Да секако. Јас инаку правев торта и од остатокот испаднаа овие. Еве рецептот за тортата Состојки: 4 кафени филџани шеќер 6 -||- брашно 1 печиво 1 ванила Кора и сок од портокал 100гр кокос 5 кафени филџани к.вода 1 кафен филџан масло 5 лаж. Мармалад (сливи) 2 лаж. Какао Подготовка: Сите состојки освен какото и мармаладот, убаво се мешаат. Добиваме хомогена смеса. Смесата ја делиме на 2 дела. Еднот (белиот) дел го печиме 10-15 мин на 180°C, во другиот дел го додаваме какаото. Кога ќе го извадиме белот дел го мачкаме со мармалад, па го додаваме и другот дел. Печиме 20-30 мин, на истата Т. Мене ми остана од црнот дел па ги направив овие колачињава во калап за мафини
@mimi**** http://moirecepti.mk/post/кафе-коцки Повели Мими Ако нешто не ти е јасно прашај ме.Ги правев во правоголен плех од шпорет. Еве уштее некоја матна слика
Винтерке тоа е многу лесна торта и ефтина Бисквити Млеко 1 пудинг од ванила 1 пудинг од чоколадо еден маргарин шеќер во прав шлаг крем од ванила Се вари пудинг од ванила и од чоколадо се остава да се излади убаво.На страна се мати пола маргарин со пола кесенце шеќер во прав тоа му доаѓа некаде по 125 грама маргарин и шеќер во прав. Откако убаво ќе се измати маргаринот го додаваш пудингот од ванила и матиш додека не се соедини смесата. Истата постапка е и со пудингот од чоколадо. Секоја бисквита ја потопуваш во млеко за убаво да омекне и редиш Ред бисквити ,фил чоколадо,бисквити,фил ванила и се додека имаш фил За филување одозгора изматив шлаг крем од ванила и изрендав некои чоколадни кекси кои ги имав низ дома. Овие состојки што ги користев се отприлика за околу 10-12парченца(1бисквита една коцка парче торта) А пицата е со готово тесто нема некоја посебна филозофија И одоздола ставам малку повеќе кечап и оригано,печурки,рендани пилешки гради ,рендан млечен кашкавал и тоа е тоа
Секако, ти го пишувам рецептот како што е, но внимавај може ќе треба да си ја прилагодиш количината од некои состојки (посебно брашното и маргаринот). Инаку првиот пат е обично/секако неуспешен (мене премногу ми се распуштија и ми се споија, па ми излезе едно огромно споено колаче, колку плехчето), но затоа секој нареден пат се се подобри и подобри. Сега сум профи . 2 и 1/2 шољи брашно 2 шолји (за кафе) шеќер 200 гр сецкано чоколадо на коцки 200 гр путер стопен (подобро омекнат, не сосема стопен) 1 лажичка пециво 1 ванила сол половина лажиче 2 јајца (по потреба уште брашно се додава ) Се мешаат сите состојки и се формира многу меко тесто, потоа со набрашнети раце се формираат бомбици и се редат на поголема раздалеченост во тавче со хартија. Се печат 10тина минути (може и помалку, зависи од рерната) на 200 степени (бомбиците имаат путер и се растопуваат, како колачиња).
Фала ти Вики, дали дека е млечен кашкавалот пицата совршено изгледа.Домашен кечап ставш од оној густиот или? Годинава уште го немам направено, ама нека пркне сонце некој ден, душа давам за него.Прсти да излижеш е
Тесто: 5 јајца, 5 лажици брашно, малку прашак за пециво ,1 лажичка сол, спанак. Фил : рендано сирење, сецкана салама, павлака, 1 варено рендано јајце, малку мајонез. Јас ставав од око не мерев, ќе процениш да се исфилува цела кора. Ги делиш белките од жолчлите. Белките убаво ги биеш,потоа ги додаваш и жолчките и другите состојки. Смесата ја ставаш на хартија за печење и печеш окулу 15 мин. Кога ќе се испече одма кората ја ставаш на влажна крпа и виткаш во ролат. Откако ќе се излади ја филуваш и повторно виткаш ролат. Ролатот ќе го завиткаш во фолија и го ставаш во фрижидер 1 саат убаво да се стегне. Можеш одозгора да го премачкаш со павкака и рендано сирење или кашкавал.
