@deniz333 Повели Можеш и видеото да си го гледаш на нејзината Инстаграм страница. Јас фонданот го купив, а глазурата ја направив со шеќер во прав и млеко(без белка).
- 2 чаши овесно брашно - 3-4 зрели банани - 20 меки урми - 3 јајца - 2 лажички пециво - 1 полна лажичка цимет - по желба ванила, малку кафеав шеќер, јатки за одозгора Сите состојки обработете ги во процесор за храна/блендер додека да добиете мазна смеса. Истурете во калап за леб обложен со хартија за печење (јас користев 20*10цм калап). Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 1 час. Доколку се суви урмите, пред употреба потопете ги 15тина минути во вода. Времето на печење зависи од тоа колку течна смеса ќе добиете, како и од рерната. Превкусен
Без млеко и масло се прави оваа рецепта? Јас сакам да го направам овој колач ама не знам да не е многу суво, може ли да ставам на пример овесно млеко?
Да и воопште не беше сув. Можеби највкусен што сум правела досега. Важно е урмите да не се суви и внимавај на печењето, да не е препечен. Веројатно можеш да додадеш млеко, само ќе печеш подолго, не ми е испробан рецептот така, не знам како ќе излезе.
Нема да е суво, напротив, ваквите колачи се многу сочни. Ако се месести урмите и убаво накиснати, ќе добиеш супер сочен и сладок колач.
Апаратот го наслрдив од мајка ми, одамна е купен. Од нептун е купен. Потребни намирници за крофните :4 јајца, 15 големи лажици шеќер, 340 мл јогурт, 170мл масло, 2 пакувања прашок за пециво, 35 големи лажици брашно,1ванилин шеќер.. Прво се матат јајцата и шеќерот па се додава јогуртот и маслото и на крај брашното со пецивото. Ова е голема доза и излегуваат многу. Ако сакаш да ти се по тазе направи пола доза. Јас користам кесе во кое ја ставам смесата и со ножица го сечам на врвот. Попрецизно и без неред ми е. А и побрзо за работа, да не загоруваат. По правило се печат 3 минути ама јас ги оставам повеќе(4-5мин), поубави ми се со коричка.
фала за одговоров, да помине постов и се спремам за крофничкиве Иначе и ја ги сакам со коричка и можда затоа екстра се возбудив на сликава колку прекрасно си ги направила Бравос