Немам некој точен рецепт. Тестото е уствари проја печена во калап за тарт. Филот е од урда и павлака со сол/зачини по желба. Одозгора само наредив парчиња моцарела, чери домати и малку свеж босилек
Купечка тортиља полнета со болоњезе сос (правев со шпагети и ми остана сос), конзервиран зеленчук и кашкавал, потпечено во тавче од двете страни.
Хахахаха Тесто: 500 гр брашно 350 гр млака вода 1 квасец 1 кафена лажица сол 1/2 кафена лажица шеќер 1 мал шол за турско кафе зејтин Се меси и се остава да скисни, па се реди: - Сирен намаз - Зденка - Рендано сирење - Рендан кашкавал - Урда - Рендано биено сирење - Домашен сос (во случајов кечап пошто немав) - Сецкани домати во кругчиња - Сецкани шампињони - Сецкани маслинки - Оригано Краевите на тестото се виткаат. Ако не се снајдеш, повели на пица.
Повели Сардиниска пица - 1 поголема тиквица - 2 рендани моркови - 1 главица сецкан кромид - 1 конзерва пелати или 2 свежи патлиџани (сецкани и малку згмечени) - 250г брашно - 100г рендан пармезан - 100-200г дробено сирење (опционално) - 30мл маслиново масло - 1 лажичка сол Тиквицата изрендајте ја и оставете ја да отстои со 1 лажичка сол. Потоа исцедете ја од вишокот вода и ставете ја во подлабок сад. Додајте ги останатите состојки и измешајте добро. Ставете ја смесата во тавче обложено со хартија за печење (во потенок слој). Печете на 200 степени околу 40 минути. Спојлер Тирамису Тесто: - 60г мелен овес - 1 лажичка пециво - 1 лажица течен засладувач - 60 мл бадемово млеко - 60 мл инстант кафе Фил: - 30г крем сирење - 80г кисела павлака - 1 лажица течен засладувач - какао за поросување Сите состојки за тестото (освен кафето) измешајте ги. Печете во долгнавест сад (мојот беше 30цм), во загреана рерна на 180 степени, околу 10 минути. Оставете да се излади малку. Избоцкајте го тестото со вилушка и полијте го со кафето. Оставете да впие. Измешајте ги сите состојки за филот. Потоа тестото исечете го на три еднакви дела. Филувајте на чинија и поросете со какао. *Дозата е за едно поголемо парче Спојлер
Во блендер ставаш пола банана, 4 лажици овесни снегулки, едно јајце, врв на лажичка пециво и пола филџан вода. По желба можеш какао, арома ванила. Блендираш све. Смесата треба да е густа како јогурт отприлика. Можеш да изблендираш и без вода ако сакаш да е погуста смесата за да испаднат подебелки или да додадеш после. Со црпка ставаш на намачкано тавче и пржиш од двете страни на средна температура. Вака испаѓаат за еден човек количина, околу 4 палачинки
Повели: - 3 јајца - 100г шеќер - 200г крем сирење - ванила - 200г чоколадо за готвење - 50г брашно - 100г свежи малини - чоколадни/какао капки Чоколадото стопете го на пареа и оставете го да се олади малку. Јајцата матете ги со шеќерот неколку минути. Потоа додајте го крем сирењето и измешајте со жица. Додајте ја ванилата и стопеното чоколадо. На крај додајте го и брашното. Кога е убаво соединета смесата, додајте ја во намрсен калап за печење (24цм). Одозгора распоредете ги малините и чоколадните капки. Печете на 180 околу 25 минути. Мнооогу е вкусно тортичево Спојлер
Повели: - 120г мелен овес - 50г мелени бадеми - 1 лажичка цимет - прстофат сол - 3 лажици течен засладувач - 50мл стопено кокосово масло - 150г суви смокви - малку вода Сите состојки за тестото ставете ги во подлабок сад и измешајте убаво. Ако е многу суво, додајте уште малку кокосово масло. Оставете го добиеното тесто во фрижидер околу 30 минути. Смоквите со неколку лажици вода ставете ги во тенџерче на оган. Гответе на средна температура 10тина минути и испасирајте ги (најдобро со рачен блендер). Тесто поделете го на две топчиња. Секое топче расукајте го во тенка кора со правоаголна форма (како на сликата во спојлер) помеѓу две парчиња хартија за печење. Тестото е многу ронливо и лепливо. На едниот крај по должина распоредете пола од смоквите и со помош на хартијата за печење завиткајте во ролат. Ставете ги двете ролатчиња во замрзнувач 15-20 минути. Откако ќе се стегнат малку, исечете ги на неколку парчиња со иста големина. Наредете ги на плех и печете околу 15 минути на 180 степени. Спојлер
Со што се? Ќе прашував и за тортава со чоколадо и малини од Аника ама го најдов погоре во темава, мора да се проба.