1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.757
    Допаѓања:
    6.415
    Ќе може ли рецепт за втората слика?

    Ставаш ли масло? Ги печеш во фурна или само вака.
    Правев и јас без масло и ги динстав на шпорет. Печурките не беа нешто вкусни.
     
    Последна измена од модератор: 19 април 2024
    На simoncelicius и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    34.442
    Пол:
    Женски
    Е друго е со масло.
    Овој пат не ставив, постам без масло, за викенди со масло.
    Многу се повкусни со масло, вака само ги динстав.
    Тоа е кога се пости без масло. :)
    Ги потпекувам некогаш во земјено, некогаш само динстано.
     
    На Manako2 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  3. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.478
    Допаѓања:
    59.266
    Пол:
    Женски
    За основа:
    - 250г урми
    - 150г путер од јаткасти плодови
    - 30г какао
    - прстофат сол

    Фил:
    - околу 100г крем/паста од ф'стак

    Прелив:
    - 100г темно чоколадо
    - мелен ф'стак

    Користев калап за леб, околу 22-23цм долг, обложен со хартија за печење.
    Прво урмите ги обработувам во процесор со путерот (користев путер од лешник и ф'стак, ама може било каков), па кога ќе се соедини смесата, додавам какао и сол па обработувам уште еднаш. Ја ставам смесата во калап и измазнувам. Кремот може да се загрее кратко во микро за полесно да се израмни, ама не мора. Може да се премачка и израмни со лажица. Јас додадов и 1 лажичка мача во филот, ама не се осеќаше. Калапот се остава во замрзнувач барем 2 часа.
    Се прелева со стопено чоколадо и се декорира по желба. Се вади од калапот и се сече на коцки. Јас декорирав со мелен ф'стак и купечки ф'стак топчиња.
    Благцево е калориска бомба :)
    Многу беше вкусно, ама преблаго.

    20240418_133809.jpg
     
    На H.VAGA, do-re-mi и Doktor F им се допаѓа ова.
  4. ♡ Cinderella ♡

    ♡ Cinderella ♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2023
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Женски
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    22.507
    Пол:
    Женски
    Месото го маринирам со сол, бибер и вегета, да отстои барем 1 час пред готвење.
    Во тенџере ги ставам кременадлите (без коска), сецкам 1 главица кромид, 1 морков, 3-4 чешниња лук, сенф и вода. На тивок оган да крчка со затворен капак околу саат-саатипол. Пред крајот додавам печурки од тегла.

    Компирите се млади, убаво измиени и со лушпа. Им ставам сол, бибер, вегета, црвен пипер, рузмарин, оригано и масло, и мешам убаво. Ставам и малку вода, пола чаша и печам со затворен капак околу 20мин на 230 степени, после уште 25мин без капак.
     
    Последна измена: 27 април 2024
    На Mumoftwo30, ♡ Cinderella ♡ и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    34.442
    Пол:
    Женски
    Слично правам селско месо, само ставам повеќе главици кромид и бело вино, го премачкувам со сенф од вечер, ама доволно е и 1 саат, многу вкусно е и ова.
     
    На Ne znam koj, ♡ Cinderella ♡ и happygirl им се допаѓа ова.
  7. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.406
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.478
    Допаѓања:
    59.266
    Пол:
    Женски
    - 200г бадемово брашно
    - 1,5 лажичка сода бикарбона
    - прстофат сол
    - 4 јајца
    - 2 банани
    - 3 лажици јаворов сируп (може мед)
    - 2 лажици стопено кокосово масло
    - ванила арома
    - сецкани јагоди

    Брашното, солта и содата измешајте ги. Бананите испасирајте ги во подлабок сад па додајте јаворов сируп (јас ставив мед), јајца, ванила и кокосово масло. Јас имав само две јајца, па како замена за другите две ставив пире од јаболка. Се убаво измешајте, па додајте го брашното. На крај додајте ги јагодите (јас ставив отприлика 2 шаки). Печете во загреана рерна на 180 степени. Печењето зависи од големината и материјалот на калапчињата. Јас печев во силиконски, некои 45 минути. Во алуминиум сигурно пократко би било печењето, проверете со чепкалка.
    20240502_133934.jpg
     
    На oblace1 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  9. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    @Anika55 Аника може рецепт од цимет ролнучките, вкусно изгледаат!:)
     
  10. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.478
    Допаѓања:
    59.266
    Пол:
    Женски
    Повели
    https://upbeetandkaleingitblog.com/better-than-erewhon-no-bake-vegan-cinnamon-rolls/

