1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    4.366
    Пол:
    Женски
    Повели рецепт за Палента Маргарита :)

    Состојки:
    1 шоља палента
    4 шољи вода
    1 коцка за супа
    2 полни лажички песто
    1 лажичка рамна сол
    100гр рендан кашкавал
    12 ливчиња босилек
    1 конзерва маринара сос
    2 топки моцарела

    Подготовка:
    Во мало тенџерче најпрво се става водата со коцката супа да врие. Потоа се намалува огнот, се додава палентата и се меша константно дур не се направи хомогена погуста смеса (2-3мин макс). Се трга тенџерчето на страна и се додава 1 рамна лажичка сок, 2 полни лажички песто и ренданиот кашкавал и се тоа убаво се меша. Смесата се додава во тавче за готвење и одозгора се посипува со маринара сосот убаво да покрие. Потоа се редат ливчињата босилек и на крај одозгора се додава сечената моцарела на кругови да ја покрие цела површина. Се става да се пече на претходно загреана рерна на 220 степени, едно 40-50мин.
     
    Последна измена: 30 септември 2024
    На Mawoto-Stefi и Gosh им се допаѓа ова.
  2. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    2.852
    малку офф
    дали може банана бред да го направам со маргарин наместо со путер?
    :wasntme:
     
  3. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    1.401
    Пол:
    Женски
    Јас така го прам...не го сакам путерот и клавам маргарин.
     
    На Sielo❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.646
    Пол:
    Женски
  5. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    3.355
    Пол:
    Женски
    Ако може да ми кажете ваш рецепт за чоколадни шишарки. Гледав на гугл ама некако не ми се веродостојни.
    Вака нешто https://moirecepti.mk/post/емби
     
  6. Makmel

    Makmel Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    24.940
    Пол:
    Машки
    Да ти кажам една мала тајна, не го правев from scratch сосот :))

    046278_T9r7Gox.jpg

    Ама искрено, освен на изглед, не ми се допадна баш. Да многу е кремаст и фин ама на вкус нај-basic ми е од овие "инстант" сосови од маги. За болоњезе и за милањезе имам исто пробано, далеку подобри се на вкус.

    А иначе сличен сос ваков си правам со бешамел кари и печурки често (и некогаш плус и обичен кашкавал + пармезан)
     
    На Mumoftwo30, simoncelicius и Makmel им се допаѓа ова.
  8. La.RagazzaMisteriosa

    La.RagazzaMisteriosa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    10.844
    Пол:
    Женски
  9. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    59.207
    Пол:
    Женски
    Основа:
    - 200г јаткасти (јас користев ореви и индиски ореви)
    - 60г какао
    - прстофат сол
    - околу 50 мл течен засладувач (јас ставив малку агаве, малку сируп од урми)
    Во блендер/процесор се обработуваат прво јаткастите со солта и какаото, па се додава засладувач и се обработува до соединување. Смесата се распоредува на дното и од страните на калап за тарт (23цм макс). Се остава кратко во фрижидер.

    Околку 150г крем од ф'стак, се загрева кратко и се размачкува во тенок слој врз основата.

    Фил
    - 2 конзерви кокосово млеко, стоено во фрижидер, зацврстено
    - 150г темно чоколадо
    - агаве по вкус (околу 50мл)
    - прстофат сол

    Од конзервите кокосово млеко се одвојува цврстиот дел и се става во тенџере на оган додека да се растопи. Се трга од оган и се додава чоколадото, се меша додека да се стопи. Ако има потреба вратете кратко на оган додека да се стопи чоколадото. Додајте сол и агаве, измешајте, оставете кратко да се подолади смесата, па истурете ја внимателно во калапот. Оставете во фрижидер, задолжително преку ноќ, за да ја добие потребната цврстина и декорорајте по желба.

    Тартов излезе толку ултра вкусен, прсти лижевме. Филот не е премногу благ, доминира темното чоколадо, кремот од ф'стак дискретно (ама значајно) се осеќа, а основата е мека и малку растеглива (веројатно заради сирупот од урми) и совршено го заокружува вкусот. Предобар!

