По овој рецепт правам секогаш, нема утка. Го имам правено и пржен, ист вкус има, во рерна ем е полесно, ем поздраво. Наместо топчиња, правам "плескавички", ги печам 15 минути на 180, па ги вртам од другата страна и печам уште 15 минути. И ѕаѕики ко во видеото правам, топ е комбинацијата
Zdravo, dali moze da mi napisete recept sakam da pravam kolacinja sto se sedat so kalapce vo forma na elka nevogodicni
Дајте некој најпрост најлесен рецепт за "новогодишни" кекси што се прават со модли. Да пробам и јас да направам. Исто, гледам има силиконски модли со новогодишни форми, за што може да се искористат?
@QweenSM Ти благодарам ,рецептот ми е од овде од @Anika55 ,таа си има такви совршенства,само што јас си го направив во друг калап новогодишен и го декориравме со ќерка ми со топченца дека си ги обожава Повели мила Јас овој пат малините ги заменив со боровинки,и со двете опции е превкусно.
https://recepti-kuvar.rs/medenjaci-recept/ Јас последно ги направив медењациве ама уште не се декорирани. Од пола доза излегоа 27 колачиња (сечени со чаша околу 7цм во дијаметар). Многу вкусни
Вакви правев и минатата нова година и за постапалки за синко, само што ги декорирав со топено чоколадо. Ја оставав смесата во фрижидер претходно да отстои некое време пред да ги праваМ за полесно ракување со тестото.
Кора со путер правена како бродче,а внатре полнета со ванила пудинг и глазура од вишна и печена ...мажево ја правеше многу е креативен
@Anika55 може ли да ми ја кажеш.точната постапка за елкичките ( со соленки)? И какво чоколадо користеше?
Чоколадото го топам на пареа и го ставам во кеса за декорирање. На послужавник ставам хартија за печење и ги редам соленките со поголемо растојание меѓу нив. Со кесата за декорирање ја "цртам" елката со движења лево-десно. Декорирам и ги оставам убаво да се стегнат. Избегавам да ги ставам во фрижидер да не се стврдне премногу чоколадото па да испука или смени боја. За овие елкички користев бело милка чоколадо, такво имав дома. Лани ги правев со темно чоколадо. Не знам дали убаво објаснив, еве подоле линк од едно видео https://m.youtube.com/shorts/yKUIBnBSPDg?si=gsB5vhcS4LjChLmN Спојлер: Ланските елки
Фала ти, супер објаснето. Ми требаат новогодишни колачи за Новогодишен базар за школо и овие ми се супер идеја.
- 3 белки - 450 шеќер во прав (просеан) Трите белки ги матам минута-две. Додавам 3-4 лажици шеќер во прав и матам. Така постепено по 3-4 лажици го додавам целиот шеќер. Кога ќе го додадам цел, матам уште 2-3 минутки. Се добива доста густа и мазна смеса. Разредувам со малку водичка (лажичка-две) и матам. Проверувам со лажица, земам од ајсингот и "цртам" форма на површината и чекам да видам колку време ќе се задржи формата. Отприлика треба 5-6 секунди да стои и да исчезне. Ако исчезнува одма без да се задржи, редок е многу, ако стои подолго, густ е. По потреба додавам по малку вода или шеќер во прав. Се надевам убаво објаснив.
Многу лесно се прават и вкусни се. 400г готов колач го издробив во подлабок сад. Посебно изматив мала количина на омекнат путер, крем сирење и шеќер во прав (околу 30г путер, 50г крем сирење и 100г шеќер во прав). Од добиениот крем додавав дел по дел кај издробениот колач додека да добијам смеса од која ќе може да се формираат топчиња. Не ми требаше целата количина. Направив топчиња и ги ставив во замрзнувач 15-20 минути. Чоколадото го стопив со мала количина зејтин за да не биде премногу густо. Ги извадив топчињата од замрзнувач, секое стапче го мацкав во чоколадо па го боцкав во топче. После пак 5 минути во замрзнувач или фрижидер за да се зацврстат стапчињата. Чоколадото го ставив во чаша и секое топче го мацкав и го цедев убаво од вишокот чоколадо пред да го спуштам на хартија за печење. Од ова ми излегоа 18 парчиња. Декорација по желба Инаку јас користев мраморен колач (kuchen meister). Може било каков готов колач или да си испечеш пандишпан и да го чекаш да се олади пред да го дробиш. Може и само крем сирење со шеќер во прав да се стави или само стопено бело чоколадо. Спојлер