- 250г мелени бисквити - 120г стопен путер - 1 лажица какао - 150г кадаиф - 150г крем од ф'стак - 1 лажица путер - 400г крем сирење (собна температура) - 100г шеќер во прав - ванила - 100г крем од ф'стак - 100г стопено чоколадо - 250мл слатка павлака Мелените бисквити се мешаат со какаото, па се додава путерот и се меша убаво. Смесата се става во калап и се притиска убаво. Ставете во фрижидер. Една лажица путер се стопи во тава, па се додава кадаифот искршен на ситно. Се пропржува додека да добие боичка. Тргнете од оган, оставете да се олади малку па измешајте го со кремот од ф'стак. Смесата се додава во калапот и се израмнува убаво. Повторно вратете го калапот во фрижидер. Крем сирењето изматете го со шеќерот и ванилата. Додајте го кремот, па чоколадото (подоладено) и изматете. На крај додајте ја слатката павлака на неколку пати и матете. Додајте го филот во калапот, по желба декорирајте со ф'стаци и оставете во фрижидер преку ноќ *Користев 18цм калап. Спојлер
- 200г омекнат путер - 350г шеќер - 50мл зејтин - прстофат сол - 4 јајца - 250мл млеко - ванила - 400г брашно - 2 лажички сода - 4-5 лажици какао - 3 лажици млеко - 150-200г шеќер во прав - 3 лажици какао - 3-4 лажици млеко - прстофат сол Од путерот одвојте една голема лажица и оставете го на страна за премачкување на калапот, а остатокот изматете го со шеќерот, зејтинот и солта. Додајте ги јајцата, едно по едно и матете до соединување. Потоа наизменично додавајте ги млекото и брашното (и содата и ванилата). Поделете ја смесата на два еднакви дела. Во едниот дел додајте какао и млеко. Потоа додавајте од двете бои наизменично, во обилно намрснет и набрашнет калап. Печете на 180 степени околу 35 минути. После 30 минути проверувајте со чепкалка, за да не се пресуши. За преливот, измешајте ги какаото, солта и шеќерот во прав, па додавајте по малку млеко до саканата густина. Истурете врз колачот кога ќе биде целосно оладен. Спојлер
Тиквички и модар. Денес прв пат експериментирав. Пола пиво, 1 јајце, сол, сусам малце, бело брашно од око и малце пченкарно измешав сè да излезе погусто за да се залепи на зеленчукот (требаше погусто) и пржев. Сосот е павлака, лажиче мајонез, кисели краставици, малце лимон и лук
Редев на брисач, ред брисач, ред тиквици и така нагоре па после ги јадевме. Не беа премрсни, имаше некој трик како да не пие ако најдам ќе ти кажам
Овие се состојките: 600 г брашно 200 мл млеко 200 мл јогурт 100м л масло 1 квасец 2 јајца 2 лажици шеќер Во млако млеко се става квасецот со шеќер да стаса, потоа се става брашното заедно со јогуртот и јајцата, и се меша да се добие меко тесто. Тестото се дели на 8 дела и се остава да стои 15 мин. Потоа се растегнува првото топче и се премачкува со растопен путер и исто се повторува секое едно врз друго, а на последното не се става од путерот. Се остава да отстои 15 мин. и се растегнува голема кора и се сече на делови се става крем и се моткаат. Се редат во тавче се оставаат да стасаат 1 час зависи од температурата во собата потоа пред печење се премачкуваат со јајце и одозгора ставам и путер и се печат во загреана рерна на 200 С додека заруменат.
Ти благодарам. Повели: - 130г путер - 170г темно чоколадо - 100г шеќер - 60г кафеав шеќер - ванилин шеќер - прстофат сол - 3 јајца (на собна температура) - 30г какао (просеано) - 60г темно чоколадо - 30мл слатка павлака Путерот и чоколадото стопете ги на пареа. Оставете кратко да се подоладат, па додајте ги двата вида шеќер, солта и ванилата. Мешајте со жица, да се соедини убаво. Додајте ги јајцата едно по едно. На крај, додајте го какаото, задолжително просеано за да нема грутчиња. Печете околу 30 минути во убаво намрснет калап (20цм), на 180 степени. Оставете ја тортата целосно да се олади. Стопете 60г чоколадо со 30мл слатка павлака и премачкајте одозгора. Спојлер
Не, не треба да е во прав. Можеби требало малку подолго да го мешаш, а може и до шеќерот да е. Кај мене не се осеќаше воопшто, совршен беше вкусот и текстурата. Еве го оригиналниот рецепт: https://www.simplyrecipes.com/flourless-chocolate-cake-recipe-6504181
Сигурно е нешто до шеќерот,и така ми стоеше дека е крупен,инаку преубава е ама шеќерот квари вкус,тоа крцкањето ме нервира. Ај за следен пат ќе знам да мешам подолго.
- 2 јајца - 200г шеќер - 1 ванилин шеќер - прстофат сол - 120ml зејтин - 1 лажица кора од портокал - 50мл сок од портокал - 250г брашно - 1 пециво - 150г малини - по желба шеќер во прав, бадем во лист за одозгора Јајцата изматете ги убаво со шеќерот. Додајте го зејтинот, па потоа сокот и кората од лимон. На крај додајте ги брашното, пецивото и прстофат сол. Ставете ја смесата во убаво намрснет калап (20цм), а одозгора наредете ги малините и бадемите доколку користите. Печете во загреана рерна на 180 степени, 40-50 минути. Кога ќе се олади целосно, поросете со шеќер во прав. Спојлер