Секако, повели: - 150г брашно - 100г шеќер - 1 ванилин шеќер - 50г солени, печени ф'стаци (мелени) - 1 лажичка пециво - на врвот на лажичка сода - пола лажичка цимет - на врв на лажичка мешавина од зачини (ѓумбир, морско оревче) - 120г рендани моркови - 50г кафеав шеќер - 60мл зејтин - 120мл јогурт - 1 јајце За фростинг - 120г крем сирење (на собна температура) - 150мл слатка павлака - 3-4 лажици шеќер во прав - ванила арома Измешајте ги брашното, пецивото, шеќерот, ф'стаците, ванилата, пецивото, содата и зачините. Во посебен сад измешајте ги морковите, кафеавиот шеќер, зејтинот, јогуртот и јајцето. Додајте ги сувите состојки и измешајте со лажица до соединување. Истурете во калап за печење (20цм). Печете во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути. Оставете да се олади целосно. За фростингот, изматете го крем сирењето со шеќерот и ванилата. Додавајте ја слатката павлака, малку по малку, со постојано матење. Премачкајте ја оладената торта со фростинг и декорирајте по желба. Спојлер
Повели: - 200г мелени ореви - 50г какао - 300г урми без семка - 200г путер од лешник - ванила - прстофат сол Ганаш: - 250г чоколадо за готвење - 1 конзерва кокосово млеко (отстоено во фрижидер) Во процесор за храна обработете ги сите сите состојки додека да добиете изедначено тесто. Натапкајте во четириаголен калап (22-23цм) и израмнете. Оставете во фрижидер додека да подготвите ганаш. Од една конзерва кокосово млеко, одвојте го цврстиот дел и додајте во мало тенџере на оган (средна јачина). Чоколадото исецкајте го поситно. Штом ќе се стопи млекото и ќе почнат првите мали меурчиња (внимавајте да не зоврие), истурете го врз чоколадото. Оставете да стои 2-3 минути, а потоа мешајте со лажица додека да добиете мазен ганаш. Истурете во калапот и декорирајте по желба. Треба да отстои во фрижидер за убаво да се стегне, најдобро преку ноќ. Спојлер
Повели: - 200г мелени бисквити - 100г стопен путер - 200г стопено тоблероне - 500г крем сирење - 120г шеќер во прав - ванила арома - 250мл слатка павлака - 150г сецкано тоблероне Декорација: - слатка павлака/шлаг со шеќер - стопено чоколадо - коцки тоблероне Путерот и мелените бисквити убаво измешајте ги и натапкајте во калап за чизкејк (мојот е 18цм). Стопете 200г тоблероне и оставете го на страна. Крем сирењето изматете го со шеќерот и ванилата. Додајте го степеното чоколадо и изматете. Потоа додавајте слатка павлака, малку по малку, додека да се измати убаво, целата количина. На крај додајте сецкано тоблероне, измешајте со лажица и истурете во калапот, врз основата. Израмнете убаво и оставете во фрижидер преку ноќ. Декорирајте по желба. Спојлер Прв слој: - 300г урми без семка - 30г путер од јаткасти - 30г какао - 100г мелени ореви Втор слој: - 250г чоколадо за готвење - 150г таан Додајте ги сите состојки за првиот слој во процесор или блендер. Обработете до соединување, а потоа натапкајте ја смесата во калап (мерките одговараат за четвртаст сад од 20цм, а мојот е правоаголен 24×14цм). За вториот слој, стопете го чоколадото, па додајте го таанот. Мешајте додека да се соединат, па додајте врз првиот слој. Оставете во фрижидер преку ноќ. Јас овде ставив путер од кикирики и мислам дека не беше баш најсоодветен избор. Мислам дека поубаво би било со путер од бадеми или индиски ореви. Спојлер
Брашното е "произволно". Прво се меша се течно и се додава брашното полека дур е "таман". И иако пиши 1 јајце за матење, овај пат само со матена жолчка се од горе.
Повели За брауни - 200г темно чоколадо - 150г путер - 200г шеќер - 3 јајца - 100г брашно - прстофат сол За мус од малина - 300г смрзнати малини - 3-4 лажици шеќер - 1 желатин - 250мл слатка павлака За прелив - 100г темно чоколадо - 50г путер Стопете ги путерот и чоколадото. Додајте го шеќерот и измешајте добро. Потоа додајте ги јајцата, едно по едно. А на крај додајте брашно и сол и измешајте. Истурете во намрсен калап и печете во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути. Оставете да се олади целосно. Желатинот ставете го во малку вода да набабри (според упатството на пакувањето). Малините одмрзнете ги, изблендирајте ги и процедете за да ги отстраните семчињата. Потоа додајте ги во мало тенџере со шеќер и гответе кратко (додека да се стопи шеќерот). Тргнете од оган, додајте ги желатинот и мешајте додека да се растопи. Оставете да се олади. Изматете ја слатката павлака, па додајте го изладеното пире од малини и измешајте убаво. Истурете врз оладеното брауни, израмнете и оставете во фрижидер (најдобро преку ноќ). За прелив, стопете ги чоколадото и путерот, па прелијте врз колачот. Оставете кратко во фрижидер за да стегне и исечете на парчиња. Спојлер
@Anika55 ke moze recept za svedskata badem torticka? I edno prasanje plus od kaj gi imas zemeno tie ko listovi od badem?
Повели рецепт: Тесто - 5 белки - прстофат сол - 70г шеќер - 150г мелени бадеми Фил - 5 жолчки - 100г шеќер - 1 ванилин шеќер - 100мл слатка павлака - 125г омекнат путер За одозгора: - бадем во лист Во длабок сад изматете ги белките со солта. Штом ќе станат пенести, почнете постепено да го додавате шеќерот. Кога ќе го додадете целиот шеќер, матете уште минута-две, па додајте ги мелените бадеми и измешајте со лажица. Поделете ја смесата на два еднакви дела и додајте во убаво намрсени калапи за печење (20цм). Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути. По печењето, оставете ги корите целосно да се оладат. Жолчките и шеќерот измешајте ги убаво со жица. Слатката павлака загревајте во тенџерче, до пред да зоврие. Додајте ја слатката павлака кај жолчките, полека и со постојано мешање. Потоа, вратете ја смесата во тенџере на оган. Гответе со постојано мешање, додека да згусне филот. Потоа покријте за најлонска фолија директно врз филот (за да не фати кора) и оставете да се олади до собна температура. Путерот изматете го во длабок сад. Потоа додавајте малку по малку од филот и матете. Наместете една кора на чинија за сервирање и премачкајте со фил. Потоа поставете ја и другата кора и филувајте ја тортата одозгора и од страните. Бадемите ставете ги во загреана нелеплива тава додека да се потечат. Постојано мешајте со дрвена лажица, за да не загорат. Распоредете ги по целата површина на тортата. Оставете во фрижидер барем 6 часа. Спојлер Бадемот во лист го имам земено од Billa (во Бугарија).
Повели: - 150г мелени бисквити - 100г маскарпоне - 50г мелени ф'стаци - 2 лажици крем од ф'стак - 200г бело чоколадо - 1 лажица крем од ф'стак Измешајте ги бисквитите, маскарпонето, кремот од ф'стаци и мелените ф'стаци. Доколку е потребно, оставете во фрижидер, да се стегне смесата доволно за да може да држи форма. Формирајте типчиња и оставете ги половина час во замрзнувач. Стопете 200г бело чоколадо со 1 лажица крем од ф'стаци. Обложете ги топчињата со чоколадо и оставете да се стегнат убаво. Спојлер