Тесто - 160г брашно - 50г кокосов шеќер (може и обичен) - 20г какао - 120г ладен путер - лажичка-две вода - прстофат сол Фил - 250г темно чоколадо - конзерва кокосов крем - 2 поголемки зрели авокада - течен засладувач по желба (јас користев оризов сируп) - лажица какао - ванила - прстофат сол Во блендер/процесор ставете ги сите состојки за тестото (освен вода). Обработете убаво. По потреба додајте многу мала количина вода, за да се формира топка тесто. Не треба да биде премногу меко и лепливо, да може да се расука. Ставете го во фрижидер најмалку 30 минути, а потоа развлечете го во тенка кора, доволна за 20цм калап за тарт. Ставете ја кората врз калапот и внимателно стиснете ја по аглите. Печете на 180 степени 15тина минути. По печењето, оставете целосно да се олади. Чоколадото стопете го на пареа заедно со кокосовиот крем. Потоа ставете ги сите состојки за филот во блендер/процесор и обработете додека да добиете мазна структура. Засладувач ставете количина по вкус. Истурете го филот врз оладеното тесто и оставете во фрижидер преку ноќ. * кокосовиот крем треба да стои во фрижидер најмалку 24 часа пред употреба, треба да биде стегнат. Искористете го само цврстиот дел, не и течноста. Спојлер
Фала Во тава на оган ставам пола лажица маргарин или путер и додавам парчиња ситно сецкана салама (обично го правам со парчиња стек ). Пропржувам и додавам неутрална хопла и 3- 4 лажици павлака. Додавам малку сол и вегета, бибер, оригано, лук во прав, кари. Оставам да врие малку и тргам од оган . Сосот го мешам со претходно сварените макарони
Состојки: 1cup црвена леќа 1cup cottege cheese или несолена урда 2 јајца 4 лажици маслиново уље 1/2 лажичка прашок за пециво 1 лажичка сол бибер опционално семки по избор - сусам, сончоглед, семки од тиква и сл. Со оваа количина на состојки јас наполнив 8 мали и 3 големи калапчиња за мафини. Во сад со капак се става 1cup црвена леќа во дупло повеќе вода и се остава да се кисне минимум 4 саати, а може и преку цела ноќ во фрижидер. Треба леќата да набабри и скоро дупло да се зголеми. Потоа се става во цедилка прво се промива, а потоа и убаво се цеди па се става во блендер. Се додава 1cup cottege cheese/урда, 2 јајца, 4 лажици маслиново уље, 1 мала рамна лажичка сол, пола мала лажичка прашок за пециво и малку бибер по желба. Тоа се се блендира и треба да се добие убава мазна полу густа смеса. Се загрева рерната на 180степени, а во меѓувреме се премачкуваат калапчињата за мафини со уље. Калапчињата се полнат со 2/3 од смесата и одозгора се напрскува со по желба семки. Јас пробав неколку различни варијанти, едни само со бел сусам, други само со црн сусам, трети микс од бел и црн сусам, четврти со сончоглед и семки од тиква и сите беа топ. На крај се оставаат да се печат 40тина минути, по потреба и малку повеќе, јас проверував со чачкалица. Откако ќе се извадат од рерна, се покриваат со крпа и се оставаат саат/два да отстојат.
Ауууф, ќе си умрам. Многу сакам ф'стак ама тој мене не баш. Бојата ме лажи. Рецепт ако можи и приборот од каде е?
Повели рецепт: - 400г маскарпоне (собна температура) - 120г ф'стак крем (пожелно Леска) - 350-400мл слатка павлака - 50-70г шеќер во прав - 1 лажица ванила арома - 300мл јако кафе (изладено) - 30тина пишкоти - мелени ф'стаци Во подлабок сад изматете го многу кратко маскарпонето со шеќерот во прав, па додајте крем од ф'стак. Изматете до соединување. Додајте ванила арома, а потоа додајте ја ладната слатка павлака на 3-4 пати и матете додека да добиете цврст крем (да не "мрда"). Пишкотите потопете ги во кафе, многу кратко, само секунда и наредете ги на дното од калапот. Јас користев округол калап (23цм). Потоа додајте половина од кремот и измазнете, па уште еден ред пишкоти, па втората половина од кремот. Мене ми остана од филот, па наполнив уште две чаши на ист начин. Покријте со најлонска фолија и оставете во фрижидер преку ноќ. Декорирајте со мелен ф'стак или по желба. Спојлер Лажичката и вилушката се од веро маркет купени, пред неколку години. А зашто не те сака ф'стак? Да зборам со него?
Може рецепт? Како го спремаш лососот многу убаво изгледа. Јас го правам во еар фраер ама не е тоа тоа некако.