    Наместо путер од бадем, може друг путер од јаткасти плодови. Бадем или индиски ореви имаат најнеутрален вкус/мирис.
    Ролничкиве се преедноставни за правење и превкусни. Дефинитивно ќе ги правам пак :nod:
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    На Alm. и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  12. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.478
    Допаѓања:
    59.266
    Пол:
    Женски
    - 150г готов крем/паста од ф'стак
    - конзерва густо кондензирано млеко (засладено)
    - 500мл слатка павлака
    - ванила
    - прстофат сол
    - 50г сецкани ф'стаци

    Кремот и кондензираното млеко убаво измешајте ги во подлабок сад. Слатката павлака изматете ја со ванила и сол. Треба да се измати делумно, да не биде цврста. Додајте ја мешавината од крем и кондензирано млеко и убаво изматете. Треба да добиете многу густа, но течна смеса. На крај додајте ги сецканите ф'стаци. Ставете ја смесата во сад со капак, па во замрзнувач. Јас на секои 30-40 минути го вадев и мешав сладоледот, едно 5 пати барем.
    Препорачувам да се користи крем/паста со висока содржина на ф'стак (40% или повеќе). Доколку тоа не е опција, ставете 150-200г печени и исчистени ф'стаци во блендер и обработете додека да добиете паста.
    Предобар излезе, кремаст и со изразен вкус на ф'стак.

    20240519_110016.jpg
     
    На mal.ecka, Salome и Carpe Diem New им се допаѓа ова.
  13. Ne znam koj

    Ne znam koj Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Zeni mala pomos od vas mi treba:
    Sto da zemam za gotvenje (spored nadvor na terasa ne dolazi vo obzir) za gotvenje vo leten period za jadenjeto da ne mirisa.Gotvam od 4-6 dusi.
    Dali Air Fraer -koj i kolku kilski ili Multi Coker-kakov i kolku kilski?
    Blagodaram odnapred.
     
  14. Ne znam koj

    Ne znam koj Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Slicno go jadam svinskoto:P
     
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    На Hygge-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    4.367
    Пол:
    Женски
    Секако :). Во блендер прво се става 100гр чистен ф’стак и маслиново масло да се иситни. Потоа се додаваат неколку чешниња лук, 4-5 гранчиња магдонос, 40гр тенки парчиња пармезан, сол и по потреба уште малку маслиново масло. Состојките пак се блендираат да се соединат убаво и да се добие текстура како на песто. Јас дотурував неколку пати по малце маслиново, инаку е многу густо. Откако се сварија шпагетите, во посебно тавче ги додадов нив, смесата со ф’стак и две кутлачи од водата во која се вареа шпагетите, убаво промешав и оставив уште минута - две да се крчка. Со оваа количина испаѓа сос за 2-3 порции
     
    Последна измена: 24 мај 2024
    На Gosh, Manako2, H.VAGA и 4 други им се допаѓа ова.
  17. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.217
    Допаѓања:
    11.220
    Пол:
    Женски
  18. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    4.367
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам! Доручеците ми се најубавиот дел од денот и време за себе, па секогаш се трудам да си правам убаво на душичката:inlove:

    Рецептот е следен:

    Намирници:
    - 2 банани
    - 1/4 cup јаворов сируп
    - 2 лажички ванила екстракт
    - 2 лажички прашок за пециво
    - прстофат сол
    - 2 не преполни лажици путер од кикирики или било каков друг од јаткасти плодови
    - 2 cups овес
    - 1 1/3 cup млеко од соја (или бадемово млеко)
    - свежo овошје - банана и ананас

    Само добро се мешаат сите состојки во посебен сад. Од овошјето иницијално се додава 1/3 ситно сецкан ананас и една пасирана банана и се меша со остатокот од смесата. Смесата се претура во претходно намачкано мало тавче со уље и се распоредува еднакво. Одозгора се додава остатокот од овошјето. Ананасот обично го сечам на кругови (средна дебелина), ја вадам средината, па на пола. Може да се замени со било кое друго овошје, имам пробано и со јагоди и боровинки исто е превкусно. Само најдобро е овошјето да биде свежо, а не замрзнато. Се пече на 170 степени 30-35мин, по потреба и повеќе.

    Многу убаво се комбинира ако се послужи со грчки јогурт и малце мед
     
    На Salome и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  19. SINOLICKA_123

    SINOLICKA_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2019
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
  20. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.478
    Допаѓања:
    59.266
    Пол:
    Женски
    400-500г мисиркин стек или гради, сецкан на мали парчиња се пржи со малку зејтин. Извадете го од тава и оставете го на страна.
    Пропржете една главица ситно сецкан кромид (по желба може и лук). Кога ќе омекне кромидот, додајте околу 100г путер од кикирики, една конзерва кокосово млеко, една конзерва гмечени или сецкани домати. Измешајте добро, додајте 1 лажица гарам марсала, сол, бибер (други зачини по желба). Кога ќе почне да крчка, додајте го месото и оставете на средна температура да се готви околу пола саат.

    20240531_150208.jpg
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.