@Anika55 дали може да ми предложиш некој рецепт за торта за роденден(доколку можеш и не си зафатена), ќе спремам за ќерка ми ,имаш преубави рецепти, некој кој тебе ти оставил посебен вкус ,било каков вкус ми одговара ,само да ми се погоди ,да не е нешто мн тешка за спремање.Извини ако задевам.
Еве ќе го ископирам ова постаро мислење, се надевам ќе ти даде инспирација. Ти правиш преубави торти, сигурна сум дека ќе биде ремек дело и едвај чекам слика
Секако, повели: - 3 јајца на собна температура - 130г шеќер - рендана кора од 1 портокал - 50мл млеко - 50г фино мелени ф'стаци - 1 лажичка пециво - 80г брашно - прстофат сол - 125 милилитри кондензирано млеко - 125 мл засладено кондензирано млеко - 200мл полномасно млеко - 2-3 лажици крем од ф'стак - готов прелив со вкус на ф'стак Одвојте ги белките од жолчките. Измешајте половина од шеќерот со кора од портокал и убаво иатријте со прсти. Потоа додајте ја оваа мешавина кај жолчките и измешајте со жица. Додајте го млекото и измешајте, па на крај додајте ги брашното, пецивото и солта и измешајте со лажица до соединување. Во посебен сад изматете ги белките со постепено додавање на другата половина од шеќерот. Цврсто изматените белки додавајте ги кај смесата од жолчки, дел по дел. Мешајте со лажица, не со миксер или жица. Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење. Мојот калап е со димензии 24×14цм, а ќе одговара и четириаголен сад од 20цм. Печете во загреана рерна на 180 степени 40тина минути. Оставете да се олади целосно. Измешајте ги сите три вида млеко со кремот од ф'стак, додека да се растопат кондензираното засладено млеко и кремот. Избоцкајте ја тортата на повеќе места и рамномерно посипете ја со течноста. Оставете во фрижидер да впие убаво, најдобро преку ноќ. Премачкајте со прелив од ф'стак и послужете. Спојлер
Првото ми беше пробно зошто има тофу, а јас тофу не јадам ама се пробвам. Арно дома јадат за ко ќе пробвам да има кој да дојади. Пропржив ситно сецкано тофу, јас користам firm оти само то некогаш го толерирам (блендирано, сега се пробвав на ситни парчиња, ама џабе). Зачинав од око, користам зачин за пилешко (мајоран, лук во прав, рузмарин микс е ама се вика „зачин за пилешко“), сол, бибер. Скршив јајце и мешав. Па доматен сос. Пак мешање. И толку. Од горе млад кромид. Ок е. Ама нешто ми фалеше. Не сум фан на доматен сос во јајца можи прв пат тофуто не ми беше проблем, можи требаше со кечап да одам. Исто од кога ставив доматен сос ставив уште сол и бибер по вкус, сув магдонос и малку босилек. Ама ова ептен зависи ти какви вкусој си сакаш. Второто е најобична каша со брашно и печурки. Пропржени печурки, растворам брашно во ладна вода и го загревам со печурките до вриење или дур се згусни. Некогаш користам и ќесички со вкус на печурки, знам Стокомак има едно вкусно ама денес немав па зато брашно. Денес немав, често ставам и сув врган кога го носам до вриење. Сув врган ми е game changer за сосој. И третото ми е омилената ужинка, печен наут со зачини. Ја цедам теглата, ставам во вангла така дур е влажно за да залепат зачините и ставаш шо зачини сакаш. Јас клавам: лута буковска пипер, сол, бибер, од тој зачинот за пилешко миксот, лук во гранули, сув магданос. Shake Shake. И на хартија за печење во тавче ама да има простор меѓу зрната за сите да се крцкави. На 200 ги печам. јас ги сакам по суви, ама то ќе си откриеш ти дали ги сакаш помеки или потврди.
@theowndemon Кога ќе можеш пиши рецепт за тоа кремастото во чаша,печената овесна каша,салатата и последниот сос со мелено месо
@La-loca повели. Месото се сече на коцки (по желба може и пилешко и телешко), се зачинува по желба, се пропржува да зарумени, се додава вода, 100 мл. бело вино, се динста 1 саат, се додаваат домати или доматно пире, на крај се додава кромидот крупно исецкан, морков, пиперки, лук и печурки по желба. Се остава уште малку да подинста, колку да омекне кромидот и се става во тепсија, се пече уште 20-на минути.
Даааа, ултра лесна за правење и превкусна. Само мислам дека не е соодветен рецептот за без шеќер. Може да скратиш од количината, ама целосно без шеќер мислам дека нема да биде убава. - 200г мелени бисквити - 2 лажици какао - 120г стопен путер - 400г крем сирење (собна температура) - 100г шеќер во прав - ванила арома - 200мл слатка павлака - 120мл јако кафе - 8-10 пишкоти - 150мл слатка павлака - 1 лажичка инстант кафе + 1 лажичка вода - ванила - шеќер во прав по вкус - малку какао за одозгора Најпрво направете го кафето, за да има време да се олади. Мелените бисквити измешајте ги со какаото во подлабок сад, па додајте го путерот и убаво измешајте. Натапкајте во калап за чизкејк и оставете во фрижидер. Крем сирењето изматете го кратко со шеќерот во прав и ванилата. Потоа додавајте ја слатката павлака, малку по малку, додека да се измати убаво. Половина од филот распоредете во калапот врз основата и израмнете. Мацнете ја секоја пишкота кратко во кафе и наредете врз филот. Исечете ги по потреба пишкотите, за да покриете максимално површина. Врз пишкотите, додајте ја другата половина фил и израмнете. За шлагот, изматете ја слатката павлака со шеќер во прав, ванила и една лажичка кафе растворена во многу малку водичка. Нанесете со слаткарски шприц/кеса со форма по желба. Оставете во фрижидер преку ноќ. Пред послужување поросете со какао. Мојот калап е 18цм, за 23-24цм калап, дуплирајте ги состојките. Спојлер Ова е направено со кеси за декорирање и различни врвчиња. Ги има секаде, ама последно од Тему имам испонарачано. Пребарај piping nozzles или piping tips. Има различни по супер цени. А кесите пребарај ги како piping bags. Поголемите кеси се попрактични Спојлер Едит: и ти благодарам за убавите зборови
@Anika55 , во првиот дел со крем сирењето, слатката павлака така течна се додава? Неразматена претходно?
Да, течна ја додавам. Може и да се измати во друг сад, па да се измеша со лажица, ама вака мене ми е полесно, ем помазен ми излегува филот.
Рецепт за ова? Со путер крем ли се цветовите? Неколку врсти филови имам пробано ама веројатно "помек" филот е па не испаѓаат убаво дефинитивно цветови.
Цветовите се од путер крем (American buttercream). Омекнат путер со шеќер во прав, во сооднос 1:2. Може да се додаде ванила арома и лажичка-две слатка павлака по потреба, за дотерување на структурата. Сите состојки треба да бидат на иста (собна) температура, а шеќерот задолжително просеан. @јolene ти благодарам, ова е лесно за изведба, ама ефектно. Те охрабрувам да се обидеш Туториали има еден куп, јас ова го гледав: @Miss_S цаката е да се погоди кремот. Ако е премногу мек, дефинитивно нема да успее, ако е премногу тврд, нема да може да излегува низ врвчињата, може и да пукне кесата. Повели подолу рецепт од колачот. Одозгора наместо ганаж, јас ставив путер крем што ми беше останат од друго, само му додадов какао. https://www.girlversusdough.com/the-best-chocolate-pound-cake/#tasty-recipes-14648