За две порции: - 400г фета - 120г брашно - 2 јајца Измешајте се убаво во подлабок сад. Поделете го тестото на два дела. Едниот дел ставете го врз хартија за печење, притиснете го малку со рака и завиткајте го убаво во хартијата. Повторете го истото со другиот дел од тестото. Печете во загреан тостер 15 минути, потоа тргнете ја хартијата и печете уште 5 минути (или малку подолго ако сакате да биде покрцкаво). Превкусно е Спојлер
Повели,баш вака ги правев и навистина меки испаднаа Едит: само јас ставив обично брашно не ставив воопшто пченкарно.
Ти благодарам Повели: Подлога: мелена плазма 100g и стопен путер околу 50-60g. Ја натапкав смесата во силиконски модли за мафини и ги ставив во фрижидер. Чизкејк: 200g крем сирење измешав со околу 200ml засладено кондензирано млеко. Ставив и пола кесичка стопен желатин. Ја истурив смесата во калапчињата врз основата и ги оставив во фрижидер преку ноќ. Сабајлето ги преместив во замрзнувач саат-два за да се извадат од калапче полесно. Како прелив може било какво слатко, мармалад или свежо овошје. Јас сварив 100g свежи боровинки со 2-3 лажици шеќер и мала количина вода. Нека зоврие и нека се вари околу 20 минути. На крај додадов 1 лажица густин и тргнав од оган. Кога се подолади малку го распоредив врз тортичките. Ми излегоа 8 парчиња
Повели: КОЛАЧ СО ВИШНИ - 5 јајца - чаша ипол шеќер - 1 ванилин шеќер - 1 чаша јогурт - 1 чаша зејтин - 2 чаши брашно - 1 пециво - 500г вишни без семка - малку шеќер во прав *користев чаша од 200мл Одвојте ги белките и изматете ги во цврст снег со пола чаша шеќер. Во посебен сад, изматете ги жолчките со една чаша шеќер и ванилата. Додајте јогурт и зејтин со постојано матење. Додајте го брашното со пецивото и изматете. На крај додајте ги белките дел по дел, и мешајте со лажица додека да се соединат со смесата. Додајте ја смесата во намрсено тавче и распоредете ги вишните одозгора. Печете во загреана рерна на 180 степени додека да добие кафеавкаста боја одозгора (40-45 минути, зависно од рерната). Спојлер
Повели Основа: - 300г мелени орео колачиња - околу 150мл стопено кокосово масло Фил: - 400г смрзнати боровинки и капини - 1 конзерва кокосово млеко - агаве сируп (количина по вкус) - ванила арома - 3 лажички агар агар Измешајте ги орео колачињата со кокосовото масло. Натапкајте ги во калап за тарт и оставете во фрижидер додека го спремате филот. Овошјето, кокосовото млеко и агавето ставете ги во тенџере на оган да зовријат. Намалете на средна температура и гответе 10тина минути. Изблендирајте со рачен блендер, па додајте ванила и агар-агар и тргнете од оган. Додајте врз подготвената основа и оставете во фрижидер преку ноќ.
Повели Енергетски топчиња со урми - 120г мелен овес - 100г путер од кикирики - 2-3 лажици агаве сируп - 2-3 лажици бадемово млеко - 4 урми без семки - 100г темно чоколадо - 1 лажичка кокосово масло Овесот, путерот од кикирики, агавето и 2 лажици бадемово млеко убаво измешајте ги во подлабок сад. По потреба додајте уште малку млеко. Добиеното тесто поделете го на 8 еднакви дела. Урмите исечете ги на половинки. Од секое парче тесто направете плосната форма, ставете пола урма и завиткајте од сите страни, па оформете топче. Топчињата ставете ги кратко во замрзнувач. Чоколадото стопете го со кокосовото масло и оставете го да се лади 10тина минути. Потоа обложете ги топчињата со чоколадо. Спојлер