Повели рецепт. Само јас пециво ставив наместо квасец. И повеќе од 30 минути им требаше за да се испечат (веројатно зошто печев во силиконски калапчиња). Од пола доза ми излегоа 7 мафини.
Аника те молам мила пиши ми рецепт и би сакала да те прашам каде можам да најдам maraschino цреши како на сликата?Преубаво изгледа,со поглед ги јадам десертиве твои.
Фил - 250г маскарпоне - 200г крем сирење - 50г шеќер во прав - 1 ванилин шеќер - 500мл слатка павлака - 1 желатин - 1 пакување какао бисквити - малку млеко - 500г готов фил од вишни - 100г чоколадо за готвење - 100мл слатка павлака Изматете ги маскарпонето, крем сирењето, шеќерот и ванилата. Додавајте ја слатката павлака дел по дел, со постојано матење. На крај додајте го желатинот подготвен според упатството на пакувањето. Измешајте добро. Во калап со отстранливо дно, наредете еден ред бисквити, секоја мацната кратко во млеко. Потоа премачкајте со 1/3 од филот. Одозгора премачкајте со филот од вишни. Наредете уште еден ред бисквити потопени во млеко. Одозгора премачкајте со втората третина од филот. Уште еден ред бисквити, па остатокот од филот. Чоколадото стопете го со слатката павлака и истурете го одозгора. Оставете во фрижидер преку ноќ. Исечете на парчиња и декорирајте по желба. Морам да спомнам дека многу тешко се сечат парчиња, шлакатарник се прави, ама секако е превкусно Спојлер Коктел црешите ги имам нарачувано од тука: https://eatalian.mk/shop/brendovi/toschi/toschi-amarena-cresi/ https://domato.mk/p/117/koktel-creshi-so-drshka-
Ти благодарам, повели рецепт: - 500г брашно - 420мл млака вода - 1 пакување сув квасец - 1 лажичка мед (или шеќер) - сол по вкус - маслиново масло Во длабок сад ставете ја водата, додајте го квасецот и медот и промешајте. Потоа додајте го брашното дел по дел, пецивото и солта. Мешајте енергично, убаво да се соедини смесата. Покријте со најлонска фолија и оставете 15-20 минути на собна температура. Потоа со мокра рака истегнете го тестото - неколку пати фатете го од страна со рака, извлечете го нагоре и преклопете навнатре (од сите страни). Повторете ја оваа постапка уште 3 пати (на секои 15-20 минути). Потоа попрскајте го тестото со маслиново масло (убава количина, за да не фати кора), покријте со најлонска фолија и оставете го во фрижидер најмалку 12 часа. Во намрснето тавче, обложено со хартија за печење "истурете" го тестото. Покријте со најлонска фолија и оставете на собна температура 2 часа. Потоа стиснете го малку со прсти, додајте топинг/зачини по желба, попрскајте со маслиново масло и печете во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути. Спојлер: Фокача
@izabela.nik за пиперките:се потпекуваат малце, се редат ред пиперки, ред лук и магдонос, се гмечат со толчник, на голема тегла ставив 3 лажици шеќер, 2 сол, пола филџан оцет, на крај масло по потреба, се затвараат и се превртуваат, така стојат 24 часа. На помала тегла ќе ставиш пола. За руската: се става зеленчук по вкус, ние највеќе јадеме краставички и зелка и тоа ставив највеќе, не правам по рецепт, од око, јас ставив:краставици, морков обарен да омекне, зелка, карфиол, пиперки, зелени домати не јадеме многу и ставив малце, сето тоа се сецка во шерпа, се става сол по вкус, шеќер, есенција пола филџан, масло по потреба, 1 винобран, 1 конзерванс (ова со малце водичка се врие колку да се растопи), потоа се истура врз зеленчукот, 1 салацин, сето се меша да пушти вода, на крај зрна бибер и ловоров лист. Се собира во тегли со гмечење, се остава простор да се стави од сокот што пуштил зеленчукот, некои ја попаруваат, па ја собираат после 24 часа, ама ние одма ја собираме, нема потреба толку да се чека, си пушта водичка самиот зеленчук.
- 2 поголеми јаболки - 40г какао - 2 јајца - 1 лажичка пециво - засладувач по избор Обработете ги сите состојки во процесор или сецко. Префрлете во сад соодветен за во микро. Јас "печев" 6 минути на 750w, со проверки на секои две минути. Јас ставив 3 лажици кафеав шеќер и уште доминираше какаото. Не е нешто превкусно, ама кога треба нешто здраво, брзо и лесно за подготовка, врши работа
Предупредувам дека се многу напорни. https://mxriyum.com/cinnamon-rolls/ Го користев овој рецепт со видео, обавезно погледнете го. Ова е моја верзија со мои преводи од Американски систем во грамажа: Активирање квасец - 170 мл млака вода - Една кесичка сув квасец - 1 лажица шеќер Тесто - 370г брашно - 125г шеќер - 1 јајце + 1 жолчка - 60г стопен путер - 1 лажиче сол + шлаг крема/слатка павлака или млеко за прелевање пред печење Филинг - 200г ситен кафеав шеќер (може и крупен на зрна, но во тој случај тогаш помалку г ставите) - 2-3 лажици цимет - ванила екстракт или 1 пакетче ванила шеќер - 80г путер Прелив: - 100г крем сирење (јас користев мало паковање abc крем сирење) - 50г путер собна Т - ванила екстракт или пакетче ванила шеќер - 70г шеќер во прав, протресен (јас од око ставав) 1. Комбинирајте топла вода, квасец и лажичка шеќер и нека отстои 10 минути. 2. Во голема здела измешајте ги сите состојки за тесто и на крај ставете ја смесата со квасецот. 3. На површина со малку брашно месете го тестото 8-10 минути, додека се изгубат грутките, потоа вратете го во зделата. 4. Покријте го тестото со влажна крпа и нека стои на топло најмалку 1,5 часа до 2 часа. Јас ја загреав рерната на 50 степени, ја исклучив и таму го оставив да ми стои 1,5 сати. 5. Додека чекате, направете ги филингот и преливот. Само треба убаво да се измешаат состојките. 6. Кога ќе го извадите тестото притиснете го полека во средина и истресете го повторно на површина со малку брашно. Исукајте го како правоаголник и рамномерно го распоредете филингот. 7. Замотајте го како ролат од долгиот раб. 8. Исечете го на парчиња, величината нека е по желба - ако имате повисоко, а помало тавче, нека бидат подебели парчиња, ако имате плитко тавче како мене, нека бидат помали парчињата. 9. Ставете ги парчињата во тавчето, загрејете ја повторно рерната на некои 40 степени и нека стојат повторно уште 30 минути. 10. Кога ќе поминат 30 минути, полијте ги малку со шлаг крема или со масно млеко. 11. Печете ги на 180 степени, ако имате подебели и повисоки парчиња, печете 20-25 минути. Мене за плитко тавче и помали ролни, ми требаше само 15 минути. Проверувајте ги често. 12. Кога ќе ги извадите, почекајте 10 минути да се оладат и намачкајте го преливот. КОНЕЧНО можете да јадете.