- 220г брашно - 60г мелени бадеми - пола лажичка пециво - прстофат сол - рамна лажичка цимет - 170г омекнат путер - 140г шеќер - 1 големо јајце - ванила арома Измешајте ги брашното, мелените бадеми, пецивото, солта и циметот. Во посебен сад изматете ги путерот и шеќерот. Додајте ги јајцето и ванилата. Изматете убаво, па додајте ги сувите состојки дел по дел. Формирајте плочка од тестото, замотајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер најмалку два часа. Расукајте кора, извадете форми по желба и печете во загреана рерна на 180 степени, 10 - 15 минути зависно од големината на колачињата. Декорирајте по желба. Ова е за белите колачиња со чоколадо. Во темните колачиња има плус какао во тестото. Црвеното врз колачињата е сушена малина. Спојлер
Е сега ова е оригинален рецепт шо го најде мајка ми. Како side note: семињата не ги ставаме во текот на месењето не е за нас. Мајонез Томи посен е најдобар и ненормално меки се кифличките и од ко ќе се оладат. Од горе ги мачкам со растопен сенф во вода за поќе вкус плус за боја (да не е претечно, ама да не е ни чист сенф) па ставам сол оти не се нешто особено солени и сусам или ким.
Знам дека ги спомна во некоја тема и дека рече дека има и сенф, гледам во рецептот го нема, после видов во твојот коментар дека го ставаш одозгора. Баш ќе ги пробам, таман за слава и за Нова Година
3 јајца 10 лажици шеќер Ги матиш овие додека не биде густа смеса После додаваш сè наеднаш: 10 лажици млеко 10 лажици масло 12 лажици брашно Ванилин шеќер цело пакетче Пола пакетче прашок за пециво Печеш на 200 степени 15-20 мин зависно од рерна, калап на тепсија не знам *Јас додадов какао на страна, не мерев колку, само гледав да биде што потемно, за да биде шарено, на многу малце делче од смесата.
Бисквитот ми е по рецепт за чупавци, само што ставив помалку брашно а ставив какао. За филот 500 мл млеко со 2 пудинзи од кокос, кога ќе се олади се миксира со 200 мл хопла, и кокос ќе туриш малку. Од озгора чоколадо стопено со малку масло и млеко, и декорирано со шлаг и малку кокос.
2кг брашно 500гр зејтин 1л топла вода 1 квасец 10л мали сол 20л мали шеќер Од овој рецепт ми се и кифличките, ама јас дека многу правев па ја направив цела доза, ти можеш да си ја скратиш нормално.
- 3 белки - околу 450г шеќер во прав (просеан) Белките ги матам додека да станат пенести, па го додавам шеќерот постепено. Кога ќе го додадам целиот шеќер матам уште минутка. Го делам во мали чинии, додавам гел бои и по многу малку водичка додека да добијам густина што ми одговара. Совршената густина уште ја утврдувам, лани прв пат шарав колачиња. Добро е што може секогаш да се поправи, со додавање вода или шеќер во прав (многу е полесно да се разреди отколку да се згусне, затоа внимателно додавам секогаш по пола лажичка или по неколку капки вода).
Па не е премногу, рецептот го правам незнам колку пати веќе. Нормални излегуваат кифличките или било што да правиш, ниту се солени, ниту па благи, баш таман.
За ѓумбир колачињата: https://sallysbakingaddiction.com/best-gingerbread-cookies/#tasty-recipes-71005 Само наместо меласа, ставив мед и малку какао за да добијат поубава боја. Зачини ставам по вкус, не точно како што е наведено. Излегуваат многу колачиња, јас помалку од пола тесто испеков, околу 13-14 колачиња ми излегоа. За путер колачите: https://sallysbakingaddiction.com/best-sugar-cookies/ Само екстракт од бадем не ставам. За ајсингот имам пишано на истава страна, малку погоре Спојлер