Аника преубаво изгледа тортата,те молам за рецепт...Поради тебе ја следам редовно темава Фемина инстаграм.
Фала ти, ама за тортава немам рецепт. Ми се појави во меморис, пред 3 години сум ја правела. Чоколадна торта, а филот е со крем сирење, путер и јагоди. Толку памтам, сори
@Anika55 може рецепт за тортата со готови кори? Предлог: Како објавуваш слика, право рецепт тука Да не те тагнуваме за секое
Повели Од литар млеко, ставете 800мл млеко да зовријат со 10тина лажици шеќер, а останатите 200мл ладно млеко измешајте ги со 3 пудинзи од ванила. Кога ќе зоврие млекото, додајте ја смесата со пудинг постепено и со постојано мешање. Кога ќе згусне смесата тргнете од оган и додајте околу 200г путер (исечен на коцки). Мешајте додека да се растопи. Потоа додајте 100-150г бело чоколадо (најдобро стопено). Измешајте добро и оставете го филот да се олади (покријте со најлонска фолија залепена директно на смесата за да не фати кора). Кога ќе се олади филот целосно, спремете 3 готови кори за торта, 1 шоља млеко и стоплете 3-4 лажици нутела. Во калап за торта ставете една кора, потопете ја со млеко (готовите кори се премногу суви). Одозгора премачкајте со нутела. Од филот одвојте малку за декорација, а остатокот поделете го на три дела. Врз нутелата премачкајте 1/3 фил, па кора (повторно потопете со млеко), па повторете ја постапката уште еднаш. Оставете ја тортата во фрижидер да се стегне убаво (најдобро преку ноќ). За декорација растопете околу 150г темно чоколадо со 150мл слатка павлака и посипете врз тортата. Кога ќе се стегне чоколадото декорирајте со зачуваниот дел од филот. Спојлер
Дома имав винчини правоаголни, во големо картонско пакување. Си исеков кругови по мерка за калапот. Многу се вкусни корите, ама ептен суви. Остатокот го собрав во кеса, ќе направам кејк попс или нешто друго со нив. Ама и други кори што имам користено биле ок, генерално се вкусни и не се кршливи, само што се суви.
Ги варам јуфките,потоа ги ставам во тава за печење заедно со моцарела,фета,кашкавал и домашен кечап. Се потпекуваат 10тина минути. Супер брзо.
Хоби Ти благодарам Повели погоре рецепт за банана лебот, еве и за топчињата: - 120г маскарпоне (може и крем сирење) - 200г стопено бело чоколадо - 100г сецкани бонбончиња во боја (јас користев смартис, може било кои: бони топ, м&м) - 100 до 150г мелени бисквити - 250г бело чоколадо - 1-2 масло Се мешаат сите состојки во подлабок сад. Мелени бисквити ставете 100г, па ако има потреба додајте уште, додека да добиете смеса која држи форма. Оформете топчиња и ставете ги во замрзнувач 1-2 часа. Стопете 250г бело чоколадо со масло и оставете го 15-20 минути да се олади. Обложете ги топчињата со чоколадо и оставете ги да се стегнат. Спојлер
Еклерот е купен од слаткара,а тортата ја јадев на гости. Така да незнам како е рецептот најточно и незнам да ти кажам.
Имам роденден на 14ти февруари, сакам да правам торта, може ли испробан успешен рецепт за бисквит за торта? Висок да се пресече на 3 дела ? Убав, мек ?
За кори: - 6 белки - 6 лажици шеќер - 6 лажици брашно - 120г мелени ореви За фил: - 6 жолчки - 6-8 лажици шеќер - 4 лажици брашно - 400мл млеко - 2 кесички ванилин шеќер - 150г путер (собна температура) Грилијаж фил: - 150г шеќер - 100г мелени или сецкани ореви - 200мл слатка павлака Друго: - околу 150г печени лешници - слатка павлака за декорација Жолчките изматете ги пенесто со шеќерот, додајте ги ванилите и брашното и разредете со мал дел од млекото. Остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие. Потоа додајте ја смесата од жолчки во млекото, со постојано мешање. Гответе кратко, додека да згусне. Покријте го филот со најлонска фолија и оставете го да се олади целосно - на собна температура. Кога ќе се излади, додајте го омекнатиот путер, дел по дел со постојано матење (путерот додајте го непосредно пред филување). За корите, белките изматете ги во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. На крај додајте ги оревите и брашното и измешајте со лажица. Испечете три кори (мерките се за калап 18-20цм). Оставете ги корите да се оладат. За грилијаж филот, стопете го шеќерот во тенџере, па истурете го на хартија за печење да се стврдне. Изматете ја слатката павлака, додајте ги оревите, па искршете го стопениот шеќер на ситни парченца (или сомелете го) и додајте го и него. Филување: кора, жолт фил, грилијаж фил па посипете една третина од печените лешници. Повторно кора, жолт фил, грилијаж фил, па лешници. Ставете ја и третата кора и премачкајте ја целата торта со останатиот фил. Декорирајте по желба, јас декорорав со матена слатка павлака и печени лешници. Омилено кај тортава ми беше: крцкавиот шеќер, тоа што не беше премногу блага, како и вкусот на печен лешник. Предобра. Спојлер