Секако дека може Состојки: • 250 гр маскарпоне • 3 лажици Нутела • 400 гр наполитанки полнети со крем од лешник • 200 гр млечна чоколада • 100 гр темно чоколадо • попотреба сечкани лешници Направете смеса од маскарпонето, нутелата и сечканата обланда, наполнете ги калапите и ставете ги во замрзнувач. Откако чоколатцата ќе станат цврсти, се потопуваат во чоколадото претходно растопено на пареа. Посипете ги со сечкани лешници и готово.
Сте правеле ли cakepops? Ако да, ве молам за рецепт И се ближи роденден на ќерка, бараат ненормално многу пари за тие па реков ќе засукам ракави сама ќе ги направам. И дали би можело со обичен рецепт за бомбици? Слика за пример.
Јас правев сега за роденден од овој рецепт https://www.instagram.com/reel/Cvb8CPWAYaL/?igsh=MWM0Z3Zpa3c3bGtuaQ==
Фала Секако дека може. Ги правев по овој рецепт https://www.instagram.com/p/CYJ3Fg6shZ5/?igsh=aGo0anJpbzdoNjV4
@BORKA Ти благодарам, повели рецепт: - 24 пишкоти - 200мл кондензирано млеко - 150мл засладено кондензирано млеко - 50мл полномасно млеко - 150мл слатка павлака Мерките одговараат за четириаголен сад од 20цм. Се мешаат млеката убаво со жица, додека да се растопи засладеното кондензирано млеко. Потоа се реди еден слој пишкоти. Се полеваат рамномерно со половина од течноста. Се оставаат 10 минути да впие. Се реди втор слој пишкоти, со тоа што секоја пишкота прво се мацка кратко во млеко. Тоа што ќе остане од млекото се истура рамномерно врз вториот слој пишкоти. Се оставаат 2 саати во фрижидер. Слатката павлака се мати и половина од неа се премачкува врз пишкотите и се израмнува. Во другата половина јас додадов малку крем од бадеми и малини и капка розева боја и декорирав со слаткарски шприц. Одозгора има и малку сецкани ф'стаци, малини и свежо нане. Спојлер
Сум правела. Готов пандишпан, измешан со ванила пудинг, да добие конзистенција на бомбици. После тоа топиш чоколадо, го брцаш стапчето во чоколадото, ја ставаш бомбицата на него и чекаш да се стврдне чоколадото за да не ти лизга бомбицата на стапчето. Тоа е важен чекор, не го прескокнувај. После тоа ги натопуваш во чоколадо, се цеди вишокот (ги редиш во чаши исправени) и ги украсуваш по желба.
За тестото: - 150г брашно - пола лажичка пециво - 150г шеќер - 6 јајца - шеќер во прав по потреба Јајцата се матат убаво со шеќерот. Се додаваат брашното и пецивото, дел по дел. Се меша со лажица/шпатула. Кога ќе соедини, околу 1/3 од тестото се истура во округол калап (20цм), а останатото се израмнува убаво на обложен плех (30х40цм). Се пече во загреана рерна на 220 степени, околу 12-13 минути. Округлото тесто се остава да се олади, а другото тесто се превртува на крпа која е претходно обилно обложена со шеќер во прав. Одлепете ја внимателно хартијата за печење и поросете со шеќер во прав и одозгора и со помош на крпата завиткајте ролат. Оставете да се олади целосно. За мармаладот: Може да се користи готов мармалад, јас правев од шумско овошје и вишни. Околу 300г смрзнато шумско, околу 200г вишни, 1 лажица сок од лимон и многу малку водичка се вари 10тина минути. Се додава околу 450г шеќер и се вари уште 10-15 минути. Кога ќе се олади мармаладот убаво, се одмотува ролатот, се премачкува со многу тенок слој и повторно се витка ролат. Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во замрзнувач 1 час. Округлото тесто покријте го со најлонска фолија за да не се суши. Кога убаво ќе се олади ролатот, исечете го на парчиња околу 1 цм или нешто потенки. Обложете длабока чинија со најлонска фолија. Мојата чинија беше со дијаметар 21-22цм. Наредете ги парчињата ролат убаво збиени, да нема место да истече филот. Покријте со најлонска фолија, оставете во фрижидер. За филот: - 2 кесички желатин - 50г шеќер - 350г црвено овошје - малку сок од лимон - 200мл слатка павлака Овошјето одмрзнете го, обработете во