Еве ја цитирај Сесилија таа стави слика како се сечат.Нот проблемас, ајде ти ги направи ке пробам од твоите, мене како ме фатило мрза. Рецепт ми даде ти мене за твоето трилече ?
@Kukla994 сега се вклучив на Фемина, така да ако сакаше вечерва да ги правиш кроасаните, каснам!!! Рецептот за кроасаните што си го цитирала во пораката е првичниот каде што ја имав испуштено количината на брашно!!! Неколку поста покасно бев „опомената“ па целосниот рецепт е следниов... Мислам дека кроасаниве ги направија над десет феминки и постираа фотки во Фемина Инстаграм ... И верувај, нема промашување, како и да ти излезат прекрасни се , сите ќе бидат „смачкани“ ...
Ti blagodaram. A samo da prasam, treba ednas da stasa testoto taka? Sigurno ke bidat ubavi, ke ima slika I pofalbi sekako(ako ne zablravam) @Winter Lady Amor jas te prasav togas dali se snajde so receptot Pol so ti go dade ama ne me recna Iskreno I neznam po kok recept go imav praveno tka trilece. Nekoi recepti ne gi zapisubam zaboravam I zatoa nema sleden lst na istoto, a toa bilo tolku ubavo...:/
Ti blagodaram. A samo da prasam, treba ednas da stasa testoto taka? Sigurno ke bidat ubavi, ke ima slika I pofalbi sekako(ako ne zablravam) @Winter Lady Amor jas te prasav togas dali se snajde so receptot Pol so ti go dade ama ne me recna Iskreno I neznam po koj recept go imav praveno toa trilece. Nekoi recepti ne gi zapisuvam zaboravam I zatoa nema sleden pat na istoto, a toa bilo tolku ubavo...:/
Се замесува тесто и веднаш се дели на осум дела. Од секој дел се расукува кора и се мачка со растопен маргарин. Се редат корите една врз друга и од сите се сука една голема кора - колку поголема толку подобро!!! Потоа големата кора се премачкува со остатокот од маргаринот и се сече на четири дела. Секој од нив повторно се сече на седум дела (4 x 7 кроасани). Се обликуваат кроасаните кои може да се филуваат со сирење, шунка, кашкавал... или да останат празни. Се редат во подмачкан плех со маргарин на поголемо растојание за да не се слепат при печење ( дозата е „таман“ за два пеха од шпорет!). Се оставаат 2 часа да надојдат и се печат!!! Еве ма, одма се меси и се сука, а не да се оклучиш на фемина и да ги оставиш.Ке си ги месиш, осукаш, ке ги наредиш во плех, и заборај (оваа како фичо на мои рецепти, хахаа, многу ми е смешен кога зборува) ги 2 саати и дреми на фемина.После 2 саати нека ти текне и оди на печење. Прочитав, но мислев сум вратила, сум заборавила во моментот, почнав да стареам.Многу бев психички истоштена периодот не земарај, и плус планирав да се откажам 2-3 месеци од форумот.Не бев активна, преку два три дена пишував.Ќе се потрудиш да гонајдеш, и јас некогаш на лист ги пишувам и кога ги правам го фрлам листот.Дека сакам секогаш нови рецепти да испробувам.И тоа на погба го знам од моирецепти е.
Тестото се меси со ладно млеко и јогурт!!! Стасува само еднаш - 2 часа, сметано одкако ќе се формираат кроасаните!!!
@Winter Lady @Val-Dim vi blagodaram na dvete. Aj sea uste ova da ve prasam ne me karajte So slatko, dzem, marmalada...mozat da se filuvaat ili mora so nesto soleno? Poso testot e neutralno cinam? A za trileceto zlatna ic ne me pitaj, vrska nemam po koj recept sum go shlakala:/
@sesilija ги правеше солени, еве нека ти каже дали треба да го намалиш шеќерот, а ти пак солени ли сакаш, направи си ги благи ма. @Abrakadabra Правеше ли мор торта за рожден ден ? Или купи, те занема во темата не не дружиш веќе
Рецептов е измислен, но сепак како за таков беше супер. Инаку е доста лесен, прелесен. Основата му е биена слатка павлака во која ставив овошен јогурт и плус шеќер по вкус. Смесата доаѓа некако доста потечна, па затоа му додадов и кесичка желатин (зборувам за половина литар слатка павлака и половина литар овошен јогурт (со вкус на шумско овошје)). Желатинот прво се накиснува во малку ладна вода (50мл), а потоа го ставив на оган, само треба внимание да не врие, зашто така го губи својството на желирање. Значи само колку да се растопи и веднаш се меша со избиената павлака и овошен јогурт. Долниот дел доаѓа бледо розево, од самиот јогурт. Додека и горниот дел е ист, само во него ставив аронија, колку да се промени бојата. Додека средишниот дел е остаток од краевите на торта која тогаш ја правев и ми остана. За негова замена може да бидат одлична солуција и некои готови тортички, пример оние на Винчини.
