Рецептот е чиста импровизација Имав инспофотографија од пинтерст ама рецептот никако не можев да го најдам Подоцна го најдов и увидов дека е комплетно поинаков од оригиналот. Мене вака од око поинакви состојќи ми имаше Важно ни се допадна на сите, заслужува да биде запишан и мојот начин. Не бев стрплива за пресекот требаше да почекам уште малку да опушти, ама со трпението не сме многу блиски во овој живот Ќе го напишам подоцна во соодветната тема.
За белите ќе напишам подоцна рецепт во соодветната тема, а другите немаат рецепт Или сум предолго во секторот па ми е се од око или имам некој професионален дефект Вака, светло кафеавиот дел е киндер чоколадо растопено на пареа, средниот дел е мелени бисквити ( околу 20 ставив) со две лажици нутела и малку путер ( околу 50 g), а темно кафеавиот дел е црно чоколадо. Врз црното чоколадо налепив сечкани лешници и бадеми.
Повелете рецепт За пандишпан: • 5 јајца • 5 лажици шеќер • 7 лажици брашно • 2 лажици какао Јајцата се матат со миксер заедно со шеќерот додека сместа не стане воздушна. Потоа се додаваат брашното и какаото и се мешаат со спатула додека сместа не стане хомогена. Се печи во загреана рерна на 180° околу 15 мин. За полукружните сфери: • 500 ml слатка павлака • 500 g маскарпоне сирење • 150 g шеќер во прав • пототреба нутела или било каков крем • попотреба кокос • попотреба ладно млеко Со миксер изматете ги слатката павлака, маскарпонето и шеќерот во прав додека сместа не стане воздушна. Наполнете ги калапите со сместа еден слој, па ставете една лажичка нутела и на крај дополнете ги со сместа. Ставете ги во замрзнувач од 6 до 12 часа. Извадете ги формите од калапите и наросите ги со кокос. Од пандишпанот извадете кружни форми и намачкате ги со ладно млеко. Полукружните сфери додајте ги врз пандишпанот. Декорирајте по желба.
Ги правев по овој рецепт. Ги печев на лименки, исправени во рерна (ќе видиш во видеото). Само треба еднаш - два пати да ги свртиш за да испечат порамномерно. Се свлекува малце тестото, се спушта надолу при печењето, ама тоа не го менува вкусот. Превкусни беа и топли и оладени, ама мислам дека овие е најдобро да се изедат дента кога се правени. Јас правев пола доза, точно имаше за три. (Големи лименки, од 500мл)
Ги правев по овој рецепт, само на овие во долниот дел на силиконските калап ставив еден слој растопено киндер чоколадо, па ја додадов смесата од наполитанки и маскарпоне. Потоа ладни ги мрцкав во чоколадо.
@Peperutka-bt повели: Ф'стак - нутела со готови кори - 4 готови кори - малку млеко за корите Ф'стак фил - 400г крем сирење - 100г ф'стак крем - 50мл густо засладено кондензирано млеко (може мед наместо млеко) Се матат сите состојки со миксер. Нутела фил - 200г крем сирење - 3 полни лажици нутела Се мешаат со лажица, може и со миксер. Секоја кора се попрскува со млеко и се премачкува со ф'стак фил. Целата торта се премачкува со нутела фил и се декорира по желба. Спојлер
Вака, ќе ти ја напишам полесната варијанта т.е со готово лиснато тесто и готов пандишпан, немој да се мачиш како мене да правиш се домашно Ќе ти бидат потребни 1 готов пандишпан и 2 кори лиснато тесто. За кремот: •500 мл. матена слатка павлака •100 гр. млеко •25 гр. слатка павлака •2 жолчки •23 гр. шеќер •9 гр. нишесте •1 лажичка арома од ванила Во тенџере на оган додај го млекото, слатката павлака и аромата од ванила. Во сад за оган измати ги со жица за матење останатите состојќи, а потоа додај ги во тенџерето на оган кај веќе топлото млеко. Вари ги додека смесата стане густа, повремено матејќи со жица за матење. Готовиот слаткарски крем остави го да се олади покриен со стреч фолија. Откако ќе се излади со спатола се меша заедно со претходно изматената слатка павлака. За принцес крофни: •300 ml вода •150 ml зејтин •150 g брашно • 4 јајца Во тенџере стави водата и зејтинот да зовријат. Додади го наеднаш брашното и енергично мешај со дрвена лажица додека да се собери. Тргни на страна и остави потполно да се излади. Вклучи ја рерната да се загрева на 220 степени. Додади ги јајцата едно по едно во тестото, притоа матејќи со миксер со спиралните маталки. Ставете ја смесата во слаткарска кеса на која си ставила модла со широк отвор. Во плех на хартија за печење шприцајте округли форми. Се печат 25 минути, на 200 степени, без при тоа да се отвара вратата од рерната. Остави ги да се изладат и наполни ги со дел од готовиот крем. Филувај ја тортата во следниов редослед: испеченото лиснато тесто, крем, пандишпан, повторно испеченото лиснато тесто и на крај премачкај ја целата торта со кремот. Декорирај со трошките од лиснато тесто и принцес крофните.
