Рецепт за тортиља: 300 мл. млака вода 2 лажици оцет 4 лажици маслиново масло пола квасец 1 лажица сол пола лажица шеќер брашно попотреба Замесуваш тесто и го оставаш да одмори пола саат. Тестото го делиш на 8 топчиња од кои расукуваш корички, а коричките на триаголници. Ги редиш на тава за печење и ги премачкуваш со жолчка и наросуваш со сусам. Печи во загреана рерна додека не заруменат. Можеш и со готови тортиља исто премачкани со жолчка и сусам.
Брауни: - 150г путер - 200г темно чоколадо - 170г брашно - 30г какао - 3 јајца - 200г шеќер - 50г кафеав шеќер - 1 ванилин шеќер - прстофат сол - 200г темно чоколадо - малку зејтин/кокосово масло/путер Путерот и чоколадото стопете ги заедно и оставете да се ладат. Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиот шеќер. Додајте ги путерот и чоколадото и изматете добро. Брашното и какаото просејте ги и додавајте ги дел по дел, мешајте со лажица. Истурете ја смесата во намрсен калап (20цм). Печете на 170 степени околу 35 минути. Оставете да се олади целосно. Кога ќе биде убаво оладено, отстранете го горниот слој од браунито (кората). Останатото издробете го со раце во подлабок сад. Формирајте топчиња со раце (отприлика 20-22г секое). Наредете ги на послужавник обложен со хартија за печење и оставете ги 30тина минути во фрижидер. Стопете малку чоколадо, само неколку коцки. Боцнете го врвот од секое стапче во чоколадо, па боцнете го во топче. Повторете со сите топчиња и вратете ги во фрижидер уште најмалку 30 минути. Стопете го чоколадото. Додајте мала количина зејтин, путер или кокосово масло доколку сакате помазно чоколадо. Оставете да се олади малку. Мацнете го секое топче во чоколадо и исцедете од него што е можно повеќе чоколадо пред да го спуштите. Внимавајте убаво да го обложите целото топче, да допре чоколадото до стапчето. Оставете да се стегнат и украсете по желба. Спојлер Стапчињата се од alatkizaslatkarstvo на инстаграм, ама многу се поевтини на али експрес или тему.
Многу се интересни и јас им се изнарадував. Повели рецепт: - 170г брашно - 110г ладен путер исечен на мали коцки - 100мл засладено кондензирано млеко (густо) - малку какао и мача во прав или гел бои. Прво се мешаат брашното и путерот, додека да се иситни убаво путерот (да не се познаваат парченца). Се додава млекото и се меша добро. Ќе добиете меко, лепливо тесто. Поделете го на два дела. Еден поголем и еден помал дел. Во помалиот дел додајте какао и измесете добро, да добиете кафеава боја (за "стеблото"). Во поголемиот дел, додајте мача во прав или зелена гел боја. Оставете го тестото најмалку 1 час во фрижидер. Извадете го оладеното тесто и извадете мали парченца (јас вадев по 2г) и направете форми слични солзички. Наредете во форма на еличка и секоја "солзичка" стиснете ја со нешто заоблено. Јас користев задна страна од лажичка, може на пример со подебелата страна од кинеско стапче. Формираните елкички ставете ги пола саат во замрзнувач. Ова е важен чекор, ќе помогне елкичките да не ја изгубат формата при печењето. Печете во загреана рерна на 180, околу 15 минути. Спојлер
На страна снешковците, ова се највкусните и најлесните рафаело евер За рафаело: - 200г кокос - 200мл засладено кондензирано млеко - уште 50г кокос за валкање Се мешаат кокосот и млекото во подлабок сад. Се формираат топчиња и се валкаат во кокос. Пола од топчињата да бидат малку поголеми (барем 10г потешки од другата половина, за да стојат стабилно). За снешковците: - малку бело чоколадо - малку темно чоколадо - гумени бонбони - орео колачиња Стопете мала количина бело чоколадо и користете го како лепак за да споите едно поголемо, со едно помало рафаело топче. Залепете ги сите и оставете ги во фрижидер барем пола саат да се стегне чоколадото. Како шалче им врзав гумени бинбони со форма на црвчиња. За шеширчиња користев орео колачиња со стандардна големина, плус мини орео. Стандардните орео одлепете ги и отстранете го филот. Одозгора со чоколадо залепете едно мини орео (за да личи на шешир). Залепете по едно шеширче на секој снешко. Оставете да се стегнат. Стопете малку темно чоколадо и со помош на кеса за декорорање нацртајте очи и копчиња. За устата стопив малку бело чоколадо и додадов црвена боја. За ситниве детали може да се користи и ројал ајсинг, ама мене ми беше полесно со чоколадо. Оставете ги да отспијат една ноќ во фрижидер, па послужете Спојлер
Јас повеќе ги сакам така. Ама можеш да си ставиш Од оваа доза ми излегоа 18 топчиња, значи отприлика толку лешничиња/бадемчиња ти требаат.
Секако, повели. https://healthfulblondie.com/air-fryer-cinnamon-rolls/ Од овде го следев, еве и принт верзија: https://healthfulblondie.com/wprm_print/air-fryer-cinnamon-rolls