Кукличке какво карање ... Тестото е неутрално, па можеш кроасаните да ги правиш по желба, благи или солени!!! Не треба да ја намалиш количината на шеќер!!! Од рецептот се добиваат два плека (од шпорет) кроасани, па можеш пола солени, пола благи да ги филуваш!!! Тема велиш??? Па, според тоа колку девојки замесија кроасани - може !!! Мислам дека кроасаните се еден од најправените рецепти во последниве месеци!!! А и морам да ги пофалам сите што ги направија ... Сите постираа прекрасни фотки од успешно направени кроасани !!! Еве уште фотки од кроасаните... Овие ги печев за мојот роденден, ама не верувам дека ќе „траат“ до среда ...
@Val-Dim , колачињата? Месецов сум на тема колачи. Овие или се со интегрално брашно или со мелени ореви,м? Погодив ли? Како и да е, изгледаат вкусно.
@Val-Dim, @Winter Lady и јас ги направив кроасаните, ама може дека не стави слика не се важи?! Имам уште замрзнати, ќе ги сликам ако треба, хехе... туку, пишувам затоа што ќе ви кажам јас како направив. Си го замесив тестото како што е наведено во рецептот - арно ама, не правев осум топчиња, туку направив 3 x 8, фактички, на три дела го поделив целото тесто, па од секој дел по осум топчиња, и кога ја сукав големата кора од тие осум топчиња, не ги делев четвртинките на седум парчиња, туку на три. Супер ми излегоа, помали, и полични. Дел полнев со мармалад (тие одма отидоа), празните ги замрзнав, вадам по потреба. Инаку за рецептот, можам да кажам дека навистина е супер.
@do-re-mi погоди, колаченцата се со интегрално брашно... Понекогаш ставам и мелени/сецкани ореви, а некогаш се само со суво грозје... Интегрални колачи 1 коцка „Кристал“ маргарин 2 јајца 200 гр, кафејав шеќер (може и бел шеќер) 1 лажичка цимет 100 гр сецкано суво грозје (или сецкани ореви) 500гр интегрално брашно 1 пециво Од сите состојки се замесува меко тесто, се развлекува кора и со модла се сецкаат колаченца. Се печат на масна хартија, кратко, само благо да заруменат!!! @Annath !!! Добредојде во друштвото на Фемина кроасанџики ... Мислам дека секој што ги направил еднаш кроасаните по овој рецепт, ќе го „означи“ како омилен на семејството и често ке ги прави!!! Инаку, и јас понекогаш, кога сакам помали кроасани не ја сечам „по рецепт“ кората!!! Си сецкам колку и како сакам...
@Annath Без слика, не признавам, и не сватив како си сечела. Само уште јас останав што не ги направив.Се срамам веќе.Ќе ги замрзнам и јас, само убаво да се оладат.Последниот пат така касно вечерта правев кифли полнети со мармалад, и со урда и лукче, па ми се спиеше веќе, и не ги чекав скроз да се оладат, па после се изгмечија.Изгубиле форма. Ова не ти го разбрав За дека си ги сечела на 3, а не на 7 разбрав, ама би требало да се поголеми, штом се сечени на 3, а не 7.
@Winter Lady, еве ќе ти објаснам. Во оригиналниот рецепт целото тесто се дели на осум топчиња кои се сукаат поединечно и се мачкаат со маргарин и се редат едно врз друго, па од така наредените топчиња се сука една голема кора (колку што е можно поголема) и се сече прво на четири, а после секој дел на седум парчиња. Јас немам толкава работна површина за толку голема кора, па целото тесто што го добив откако ги замесив состојките го поделив на три дела. Секој од тие делови го поделив на осум топчиња. Првиот дел со осум топчиња го сукав секое посебно, мачкав и редев исто како за големата кора, па го сукав тоа да добијам што е можно поголема кора. После тоа ја сечев на четири (исто како големата), само наместо седум парчиња, исеков по три од секоја четвртина. Така со секој дел од тестото. Дали ме разбра сега? Може да одземе малку повеќе време, ама јас за еден час бев готова со тестото и сукањето.