Леле обожавам крап! па уште во кременадли поголема зафатнина и количина има отколку од рибава цела печена...таман да ти се наполни цела уста во секој залак...работава е мајка да једе,ќерка да гледа, на ќерку да не даје... од што е вкусно, затоа
Еве ти побара, како никој не побарал Повели: - 150г мелени бисквити - 50г мелени лешници - 150г стопен путер - 250г маскарпоне - 250г лешник крем - 400г млечно чоколадо - 3-4 лажици зејтин Измешајте ги мелените бисквити со лешниците и путерот. Натапкајте во калап со отстранливо дно и ставете во фрижидер. Маскарпонето изматете го со кремот додека да се соедини убаво. Премачкајте во рамен слој врз бисквитите. Оставете во замрзнувач да се стегне. Млечното чоколадо стопете го со зејтинот. Извадете го калапот од замрзнувач и исечете ги на коцки. Секоја коцка мацнете ја во млечно чоколадо и оставете ги на хартија за печење да се стегнат (во фрижидер). По желба, стопете 2-3 реда темно чоколадо и декорирајте. Спојлер
@Anika55 може рецепт? Стварно алал да ти е, како ги правиш десертиве, сите изгледаат преубаво, а сигурно и вкусни се.
Ти благодарам Тартов е многу едноставен и брз, а многу вкусен. За основата треба 250г мелени какао бисквити, (јас ставив мелена плазма и додадов 2 лажици какао), 100г стопен путер и 2-3 лажици млеко. Смесата убаво да се натапка во калап за тарт и да стои во фрижидер додека се спрема филот. За филот треба 200г млечно, 100г темно чоколадо и 200мл слатка павлака. Се топи чоколадото со павлаката и се истура врз основата. Треба да отстои убаво во фрижидер, јас секогаш оставам преку ноќ. Декорацијата е по желба, свежо овошје, лешници, шлаг.. Спојлер
Благодарам Рецептот е многу едноставен - се пропржува најпрво исецкан кромидот и пиперка, кога ќе омекнат малку се додава тиквица (јас ја сечам на кругови па на 4тинки или 8минки зависи колку е дебела тиквицата, ама да не бидат големи парчињата за побрзо да се направат) и се додаваат зачини по желба. Јас обожавам зачини и имам неколку што скоро во секое јадење ги ставам а тоа се: вегета, chili, chili jalapeno и провансалска мешавина. Кога ќе омекне и тиквицата додавам и рендан патлиџан и оставам едно 5-10мин да крчка да испари малце водата од патлиџанот. Додека се прави ова, во тенџерче ставам да се свари вода, па после на слаб оган ја додавам киноата да седи едно 15-20мин, обично дур не приметам дека е набабрена. Потоа ја цедам киноата и ја додавам во другото тавче со зеленчуците. И се тоа убаво се промешува, па се сервира. Прелесно, брзо и здраво, а мене ми е превкусно. Јас обично за двајца ставам: 1 кромид 2 - 3 пиперки 1 - 2 тиквици (зависи колку се големи) 2 средни патлиџани 10 лажици киноа