Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    @Anika55 ти си по благото па тебе би те замолила некој рецепт за благо што се прави брзо,без печење и што нема да утнам:lol::lol:
     
  2. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    59.351
    Пол:
    Женски
    Лесно и вкусно, без печење = чизкејк :)

    Повели
    20230226_113201.jpg
     
    На Mila_Mia и Pacifist им се допаѓа ова.
  3. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    На Anika55 и Pacifist им се допаѓа ова.
  4. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    808
    На simoncelicius, staycalm, Pacifist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.983
    Пол:
    Машки
    Зачини: оригано, црн бибер, лук во прав, црвен пипер, сол и малку масло.

    Ги печам ражничите во air fryer и откако ќе се испечат додека се топли ги премачкувам со густа смеса од путер, сок од лимон, кора од лимон и ситно исечкан лук. :) Превкусни.
     
    На simoncelicius, mal.ecka, Pacifist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ani54

    Ani54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.782
    Допаѓања:
    34.472
    Пол:
    Женски
    Месото се сече на коцки, се зачинува, се упржува колку да зарумени, се додава вода да го покрие, се додава 1 филџан бело вино, се остава да динста околу 1 саат, се додава домати или доматно пире, на крај се додава кромидот крупно сецкан, морков, пиперки, лук и печурки по желба.
    Се остава уште малку да подинста, да омекне кромидот и се става во тепсија, се пече 20-на минути.
     
    Последна измена: 2 септември 2023
    На simoncelicius, Pacifist и Ani54 им се допаѓа ова.
  9. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    68
  10. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    59.351
    Пол:
    Женски
    Повелете:

    Тесто
    - 150г кафеав шеќер
    - 125г омекнат путер
    - 1 ванилин шеќер
    - прстофат сол
    - 3 јајца
    - 100г павлака
    - 150г брашно
    - 30г какао
    - 1 пециво

    Изматете го путерот со шеќерот, солта и ванилата. Додавајте ги јајцата едно по едно, со постојано матење. Додајте ја и павлаката. Потоа додајте ги брашното, пецивото и какаото. Изматете само додека да се соедини смесата.

    Крем
    - 300г крем сирење
    - 70г шеќер
    - 1 ванилин шеќер
    - 20г густин
    - 1 јајце

    Крем сирењето изматете го со ванилата, шеќерот и густинот. Додајте го јајцето и измешајте со лажица.

    Тестото додајте го во намрсен калап за печење и израмнете. Направете мали вдлабнатини со лажица, па врз нив додајте го кремот. Печете во загреана рерна на 160 степени, околу 40 минути.

    Откако ќе се олади, премачкајте со готов прелив од вишни.

    20230907_141458.jpg 20230907_165622.jpg
     
    На Mother of 2boys и Maraya✓ им се допаѓа ова.
  11. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    68
    Фала многу ..а од каде го купувате готовиот прелив од вишни?
     
  12. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    59.351
    Пол:
    Женски
    Од Кам маркет. Превкусен е, откако го открив, не сум правела домашен.
     
    На simoncelicius и Maraya✓ им се допаѓа ова.
  13. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    59.351
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, повели рецепт:

    Основа:
    - 250г бело чоколадо
    - 100мл слатка павлака
    - 180г мелени бисквити
    - 100г крем од ф'стаци
    - 70г мелени ф'стаци

    Прелив
    - 250г бело чоколадо
    - 100г крем од ф'стаци
    - 30г ситно сецкани ф'стаци

    Белото чоколадо стопете го со слатката павлака. Додајте ги бисквитите, мелените ф'стаци и кремот. Измешајте убаво. Формираното тесто натапкајте го во долгнавест калап, убаво обложен со хартија за печење. Израмнете убаво и оставете во замрзнувач околу 1 час.

    Белото чоколадо стопете го, додајте го кремот и измешајте убаво. На крај, додајте ги и сецканите ф'стаци и измешајте уште еднаш. Тестото извадете го од калапот и исечете го на еднакви парчиња. Секое парче "мацнете" го во преливот. Оставете ги на хартија за печење и во фрижидер, додека да се стегнат.

    20230909_120422.jpg
     
    На Mrs. right, simoncelicius, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.970
    Допаѓања:
    205.328
    Пол:
    Женски
    Благодарам:)
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    1.279
    Пол:
    Машки
    Сакам да купам свежи печурки (шампињони)
    Насабајле со јајца кајгана можам да ги измешам така?
    Да ги исецкам претпоставувам и да ги измешам?
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.476
    Допаѓања:
    201.310
    Пол:
    Женски
    Ќе ги испржиш и зачиниш прво печурките, после ќе ги додадеш јајцата. Ако само така ги ставиш, може и да не ти се допаднат, живи ќе останат и вода може да пуштат.
     
    На mal.ecka и BeMyFriend им се допаѓа ова.
  17. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    1.279
    Пол:
    Машки
    Преубави беа, ги испржив, зачинив па јајцата...утре пак ќе праам :)
     
    На mal.ecka и manako1 им се допаѓа ова.
  18. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    649
    Пол:
    Женски
    Некој рецепт со протеински прашок?
     
  19. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Така некако ми излезе вкусо, како сникерс. :):D

    130гр путер (можи и маргарин)
    3 супени лажици мед
    300гр бисквити плазма

    Фил:
    500мл хопла
    1 чаша павлака
    1 кесе шеќер во прав (200гр)
    1 кесе желатин
    1 до 2 лажици путер од кикиритки
    1 чоколадо
    Јас вакво ставив
    Screenshot_20230914-162356_Chrome.jpg

    Фил 2:
    50мл хопла
    1 чоколадо за готвење (може било какво чоколадо)
    Кикиритки

    Путерот и медот се топат и во нив се додава плазмата мелена. Цела смеса се меша и се става најдолу во тркалезно плехче. Убо се тапка. (Во случај да ти е малку сува смесата, можи да се притури малку млеко).

    Хоплата се меша во сад, се додава шеќерот, павлаката, растопеното чоколадо и путерот од кикиритки и повторно се меша. На страна желатинот се тура во топла вода да се стопи и со мешање се додава во целата смеса. Смесата се тура врз бисквитите и се става во фрижидер да стегни.

    Во тенџере на страна се тура останатата хопла и се става на оган да зоврие. Кога ќе зоврие, се трга на страна и се става чоколадото. Се меша додека чоколадото не се растопи. Се тура врз целата торта и се ставаат кикиритките најгоре. Се остава неколку саати во фрижидер добро да стегни.

    Извини касно шо враќам. :$:)
     
    На DaisyDoo и Anika55 им се допаѓа ова.
  20. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159