Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    @Anika55 те молам за рецепт за браунис колачите што ти беа исечени како трисголници па декорирани како ирвас, снешко, капа дедо мраз…

    и колку дена може да стојат, т.е да се спремат порано?
     
  3. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    61.564
    Пол:
    Женски
    Рецептот за брауни е овој
    Превкусно е браунито, со тоа што јас го печев во округол калап од 20цм, ама мислам дека за овој рецепт со фростинг и на стапче, подобро би било да се пече во малку поголем калап (23-24цм макс), за да бидат потенки парчињата. Беа доста дебели и тешки и особено додека е тазе браунито лесно да се раскрши и распаѓа. Кога ќе се олади целосно, се сече на парчиња, ако има потреба се израмнува горниот дел и се става "стапче" од пошироката страна. Јас користев хартиени цевки како стапче.

    Фростинг:
    - околу 100г крем сирење
    - околу 100г омекнат путер
    - 400-500г шеќер во прав (просеан)
    - ванила
    - прстофат сол
    - гел бои
    - по потреба слатка павлака/млеко

    Прво се мати путерот, па се додава крем сирењето. Кога ќе се соединат убаво се додава шеќерот постепено, па ванилата и солта. Ако стане премногу густо, може да се разреди со 2-3 лажици слатка павлака или млеко.
    Се дели во посебни чинии и се додаваат гел бои. Се декорира по желба.

    Браунито мене ми е највкусно тазе, инаку може да стои во фрижидер покриено (во сад со капак) и две недели. Ама ќе се стврдне/исуши.
    Фростингот може да се направи и неколку дена унапред и да стои во фрижидер во затворен сад. Пред употреба треба да отстои на собна температура за да може да се користи.

    20241216_104730.jpg
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    3.108
    Пол:
    Женски
    Анат, дали колачињата се тврди или меки?
    И ако може рецепт во соодветната тема :)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.750
    Пол:
    Женски
    Меки се ако не претераш со печење, 10 минути максимално да останат во загреана рерна, не повеќе. Дури и денес се меки.
    По овој рецепт ги правев
    https://myhomemaderecipe.com/recipe...iWW4erQ2crsA8XcFSQ_aem_VzwpOCurBNwZwP1MSjgwHw
     
    На Мравојад му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ne znam koj

    Ne znam koj Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
  7. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    2.528
    Пол:
    Женски
    @theowndemon пак јас :D Може рецепт за посните колачиња?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.733
    Допаѓања:
    168.808
    Пол:
    Женски
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    7.905
    Пол:
    Женски
    Предобро изгледа:inlove: А верувам и дека е вкусно. И сè друго што објавуваш, се гледа дека е со кеиф правено.

    Може рецептче? И чашиве и лажичкиве од каде се купени?:D

    Ова зеленото одозгора крем од ф'стак ли е? Од каде е купен?
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    61.564
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :f:

    - 150г мелени бисквити
    - 70г стопен путер

    - 300г крем сирење
    - 200мл слатка павлака
    - 100г шеќер во прав
    - ванила арома

    Путерот се меша со мелените бисквити и се натапкува на дното од чашките.
    Крем сирењето се мати со шеќерот во прав и ванилата, па постепено се додава слатката павлака, со постојано матење. Готовиот фил распоредете го во чашките и додајте вкусови по желба.
    Чашките се од 150мл.
    20241223_100826.jpg

    Кремот од ф'стак е од Кам, чашките од Тему, а вилушките од Пепко :)
     
    На Mawoto-Stefi и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  11. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.325
    Допаѓања:
    4.702
    Пол:
    Женски
    Женски да ми кажите рецепт за банана леб без шеќер :)
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.733
    Допаѓања:
    168.808
    Пол:
    Женски
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    61.564
    Пол:
    Женски
    - 100г кокос
    - 1 конзерва кокосов крем (само цврстиот дел, без течност)
    - засладувач по желба и по вкус (агаве, јаворов сируп)
    - 50г мелени сушени малини (freeze dried)
    - 2 лажици кокосово масло

    - околу 150г темно чоколадо

    Сите состојки освен кокосот и чоколадото ставете ги во тенџере на тивок оган, додека да се растопат кокосовиот крем и маслото. Тргнете од оган, додајте го кокосот и измешајте добро. Оставете смесата да се олади доволно за да може да се формираат топчиња.
    Ставете ги топчињата во фрижидер да се стврднат убаво. Чоколадото стопете го со мала количина кокосово масло. Обложете ги топчињата со чоколадо и декорирјате по желба.

    20241225_110059.jpg
     
    На Salome и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Дечкии, рецепт за фокача, полесен некој за почетник и сефте??
     
  15. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
  16. mucka3

    mucka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
  17. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    5.676
    Пол:
    Женски
    @Anika55 и решетката за во Air fryer е дел со него или дополнително купена?
    Кај мене нема таков додаток, па ако се купува дополнително да барам.

    Исто и рецепт може да споделиш.
     
  18. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    61.564
    Пол:
    Женски
    - 240мл млако млеко
    - пакување инстант квасец
    - 80г шеќер
    - 80г стопен путер
    - 1 јајце (собна температура)
    - 360г брашно
    - прстофат сол
    - спреј масло за готвење

    Квасецот измешајте го со млекото и 1 лажичка од шеќерот.
    За тоа време измешајте ги јајцето, путерот и шеќерот. Јас го правев тестото во процесор, може и рачно, ама тестото е многу лепливо, ќе биде малку потешко за работа. Важно е да биде повлажно и полепливо, зашто ако е како стандардно тесто за крофни, ќе излезат премногу суви.
    Додајте го млекото со квасецот, измешајте, па додајте ги брашното и солта. Обработете околу 5-6 минути, додека да добие еластичност. Префрлете го тестото во намрсен длабок сад и покријте го. Оставете да стасува саат - саат ипол.
    Извадете го на набрашнета површина и расукајте подебела кора (околу 1,5 - 2 цм). Извадете форми, наредете ги на набрашнета површина и покријте ги да стасаат уште 20тина минути.
    "Пржете" ги дел по дел, зависно по колку собира. Испраскајте ја корпата од ер фраерот со масло (или намачкајте со четкичка), наредете ги крофните па испрскајте/премачкајте ги и нив со масло. Јас ги пржев околу 7 минути на 175 степени. Зависно од големината на крофните, може да биде потребно пократко или подолго време, проверувајте обавезно.

    Кога ја извадив првата тура малце се разочарав. Имаа малку подебела коричка и личеа како печени лепчиња одозгора :)
    Ама внатре беа душа. Тука на лице место 2 мавнав, топли. Нареден ден веќе не се толку меки, ама тоа важи за сите крофни. Не се исти како пржени, се разбира. Ама се далеку подобри од печени.
    Глазура може по желба. Јас измешав околу 300г шеќер во прав со неколку лажици млеко, ама ми остана доста, мислам дека и 200г шеќер ќе биде доволно за оваа доза.

    20250102_104723.jpg

    Решетката е од Тему. Има разни додатоци за ер фраер, само обавезно проверувај димензии ако нарачуваш.
    Многу е практична, само тоа што се пржи на решетката, пожелно е да се сврти во текот на готвењето, зошто од долната страна поспоро се готви.
     
    На Miss_S и zvecarka им се допаѓа ова.
  19. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Благодарам
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.692
    Допаѓања:
    7.978
    Пол:
    Женски
    Рецепт за вафли убави да ми дадете?:D