- 3 јајца - 150г мед - 200г путер од индиски ореви - 40г какао Јајцата изматете ги со медот, минимум 7-8 минути. Треба да се зголеми волуменот, барем тродупло. Додајте путер од индиски ореви и измешајте со жица. На крај, додајте го какаото и измешајте добро. Истурете ја смесата во намрсен калап (мојот е 17цм) и обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 160 степени, 40 - 45 минути. Одозгора ставив стопено чоколадо за готвење со малку кокосово масло. Спојлер
@Anika55 дали имаш предлог за некоја тортичка лесна, летна? Мислев чизкејк, ама ми е преризично оти никогаш немам правено.
Нема што да згрешиш во чизкејк, полесно нема. Повели еден рецепт за со вишни, ама можеш и со друго овошје (јагоди, малини, капини, мешавина...). Долен дел: 300g. мелена плазма со 150g стопен путер + сок од 1 портокал (може и без сок, ако сакаш покрцкаво). Кога ќе се измеша убаво, се распоредува рамномерно во калап и се притиска со чаша за да се набие убаво. Фил: 500g крем сирење се мати со 150g шеќер во прав и 2 ванили. Во друг сад се мати 350ml слатка павлака па се мешаат двете смеси со лажица. Еден желатин растворете го и стопете според упатството. Додајте го и измешајте добро. Истурете во калапот и оставете во фрижидер. Прелив: 500g смрзнати вишни со 50ml вода и шеќер по вкус (зависно колку се кисели вишните) ставете на рингла, 10-тина минути да поврие. Еден желатин измешајте со 4 лажици ладна вода и оставете да набабри. При крај, додајте го кај вишните, измешајте и тргнете од оган. Треба да се олади речиси целосно (или барем 30-40 минути) па истурете во калапот. Оставете во фрижидер преку ноќ. Одговара за калап 26 цм. Ако сакаш да си олесниш, одозгора можеш да ставиш готов прелив од вишни од Кам, одличен е за чизкејк.
Супер е, само треба да земам крем сирење. Гледам често правиш чизкејк, од кое крем сирење си најзадоволна? Фала многу
Повели: https://www.offthemuck.com/recipes/desserts/portokalopita-greek-orange-phyllo-cake *јас печев во округол калап од 26цм
@Anika55 може рецепт за ледените коцки? Штом се ол тајм фејворит од толку избор, мора да се пробаат Фала
По овој рецепт се правени: https://nmd.mk/kremasti-sochni-lede...usta-ova-e-najdobriot-od-najdobrite-retsepti/ Само за одозгора стопив само чоколадо со зејтин, без млеко како што пишува во рецептот. Превкусни, сочни, а и ме потсетуваат на детство. Мајка ми ги правеше порано.
Ќе ти напишам точно со какви намирници е направена. 3 пудинг од ванила (долчела) се варат со 1 кг млеко и 10лажици шеќер, дур е жежок пудингот се додава 1 маргарин и 200гр бела чоколада(милка најубаво а и белата од витаминка е добра има вкус) се топи се и мешаш со рачна маталка да се соедини, излага како фил. 1 ипол пакетче какао бисквити (ети) отприлика толку се потребни. Ги потопуваш брзински во млеко и редиш (меки се бисквитите ама сепак да впијат малку) дур не се потроши филот и одозгира ставам од бисквитите изблендирани или може и мелена плазма. Најубаво е да отстои преку ноќ во фрижидер. Едноставна, брза а превкусна е и не е како она стандард бисквити и пудинг Сум пробала и со други бисквити и друг пудинг ама со оваа е совршена комбинација, со други ми е некако брашнест пудингот или бисквитите подебели
@Anika55 не можам да го најдам рецептот за банана лепчето со урми, неколку пати го направив преубав е. Ако не е проблем да ми го пишеш пак. Извини