Значи кога ке се испече прво самата кора ја роламе со крпата а кога ке се излади ја одмотуваме па ставаме фил така? Инаку фала ти обавезно ке направам и ке пуштам сликичка
БАНИЧКИ СО УРДА Тесто: 1 кг брашно 600 мл вода 2 лажички сол 1 лажичка шеќер 500 гр сирење 300 мл масло за готвење За полнење: По желба, урда, сирење, кашкавал, спањаќ, блитва.. Се замесува тестото и се разделува на 4 еднакви дела. Топчињата од тесто се размесуваат уште 2 пати и се оставаат да одстојат околу 45 мин, во кеса на собна температура. Одкако ќе одстојат, се зема едно топче и се става на маса на која има ставено чаршав одоздола, за да не се лепи тестото на масата. Се расукува на тенко и се става одозгора масло, се размачкува и се тегне тестото! Одкако убаво ќе се растегне, се пропрскува со масло и страничните делови се преклопуваат и се формира правоаголник. На двете страни се става од сирењето (може да се употреби било каков фил, на пример зелка со праз и сирење, спанаќ, блитва, по желба). На средина се пресекува тестото надолжно и со помош на чаршавот се витка во ролат! Ролатот се пресекува на 2 дела и се мотаат баничките! Се пече на 220 степени, околу 15-20 мин додека да заруменат.
Веднаш, @Sky-butterfly . Рецептот повторно ми е од блогот на Smitten kitchen, ама пак институција е меѓу кулинарните блогови. Во заградите се мои забелешки и корекции. Овесни колачиња со суво грозје и ореви 115 гр. омекнат путер 125 гр. кафеав шеќер (демерара или најдобро светол мусковадо*) 1 јајце 1/2 лажиче екстракт од ванила (може и да се прескокне, не се одразува драстично на вкусот) 95 гр. сенаменско брашно (секогаш ставам 100 гр., не цепкам до толку, а и полесно е за паметење) 1/2 лажиче сода бикарбона 1/2 лажиче цимет 1/4 лажиче сол 120 гр. овесни снегулки (и instant и rolled вршат работа**) 120 гр. суво грозје (тука малку корегирав по мој вкус, премногу се 120 гр. 50 гр. ми се таман. Може да се замени со аронија) 65 гр. сецкани и претходно потпечени ореви (ставам 50 гр.) Се матат путерот и шеќерот додека да се добие бела, хомогена смеса. Се додаваат јајцето и ванилата и се мати уште малку. Во друг сад се мешаат овесните снегулки, брашното, содата, солта и циметот. Се додаваат во смесата од шеќер, путер и јајце. Добро се промешува. На крај, се додаваат сувото грозје и оревите и повторно, мешаме додека убаво да се изедначи смесата. Се покрива садот со проѕирна фолија и се става во фрижидер околу 30-40 мин. Може и веднаш да се печат но, ќе бидат посплеснати поради омекнатиот путер. Во секој случај, остануваат поеднакво вкусни. Рерната се загрева на 180°C. Секогаш користам хартија за печење, па не ја подмачкувам тавата. Ако не користите, најверојатно би требало малку да се помачка. Со лажиче земаме од оладената смеса и се обликуваat топчиња. Се редат на растојание (во оригиналниот рецепт пишува 2"), затоа што при печење малку се „разлеваат“. Се печат околу 10-12 мин. Готови се кога ќе заруменеат на рабовите. Се остават да се оладат десетина минути (најдобро на решетка), затоа што веднаш при вадење се меки и се ронат (не прашувајте од каде знам). Може да се чуваат во убаво затворена кутија и до 5 дена. Јас ги чувам во голема, декоративна, стаклена тегла и постојано ми се во видокруг. Излегуваат околу 25-30 колачиња но, бројката сепак зависи од големината со која се обликуваат. * **
Mila, ovoj li bese receptot za procuenite preubavi kroasani, sto samo jas ne gi napraviv? :/ Sega se resiv da gi pravam ama neznam dali bese tocno ovoj.
Може, секако. Не е ништо посебно, всушност. Бучкуруш е. На маслиново масло запржив кромид, пиперка, а потоа печурки. Замрзнат мешан зеленчук (грашок, морков и пченка) додадов пред да испари водата од печурките, за да се зготви. Потоа ставив домашен доматен сос, малку сушен домат во прав и зачини. Кога ќе се подзгусне - готово е. Толку.
Тој е бе кукле. И јас уште не сум ги направил.Знаеш како треба да ги сечеш нели ? @*цветче* Тортатата со мармалад ?
Ajde winterka, redot e na nas da gi naprajme. Jas planirav denovive da gi pravam ama da se rasprasam prvo si rekov. Da, mislam deka jasno mi e kako da gi secam fala ti.