    20241006_103452.jpg
     
    На CareTee и La.RagazzaMisteriosa им се допаѓа ова.
  10. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    59.207
    Пол:
    Женски
    Повели
    https://www.roadtopastry.com/blog/recipes/pate-a-choux/recipe-paris-brest-mousseline-cream

    За печењето, јас кога печам ваков вид на тесто ја загревам рерната на 220 степени. После 10тина минути печење, намалувам на 160 и печам уште 30/40/50 минути зависи од големината. Вака ми нараснува и излегува подобро. И не ја отварај рерната во било кој момент, зашто може да спласне.
    Ова е уствари еден голем, убав еклер без чоколадо:)

    20241011_114604.jpg
     
    На strelec231992, simoncelicius, praski4e и 2 други им се допаѓа ова.
  11. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу @Anika55
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.375
    Пол:
    Женски
    Убедена бев дека и не чоколадниот го имам пишано тука ама "важниот" рецепт е овој. :D @Gosh
    Го напрајв без какао и чоколадо и ставив портокалова боја и го печев. Извајв форми и во остатокот од смесата го допрајв со какао и чоколадо за да извам форма тиква демек. Наредив изваените форми и потурив со остатокот од смесата и печев (тука не треба 50мин, побрзо оди). Препорачувам дирек рецептов да напрајш. :D Со години веќе го прам совршено е на вкус.
     
    На simoncelicius, MissChievous и Gosh им се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    24.825
    А мора да е смесата печена во ваков сад:

    1e6fec9523c465995e0895a42f4d9408.jpg

    Може во обична тава округла? Или нема структурата да испадне ко шо треба?
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.375
    Пол:
    Женски
    Јас 98% од времето го печам вака. Некни оти една доза делев го праев во мали алуминиумски садови. Мислам дека има луѓе шо ги прат ко мафини.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    10.356
    Пол:
    Женски
  16. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    9.064
    Секако :)
    Состојќи: 250 гр. леќа, 1 морков, 1 кромид, 1 лаворов лист, попотреба маслиново масло, попотреба бело вино, 2 компир, 250 гр. тестенини, 1 лажичка концентрат од домати( ако немаш може и еден филџан сос од домати или доматно пире) сол и црн пипер.
    Состојќи за ароматизираното масло:
    1 филџан маслиново масло, лук и луто пиперче.

    Во тавче на оган со маслиново масло ќе ги запржиш исецкани морковот, компирот и кромидот додека не омекнат, потоа ќе го додадеш виното (околу 30 мл.). Откако ќе испари виното ќе ги додадеш леќата, лаворовиот лист, доматниот коцентрат, малку вода( да биде залиена леќата) солта и црн пипер. Под капак на ниска температура ќе ги вариш додека не се свари леќата(околу 40 мин.) . Потоа ќе провериш дали фали вода и ќе ги додадеш тестенините и ќе вариш уште 10 мин. Во меѓувреме ќе го подготвиш ароматичното масло. Во тава со маслиново масло ќе ги запржиш лукот и ситно сецкана лута пиперка додека не заруменат и на крај ќе го додадеш ситно сечканиот магдонос. Кога ќе бидат готови тестенините ќе додадеш по една лажица од ароматичното масло на секоја порција.
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aquanalia

    Aquanalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Дали имате некој добар рецепт за чизкејк со лимон, без печење?:)
     
  18. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    9.064
  19. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    59.207
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :f:
    Повели:

    - 4 чаши брашно
    - 1 лажичка пециво
    - прстофат сол
    - околу 300г путер (омекнат)
    - 2 јајца
    - 1 и пол чаша шеќер
    - ванилин шеќер
    - гел бои

    Путерот се мати со шеќерот, ванилата и солта, па се додаваат јајцата. Кога ќе се соедини смесата се додаваат брашното и пецивото. Се меси тесто и се дели на 4 дела. Во секој дел посебно се ставаат боите и се меси до изедначување. Секој дел се витка во најлонска фолија и се остава во фрижидер околу пола саат - саат. Од секој дел се расукува кора во правоаголна форма, со приближна големина. Се ставаат две кори една врз друга, јас комбинирав виолетова со зелена и црвена со црна. Се сечат краевите, се притиска малку со сукало за да се спојат и внимателно се витка ролат. Замотајте ги во најлонска фолија и оставете ги ролатите во фрижидер уште најмалку 1 час. Кога се убаво изладени, се сечат колачиња со дебелина од отприлика 1цм и се печат 13-14 минути на 160 степени.

    20241022_155436.jpg 20241022_182102.jpg 20241023_131942.jpg
     
    На strelec231992, Peperutka-bt, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius, Crnookata и Antoninaaa им се допаѓа ова.