Искрено јас прв пат прам и е баааѓи мрсен. Во смисла и путер и масло мрсен. https://www.delish.com/cooking/recipe-ideas/a25239929/salmon-steak-recipe/ Ама е вкусен иако преферирам посолени вкусој, а ова е меко и скоро благо.
Земете една кора, попрскајте ја со гриз и масло, па врз неа ставете втора кора, исто попрскајте со гриз и масло, па на крај трета кора, на која ке ставите од филот, односно од вишните и оревите. Свиткајте по желба. Истата постапка правете ја додека се потрошат сите кори. Од кога ке ја наредите во тава, исечете парчиња со нож или доколку ја виткате ставете ја тавата во загреана рерна, да се пече околу 40-тина минути, т.е додека се заруменат корите. Готовата баклава тргнете ја да се олади. За шербет, во тенџере на оган, ставете ја водата и шеќерот, да се растопи, па додајте ја ванилата. Од кога ќе зоврие, оставете на тивок оган да проврие уште 15-тина минути. На крај додадете го сокот од лимонот. Важно е да се знае дека на топол шербет, оди ладна баклава или обратно. Повели,прв пат ја правев по овој рецепт. Ама испадна супер.
Јас ставив малини и вишни директ свежи. Можеш и да ги свариш со малце ванилен шеќер, па да ги додаваш. Јас за да не биде толку блага ги виткав со свежи.
- 250г брашно - 125г путер сечен на мали коцки, ладен - 100г шеќер во прав - 1 жолчка - неколку лажици млеко (ако има потреба) - ванила - мармалад - свежи смокви - бадем во лист Јас го правам тестото во процесор за храна. Ставам брашно, шеќер и путер. Обработувам додека да се иситни путерот целосно. Треба да личи на песок смесата. Потоа додавам жолчка и ванила, па ако има потреба додавам млеко по многу малку. Треба да се добие тесто кое не е премногу меко, туку само доволно влажно за да се формира топка. Го виткам во фолија и го ставам во фрижидер. Обично го спремам одвечер. Може да се направи тестото и рачно. Брашното и шеќерот се ставаат во длабок сад, па се додава путерот дел по дел и се дроби со прсти. Па се додаваат и другите состојки, се формира топка, па плочка. Кога ќе се олади убаво тестото, го вадам кратко на собна температура (додека да може да се сука). Го ставам на хартија за печење, поросувам со брашно и сукам кора во кружна форма. Големината е произволна, не треба да е дебела кората. Средината ја премачкувам со 2-3 лажици мармалад од сливи, па врз мармаладот редам смокви. Краевите ги виткам навнатре и ја ставам во фрижидер едно 15 минути. Пред печење, премачкав со жолчка, наредив листови бадем и печев на 180 околу 35 минути. Се сече целосно изладена. Спојлер