Ти благодарам, повели: - 150г мелени бисквити - 200г мелени јаткасти по избор (јас измешав индиски ореви, бадеми, ф'стаци и лешници) - 300мл засладено кондензирано млеко (густо, треба да има конзистенција на мед) - 150г бело чоколадо (стопено) - 150г млечно чоколадо (стопено) Јас ги правев во калап со правоаголни форми. Може да се направат евентуално во калап за леб обложен со хартија за печење (ама тоа не ми е испробано со овој рецепт). Прво се става тенок слој стопено чоколадо, јас користев млечно и бело, може и само еден тип. Се остава да се зацврсти чоколадото. Сите останати состојки (освен чоколадото) се мешаат со лажица во длабок сад. Се полни калапот со смесата и одозгора се додава остатокот стопено чоколадо. Се декорира по желба. Треба убаво да се зацврсти смесата во фрижидер, јас пред да ги извадам го ставив калапот малку во замрзнувач. Ако е калап за леб, обавезно во замрзнувач 2 саати, па се сечат штангли. Спојлер
Секако, многу е лесна за правење За тесто - 6 јајца - 140г шеќер - 60мл зејтин - 60мл млеко - 90г брашно - 30г какао Се двојат белките и се матат во цврст снег со половина од шеќерот. Жолчките се матат со другата половина од шеќерот во посебен сад. Постепено се додаваат млекото, зејтинот, брашното и какаото. На крај се додаваат изматените белки и се меша убаво со лажица. Тестото се истура во голем плех (30×40) обложен со хартија за печење и се израмнува. Се пече во загреана рерна на 180 степени 15-20 минути. Се остава да се олади целосно. За фил: - 200г маскарпоне (може крем сирење) - 50г шеќер во прав (или по вкус) - ванила арома - 120мл слатка павлака Се мати маскарпонето со шеќерот. Се додава ванила и слатката павлака постепено со постојано матење. Кога ќе се измати слатката павлака, се премачкува изладената кора со филот по цела површина. Се сече на пет ленти со еднаква дебелина. Една лента се мотка во ролат и се поставува исправена на средина на чинија за торта. Секоја наредна лента се мота (лепи) околку првата (како пита). За ганаж - 100г чоколадо - 120мл слатка павлака Чоколадото се топи со слатката павлака и се остава да се олади. Треба да биде доволно оладено и густо за да може да се мачка. Се премачкува тортата од страните, па со се гребе со вилушка за да добие изглед на дрво. Се декорира по желба. Спојлер
Повели: - 250г мелени бискоф колачиња - 125г крем сирење - 250г бело чоколадо Мелените колачиња се мешаат со крем сирењето, се формираат топчиња и се оставаат во фрижидер најмалку еден саат. Чоколадото стопете го и обложете ги топчињата. Декорирајте по желба. Спојлер
кои бискоф колачиња заради проверен шмек ги користиш, и какво бело чоколадо? ( бојата е убава, интензивна)