1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.576
    Пол:
    Женски
    @Anika55
    Може ли рецепт,прекрасни десерти правиш! Се надевам ова ти е бизнис,ако не ,дефинитивно да започнеш.
     
  2. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    59.216
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, не е бизнис, само задоволство :)
    Повели рецепт:

    Бисквит тесто
    - 220г брашно
    - 30-40г какао
    - 100г шеќер во прав
    - 120г путер (ладен, исечен на коцки)
    - 1 јајце
    - ванила
    - прстофат сол
    - ладна вода по потреба

    Бадем крем (Frangipane)
    - 80г путер
    - 100г шеќер
    - 1 јајце + 1 жолчка
    - ванила
    - прстофат сол
    - 100г бадемово брашно (може мелени бадеми)
    - 2 лажици брашно

    За декорација
    - 3 зрели ама цврсти круши
    - бадем во лист (или сецкан бадем)
    - малку мед

    За тестото, измешајте ги прво брашното, какаото, шеќерот во прав и путерот. Кога нема да има веќе крупни парченца путер, додајте јајце, ванила, сол и ако има потреба многу малку вода, колку да се добие нелепливо тесто. Формирајте плочка и ставете го во фрижидер најмалку 30 минути. За тоа време спремете го кремот. Сите состојки убаво да се измешаат во подлабок сад.
    Крушите излупете ги и исечете ги на тенки парчиња. Оладеното тесто расукајте го во кора и ставете го во калап за тарт. Вишокот тесто отстранете го и избоцкајте со вилушка. Печете го тестото 15 минути на 180 степени. Оставете го малку да се олади, па премачкајте со кремот од бадем и одозгора наредете ги крушите и бадемите. Печете на 180 степени уште 30-тина минути. Кога ќе се излади, премачкајте го со малку загреан мед или мармалад од кајсии.

    20240909_143639.jpg
     
    На Dominodancing и Zumbulche им се допаѓа ова.
  3. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.648
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш ако нема кој да изеде викај не 2 по 2 да пробаме, врв се. Време е да си почнеш некое бизнисче или инста профил
     
    На Zumbulche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    59.216
    Пол:
    Женски
    Фалааааа :hug::f:
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    5.569
    Пол:
    Женски
    Може е глупаво прашањето ама слатката павлака да не треба да ја изматам или директно да ја ставам на пареа со чоколадото така течна?
     
  6. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    59.216
    Пол:
    Женски
    Не треба да е матена, течна треба.
     
    На La-loca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.506
    Пол:
    Женски
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.438
    Допаѓања:
    165.403
    Пол:
    Женски
    Со сликава ме врати во средно, секој ден вакви во една продавница имаше и јадевме со другарка ми. :D Рецепт ако можи.
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    33.327
    Пол:
    Женски
    Баш, во продавниците секогаш и јас ги наоѓав и цело време ги јадевме. :D

    Од тука ги гледав. :hug:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.438
    Допаѓања:
    165.403
    Пол:
    Женски
    Фала! :inlove:
     
  11. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    11.970
    Пол:
    Женски
    @Anika55 посвој ме жено, махер си, колку убаво изгледа се. Извинете за off topic ама морав
     
    На Zumbulche и Anika55 им се допаѓа ова.
  12. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    59.216
    Пол:
    Женски

    По овој рецепт е отприлика, не се држам стриктно до мерки. Ставам тоа што имам во моментот. За смесата за премачкување на пример, не ми беше доволно едно јајце, ставив 2 јајца, една павлака и малку јогурт за да ја разредам. Ова е од оние јадења што не може лошо да излезат :)
    Ти благодарам :f:
     
    Последна измена: 21 септември 2024
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    59.216
    Пол:
    Женски
    - 250г мелени бискоф бисквити
    - 100г стопен путер

    - 500г крем сирење
    - 400мл слатка павлака
    - ванила
    - 100г шеќер во прав
    - 1 кесичка желатин
    - 100+200г бискоф крем

    За основата, измешајте ги мелените колачиња и путерот. Натапкајте во калап за чизкјек. Јас користев калап 18цм, ама може и во поголем (23/24цм), само ќе биде пониска тортата.
    Желатинот измешајте го со неколку лажици вода да набабри. Изматете го крем сирењето со шеќерот во прав и ванилата. Додавајте ја слатката павлака постепено, со постојано матење, додека да се зацврсти. Желатинот стопете го во микро или на рингла. Додајте го во филот и изматете кратко, додека да се соедини. Пола од филот додајте го во калапот и израмнете. Одозгора додајте тенок слој од 100г бискоф крем (претходно малку загреан, за полесно нанесување). Доколку правите во поголем калап, веројатно ќе ви требаат барем 150г крем. Додајте го остатокот од филот и израмнете. Оставете во фрижидер преку ноќ. Пред послужување, загрејте уште 200г бискоф крем и истурете го одозгора. Оставете повторно во фрижидер додека да се стегне и декорирајте по желба.

    20240923_144708.jpg
     
    На Salome, Manako2 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. La.RagazzaMisteriosa

    La.RagazzaMisteriosa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    10.844
    Пол:
    Женски
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    Освен на e-horeca (бидејќи таму моментално ги има бисквитките но кремот е распродаден), дали можеби знаеш дали на друго место кај нас може да се најдат Lotus biscoff продуктите? :)
     
  17. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    59.216
    Пол:
    Женски
    Не, не сум ги сретнала на друго место :(
     
  18. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    488
    Пол:
    Женски
  19. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.757
    Допаѓања:
    6.415
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    На boomsleng и mal.ecka им се допаѓа ова.