Ова е тортата, само малку изменета. https://feelslikehomeblog.com/chocolate-cherry-cake-gluten-free/#recipe Тестото го направив според рецептот на линкот. Печев три кори, на 180 степени, околу 35 минути. За бел крем: - 400г крем сирење - околу 100г шеќер во прав - околу 150мл слатка павлака - ванила арома - готов прелив од вишни *мерките се отприлика, од око ставав Крем сирењето изматете го со шеќерот во прав. Додајте ванила арома и слатка павлака, малку по малку, додека да се измати целосно слатката павлака. Кога ќе се оладат корите, премачкајте една кора со тенок слој од белиот фил, па распоредете неколку лажици прелив од вишна. Повторете и со втората кора. Врз третата кора премачкајте само од кремот и декорирајте по желба. Spoiler
Вака Овај рецепт ми е мене freestyle и е многу флексибилен Ама, во глобала рецептот за чили од цитатот - тое. Овој пат, пропржив џекфрут од конзерва со печурки, додадов зеленчук веќе стандард ми е: грашок, грав црвен, пченка. Ама, скроз шо сакаш можиш да ставиш. Исто кромид запршка. Овој пат немав целер инаку стапче целер многу сакам внатре и луто пиперче. Да се пропржи кратко и додавам доматен сос, чили паста имам земено од корејското и ставам околу лајче и пол, и зачини: сол, бибер, зачин за пилешко имам еден (рузмарин, мајоран и уше нешто има внатре), лук во гранули, магдонос (сув, пошто јас не можам да јадам свеж ама ако јадиш свеж ваљда поубо ќе ти е со свеж) и босилек, а некогаш ставам и оригано. И да покрчка малку со доматниот сос и редиш ред тортиља, ред од сосот и така го редиш во висина. Јас веќе некое време не ставам кашкавал ама можиш на најгорниот слој да ставиш кашкавал рендан. И после само да потпечат тортиљите кратко околу 5 мин и е готово. Лично, го сакам ладно за јадење. Сечење дур е скроз топло - се распаѓа.
Прв слој: - 200мл млеко - 200мл слатка павлака - 50г шеќер - 1 ванилин шеќер - 1 желатин Втор слој: - 100мл млеко - 100мл слатка павлака - шеќер - 100г стопено чоколадо - пола кесичка желатин Трет слој: - 200мл млеко - 200мл слатка павлака - шеќер - 100г ф'стак крем - пола кесичка желатин *Мерките се отприлика За првиот слој: млекото, слатката павлака, шеќерот и ванилата се ставаат во тенџерче на оган (средна јачина). За тоа време желатинот измешајте го со 4 лажици ладна вода, да набабри. Штом почнат да си прават мали меурчиња (пред да зоврие течноста), додајте го желатинот и измешајте добро. Штом се стопи желатинот, тргнете од оган. Оставете да се подолади 15тина минути, па поделете во чашки. Оставете во фрижидер 4 часа. На ист начин направете ги вториот и третиот слој, оставете во фрижидер преку ноќ и декорирајте по желба. Spoiler
За филот на белите со миксер матев 500 гр. слатка павлака, 500 гр. маскарпоне сирење и 150 гр. кондензирено млеко, а додека за чоколадните исто со миксер матев 500 гр. слатка павлака, 500 гр. маскарпоне сирење и 5 лажици нутела.
Ovde najaktivni ste. Kazete nekoj recept za provereni vkusni kolacinja sakam da i napravam na kjere, i taa saka so mene da "pravi". Imame razlicni formi. I posle da gi peceme moze da zamislam kolku kje se raduva
Повели - 125г брашно - 30г какао - 1 лажичка пециво - пола лажичка сода бикарбона - прстофат цимет - 5 јајца - 200г шеќер - 100мл млеко - ванила арома Сувите состојки се мешаат во подлабок сад (брашно, какао, пециво, сода и цимет). Одвојте ги жолчките и белките. Изматете ги жолчките со половина од шеќерот. Додајте го млекото и ванилата и изматете. Потоа додајте ги сувите состојки. Изматете до соединување. Посебно изматете ги белките со другата половина од шеќерот. Кога ќе добиете цврст шлаг, додавајте го дел по дел кај другата смеса и мешајте со лажица. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути. Оставете да се олади. - 1 конзерва засладено кондензирано млеко (400мл) - 350мл незасладено кондензирано млеко - 100мл млеко - 1 голема лажица какао Измешајте ги сите состојки (додека да се стопи засладеното кондензирано млеко). Избоцкајте ја оладената торта со нож или чепкалка и рамномерно посипете со течноста. Оставете најмалку 6 часа во фрижидер, да впие убаво. Украсете по желба. Јас изматив слатка павлака со малку шеќер во прав и ванила, а одозгора ставив рендано чоколадо. Spoiler
@MorskaSirena Изумив да спомнам дека ќе биде потребно и еден желатин да ставиш. Кај нас double cream нема, а со било каква замена, тортата нема да биде доволно цврста.