаат. Јас избегавам зејтин, ако користиш стави малку, ако не малку вода. Од зачини ставам сол, малку вегета, многу цимет, куркума, морско оревче, каранфилче, кари малку, ѕвезден анис, розев бибер. Количина произволна, ама јас си сакам зачинето и ставам повеќе :).
    Кога ќе испари водата (внимавај да не изгори) ставам цела конзерва кокосово млеко, мене најубаво ми е тоа од Кам. Чекам малку да изврие и да се згусне и воала :). Кога имам време си правам наан и мацкаме од сосот :$
    Инаку, сум го ставала и во рерна и така е превкусно, ама вака ми е побрзо и на топлово не ми се уклучува рерна :)
     
    На Anika55, theowndemon, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.484
    Допаѓања:
    165.876
    Пол:
    Женски
    Фала, ова мора да се проба. :inlove:
     
    На penelope10 и Мравојад им се допаѓа ова.
  13. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    Пробај, стварно е многу убаво. Мене компирот ми е превкусен вака, мек и кремаст :inlove:
    И со месо е убаво,ама оваа комбинација мене ми е врв.
     
    На penelope10 и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.991
    Пол:
    Машки
    На Pacifist и Natali.3 им се допаѓа ова.
  15. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Тесто:
    125гр путер
    3 супени лажици мед
    300гр плазма мелена
    1 лажица какао

    Фил 1:
    500мл хопла
    150гр грчки јогурт
    200гр шеќер во прав или 1 кесе
    1 желатин

    Фил 2:
    100мл хопла
    1 чоколадо за готвење
    50гр боровинки

    Путерот и медот се топат, во нив се додаваат плазмата и какаото, се меша и се става во калап.
    Хоплата се меша во сад, се додава грчкиот јогурт и шеќерот, повторно се меша и на крај се додава желатинот, претходно подготвен (се остава да набабри во малку вода, потоа се загрева додека стани течен. Додека се тура во смесата, се меша.) Целата смеса се тура врз тестото од бисквити, се става во фрижидер да стегни.
    Хоплата се загрева. Кога ке почни да врија, се трга од оган и во неа се додава чоколадото за готвење. Се меша додека не се растопи. Откако ке се напрај една смеса се тура врз филот. Се става во фрижидер да стегни.
    Најгоре се додаваат боровинките.

    :)
     
    На mal.ecka, Pacifist и staycalm им се допаѓа ова.
  16. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Ова човек да посака да научи да готви колку убави вкуснотии се изнагледав и визуелно се изнајадов во ниедно време
     
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.440
    Допаѓања:
    24.922
    Што зачин стави? И дали стави масло?
    И на колку темп. за колку време?
     
  18. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.991
    Пол:
    Машки
    Лук во прав, бибер, оригано, вегета, многу малку кари и чили во прав. Мерки немам, од око ставам :D
    Масло ставив една супена лажица за 1кг копани, ама мислам дека и без масло ќе бидат супер.

    Печев 30 мин на 200°C, сите (1кг) ги печев одеднаш. Ако сакаш да се попечени тогаш мислам дека перфектно би било 35-40 мин, нареден пат ќе ги печам така.
     
    На MissChievous и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.259
    На simoncelicius и Natali.3 им се допаѓа ова.
  20. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски

     
    На Sophitas и simoncelicius им се допаѓа ова.