1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. La.RagazzaMisteriosa

    La.RagazzaMisteriosa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    10.844
    Пол:
    Женски
  2. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    70.471
    Пол:
    Женски
  3. BORKA

    BORKA Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Њоки во сос. Пржиш кромид, рендан морков, печурки. Додаваш доматен сос и малку водичка да се згусне. Ги додаваш претходно варените Њоки. Одозгора рендаш кашкавал.
     
    На rainbowec, Manako2, Ne znam koj и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
  5. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    70.471
    Пол:
    Женски
    Секако, повели:

    - 220г путер
    - 220г темно чоколадо
    - 60г какао
    - прстофат сол
    - 7 јајца
    - 270г шеќер

    Путерот стопете го заедно со чоколадото, па додајте го какаото и измешајте добро со жица. Жолчките одвојте ги и матете ги со половина од шеќерот околу 2-3 минути. Додајте прстофат сол.
    Белките изматете ги во посебен сад, постепено додавајќи го остатокот од шеќерот. Треба да добиете цврст шлаг.
    Додајте ја смесата од жолчки постепено кај стопените чоколадо и путер. Измешајте добро.
    Потоа, додајте ги и белките, дел по дел, со внимателно мешање. Целта е да се изгуби што е можно помалку од воздухот во белките при мешањето.
    Кога сместаа е целосно соединета, истурете околу 2/3 во убаво намрсен калап за печење (23цм). Печете во загреана рерна на 200 степени 25-30 минути.
    Остатокот од смесата покријте го и оставете во фрижидер.
    По печењето, оставете ја тортата да се излади целосно. Кога ќе се олади на собна температура, поставете ја на плехче обложено со хартија и одозгора премачкајте со останатиот дел од смесата (околу 1/3). Печете уште еднаш, во загреана рерна на 200 степени, околу 10-15 минути или додека да фати тенка коричка. Послужете топло.
    *Јас правев пола доза, во калап од 20цм.

    20250315_113450.jpg
     
    На naturally, eliesaab, Peperutka-bt и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.050
    Допаѓања:
    9.873
    Пол:
    Женски
    Може рецептче? И јас некој ден ќе си ја напраам.:D
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    589
    Пол:
    Женски
  8. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    70.471
    Пол:
    Женски
    Повели:

    - 1 конзерва наут (400г)
    - 80г путер од јатки
    - 80г мед (може да се замени со друг течен засладувач)
    - 40г какао

    - 150г темно чоколадо
    - 1 лажичка кокосово масло

    Наутот измијте го и исцедете го добро. Ставете го заедно со путерот, медот и какаото во процесор за храна или блендер. Обработете додека да добиете мазна смеса. Ако смесата е премногу мека за да држи форма, оставете ја во фрижидер 1-2 часа. Потоа, формирајте топчиња.
    Стопете го чоколадото со малку кокосово масло и обложете ги топчињата.

    Јас ставив путер од индиски ореви и беа преубави. Ама мислам дека со путер од лешници или кикирики ќе бидат уште подобри.

    20250323_104435.jpg
     
    На pamelche, MeowMeow, Antebellum и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    10.546
    Пол:
    Женски
  10. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    70.471
    Пол:
    Женски
    Повели :)

     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    10.546
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :*
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    25.968
    Пол:
    Машки
    3 јајца
    100 грама црно чоколадо
    Ванила екстракт
    Крем без шеќер

    Чоколадото се топи и се остава да се излади, додека стане млако, не смее да е топло (моето беше потопло од што треба)

    Се двојат белките од жолчките, се матат белките додека не се создаде цврста пена.

    Се става од пената во длабок сад, се додава чоколадо, жолчка и пециво, рачно се мати да се соедине, се додадава остатокот од белка, жолчка и чоколадо и нежно со дрвена лажица/шпатула се промешува да се соединат состојките, но да се задржи пената што е можно повеќе.

    Се става во калап/сад за печење и се пече во ер фраер на 165 степени околу 35-40 минути, зависи од фраерот. (За да не биде суво, се става малку вода во ер фраерот)

    Се остава да се олади и се премачкува со крем без шеќер одозгора (и останати декорации по желба).
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.938
    Допаѓања:
    203.221
    Пол:
    Женски
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Имате ли некој добар рецепт за Куглоф ? ☺️
     
  16. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    @Anika55 видов имаше споделено Куглоф со портокал, изгледа сочно. Може ли рецепт, не успеав да најдам ☺️ Фала
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    9.809
    Пол:
    Женски
    4јајца,14лаж.шекер се мати па се додаваат 8лаж.зејтин,12лаж.млеко,2ванили и пола пециво помешано во 12лаж.брашно.
     
    На sagittarius57 и Anika55 им се допаѓа ова.
  18. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    70.471
    Пол:
    Женски
    Повели:

    - 1,5 чаши брашно
    - 2 лажички пециво
    - прстофат сол
    - 3 јајца
    - 200г грчки јогурт (може павлака)
    - 1 чаша шеќер
    - 1 ванилин шеќер
    - рендана кора од 1 портокал
    - 50мл свежо цеден сок од портокал
    - пола чаша зејтин

    Измешајте ги брашното, пецивото и солта.
    Кората од портокал измешајте ја со неколку лажици од шеќерот и убаво истријте со прсти, да пушти арома.
    Во подлабок сад изматете ги со жица јајцата и шеќерот, додајте грчки јогурт, сокот и кората од портокал, ванилата и на крај зејтинот. Измешајте добро, па додајте ги сувите состојки. Измешајте колку да се соедини, па истурете ја смесата во убаво намрсен калап за куглоф. Печете во загреана рерна на 180 степени 50-тина минути. Времето на печење прилагодете го според вашата рерна. Пробајте со чепкалка или со прст (при лесен притисок, штом се враќа нагоре тортата, готова е).
    Чашата е од 200мл.
    20250320_123824.jpg

    И овој е убав

     
    На sagittarius57 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Што се ќе приготвите за велигденската трпеза, ако може некоја идеа, благо соленко? Ви благодарам
     
  20. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.764
    Пол:
    Машки
    На boomsleng и Anika55 им се допаѓа ова.