блендер (јас користев рачен) и процедете го од семчиња. Во тенџере истурете го желатинот со 100мл ладна вода. Кога ќе набабри, додајте околу 100мл жешка вода, шеќер и сок од лимон и гответе на средна температура додека да се стопат шеќерот и желатинот. Тргнете од оган, додајте го овошјето, измешајте добро и осѕавете да се лади во фрижидер додека да почне да се згуснува смесата (околу 15-20 минути). Слатката павлака изматете ја и додајте ја дел по дел кај овошниот фил. Мешајте со лажица. Истурете половина од филот и наредете парчиња ролат (доколку ви останале неискористени при обложувањето на чинијата). Додајте го остатокот од филот и покријте со округлото тесто. Покријте со фолија и оставете во фрижидер преку ноќ. Отстранете ја фолијата и превртете ја тортата на чинија. Спојлер
На едно јаболко, колку какао? Толку, само какао? Избендани, изгмечени, како? Јаболково ми е едно од најомразените овошја, а од утрово иам: Па да пробам вака со какао дали ќе можам.
Само му извајв кората и турив од око какао и во блендер. Буквално само то. И во филџан ставив и во фрижидер. Ко извајв утрото и форма држеше и само крем џандуја ставив од горе за екстра вкус оти изгледа претерав со какао, имаше какао вкус ептен и вака се балансираше.
Секако, повели: Потребно е 1 пакување готови кори, 2-3 страка праз. За премачкување: - 2 јајца - 50 мл зејтин - 100мл кисела вода (може јогурт место кисела вода) - лажичка пециво Празот се пржи со малку зејтин. На крај се додава сол, бибер по вкус. Јас правев во големо тавче од 33цм, може и во помало. Се редат корите една врз друга, една се поставува вертикално, наредната хоризонтално и така до крај. Секоја кора убаво се премачкува со течноста. После секоја трета кора попрскувам со малку праз. Врз последната кора го распоредувам празот одозгора во тенок слој, а краевите од корите ги виткам навнатре и ги премачкувам со течноста. Не ми беше потребна целата течност, малку остана. Тоа зависи од корите, овие не беа толку суви, помалку течност бараа. Се пече во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути, додека да добие убава боичка.
Ти благодарам Повели рецепт: Тесто: - 250г брашно - 50г шеќер во прав - прстофат сол - 115г путер исечен на мали коцки - 1 јајце - ванила арома Брашното, шеќерот и путерот се обработуваат во процесор за храна (може и рачно). Се додаваат останатите состојки и се формира тесто. Ако е премногу лепливо се додава уште малку брашно. Треба да држи форма, ама да не е лепливо. Замотајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер 2 часа. Јас си го спремам ден унапред. Извадете го тестото од фрижидер и расукајте кора малку поголема од калапот за тарт. Префрлете ја врз калапот и убаво притиснете и распоредете по аглите. Вишокот отстранете го. Јас од вишокот испеков неколку колачиња за декорација. Избоцкајте со вилушка и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути. На колачињата 10-12 минути им се доволно. Оставете да се олади. Фил: - 400 г сварени и исчистени костени (измерени без лушпа) - 50г шеќер - 50мл вода - слатка павлака (околу 200мл) Од водата и шеќерот направете шербет. Костените треба да се оладени. Се обработуваат во процесор, блендер или сецко. Ќе добиете брашнеста смеса, па додајте го оладениот шербет, за да добиете пире. Слатката павлака изматете ја и поголемиот дел додајте ја кај пирето од костени и измешајте убаво со лажица. Премачкајте слој пире од костени врз тестото. Останатото пире и слатка павлака ставете ги во кеси за декорирање и распоредете рамномерно во калапот. Јас декорирав со засладени костени, какао капки и колаченца. Вишокот пире го ставив во чашка со малку изматена слатка павлака. Спојлер
Јас само да ја прашам @Anika55 дали има инста профил за готвење илу вен страна, зошто ваков талент и умешност за кулинарство,немам видено. Браво.