Не, немам. Готвењето, особено десертите ми се еден вид на хоби и начин на одржување ментална хигиена. Ти благодарам за убавите зборови, навистина ми значат
- 300г мелена плазма (може било кои бисквити, ама препорачувам плазма заради аромата) - 30г какао - 30г шеќер во прав - 80г стопен путер - 120мл млеко - 150-200г чоколаден "корнфлекс" Се мешаат сите состојки (освен корнфлексот) и се оформува тесто. Се прават конусни форми (приближно ко шишарки). Јас двоев по околу 50г тесто за секоја шишарка, ми излегоа вкупно 11. На секоја форма се реди од корнфлексот, почнувајќи од горе надолу. Се поросуваат со малку шеќер во прав за да бидат снежни Спојлер
Јас никогаш немам правено и не знам да направам, а во градинка прават и ја јаде. Ќе ве молам за рецепт.
Запржувам кромид и морков, зелката сецкана на коцки ја упржувам, додавам зачини, доматно пире или црвени домати, вода и се крчка, на крај по желба запршка. Јас правам и со мелено месо како растурена сарма или со пушено месо.
Зелка манџа е, од кисела зелка, имам замрзнато . Оваа е посна, а правам и со пушено месо. На зејтин запржувам кромид, морков и ја додавам зелката (ситно сецкана). Пропржувам и додавам малку патлиџан од тегла (може и свеж рендан) и пропржувам уште 2 -3 минути. Додавам вода и оставам да се вари. Ја варам околу 1ч и на крај правам класична запршка со брашно и црвен пипер. На крај додавам вегета, сол и бибер. * со иста постапка правам и со пушено месо , го запржувам со кромитчето и зелката. *доколку е свежа зелка, на крај пред запршката додавам пола лажичка лимонтус растворен во малку вода и истурам во манџата - дава киселкаст вкус на манџата.
@Anika55 те молам рецепт од последниов колач/торта, не знам што е, еднаш нешто слично ми даде една баба Гркинка и никако не успеав да најдам рецепт за тоа, цел гугл го свртев.
Ова е кремпита, јас ја правев по рецептот подолу. Не ставив желатин за да биде покремаста, ама многу тешко се вадеше парче. Следен пат би ставила и желатин. Во Грција тоа што си го јадела може да било bougatsa, многу слично, само со кори се прави
Со купечко смрзнато, од кам маркет го земав. Убаво е тестото, само преклопено е на две места и колку и да го токмам, местото кадешто било преклопено се познава после печење (на средина на елката се гледа). Не знам дали има кај нас свежо лиснато, во ролничка, јас не сум нашла. Со такво би било многу поубаво