@AngelOfArh Ангелче, да бев поблизу, една доза веќе ќе ти пристигнеше на домашна адреса, ама вака останува само рецепт да ти напишам. Ај, што велиш, да не се правам паметна ( ), еве го рецептот: Fudge со лешници, бисквити и marshmallows рецептот е за калап / тавче 20х20 см (ако немате и кружно со дијаметар 20 см врши работа) 300 гр. чоколада за готвење (или омилената темна чоколада) 1 конзерва (400 гр.) засладено кондензирано млеко 100 гр. печени лешници 50 гр. бисквити (искршени на рака) 50 гр. мини marshmallows (или стандарди, исечени на поситно) прстоват сол (буквално на врв на лажиче*) Калапот се обложува со алуминиумска фолија и се премачкува со малку зејтин. Чоколадата (искршена на парчиња) и кондензираното млеко се стваат на оган (средна температура) и се загреваат (со постојано мешање) сè додека не се растопи чоколадото. Сместа се трга од оган. Се додаваат лешниците, бисквитите, солтта и парченцата marshmallows, мешаме внимателно (и премногу) и смесата се истура во подготвеното тавче. Се покрива со стреч (проѕирна) фолија, се остава 2-3 часа во фрижидер, за да стегне убаво и потоа се сече на коцкички. Voilà! * Не ја прескокнувајте солта, кој го гледал Chocolat , на што мислам.
компир, морков, белки од јајца, сирење ама на суташ само со него е убава со останатите е солена, малку кашкавал ама и не мораш, овој пат додадов и грашок но без е многу поубава, и секако мајонез
За баничките немам рецепт!!! Ептен сум шизла, си ги правам „од око“ !!! Но, сепак ке се обидам да „склопам“ рецепт... Б а н и ч к и 1 кг брашно 1/2 свеж квасец или 1 сув квасец 1 лажичка шеќер 2 лажички сол 2-3 лажици зејтин 500 мл млака вода Се замесува полутврдо тесто од сите состојки. Веднаш се дели на 10-12 „топчиња“ кои обилно се премачкуваат со зејтин, Секое од топчињата малку се расукува со оклагија, повторно се премачкува со зејтин и рачно се растегнува што повеќе т.е додека не се добие прозирна кора!!! На растегнатата кора се става фил по желба - сирење, урда, спанаќ, праз, запржено мелено месо со кромид, запржен печен син патлиџан со кромид и зачини, рендано јаболко со цимет... Наполнетата кора се „заролува“ и се формира баничка. Откако ќе „стасаат“ баничките се печат!!! Спојлер: Кора Некои домаќинки за растегање користат чаршав под кората, така им било полесно!!! Јас ги „растегам“ без чаршав. Напишав „топчињата обилно се премачкуваат со зејтин“, но сепак не претерувајте!!!
Многу просто и брзо.. Сечев по желба најразлични форми од лиснато тесто, ги полнев со мармалад од вишни, им направив форма и ги испеков.
Затворени пици Најпрво во брашното се прави вдлабнатина и се става квасецот, шеќерот, па се сипува млака вода и се остава некоја минута колку да се активира. Се додава сол, маслиново масло и се замесува тесто со останатиот дел вода. Се вадат 8 кругови, се сучат па се полнат со филот (рендан кашкавал, шунка, кечап и печурки,) само во средишниот дел, па се преклопува и се притиска со вилушка, или се витка крајниот дел. Се стават во плех обложен со хартија за печење. Се оставаат пиците на топло место да киснат, па кога се готови, се премачкуваат со едно матено јајце, се наросува сусам и се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Состојки За тесто700-800 гр брашно 400 мл вода 2 суви квасеци 2 лажички шеќер 1 лажичка сол 5 лажици маслиново масло за полнење: 300 гр кашкавал 200 гр печурки 300 гр шункакечап и по желба други додатоци за премачкување - јајце, сусам
Од овде ми е рецептот, повели http://www.simplyrecipes.com/recipes/banana_bread/ Доста често го правам и совршено ми е за ужина, меко е и воопшто не е суво. Го служам и со кафе. Обичната верзија е наједноставна, нема никакви додатоци и така е многу убаво. Некогаш додавам суво грозје, некогаш брусница и чоколадо сецкано, некогаш наместо путер ставам павлака разматена со малку кокосово масло. Исто така и со брашното правам најразлични комбинации. Таа верзија од фемина инстаграм е правена според оригиналниот рецепт само додадов 100 грама чоколадо со 75% какао. Една третина од чоколадото го исецкав ситно и го ставив во смесата, останатото го растопив и го разнесов на површината. Подготовката е доста брза и лесна. Спојлер
@Winter Lady Nisto posebno,toa e samo ceden portokal so malku limon.Toa na casata e kafeav seker i ako ne sakas da ti bide mnogu kiselo mozes vnatre da stavis od nego
Обожавам свежо цедени сокови, можам и само лимон да пијам без додаток на шеќер.Дека има мраз во чашата помислив некој коктел е.http://forum.femina.mk/threads/Фемина-Инстаграм.21134/page-215#post-2527787 Можеш да ми кажеш во оваа што има ставено А за шеќерот знам, ја намокруваш чашата и ставаш шеќер и се лепи
^ Ovoj mi e omilen. E sega ne znam kako ke se snajdes tamu so sostojkite,jas ke ti kazam sto stavivme nie: Sok od marakuja (mnogu malku zosto ke ti bide preblag),Ginger Alle,limeta,svezi listovi nane,edna lazica kafeav seker i mraz.