Повели: - 250г брашно - 115г ладен путер, исечен на мали коцки - 50г шеќер во прав - 1 ванилин шеќер - 1 јајце - 1- 2 лажици ладно млеко или вода (по потреба) Во процесор за храна ги ставам брашното, шеќерот, ванилата и путерот. Обработувам додека да се спои смесата. Не треба да има видливи парченца путер. Додавам јајце и обработувам. Обично ова е доволно за да се формира тесто, ама ако има потреба може да се додаде уште многу малку течност (млеко или вода). Формирам плочка, ставам во кесичка за замрзнување (или најлонска фолија) и оставам во фрижидер, најмалку 2 часа.
Рецептот импровизација, инспирирана од видово, убаво има објаснето се. Јас имав 2 телешки коленици скоро без месо. Прво се печат во рерна да карамелизираат малку. Ги печев околу 45 минути, може и повеќе. Може и коски останати од печено месо. Стапала немав, а гледам тие имаат повеќе рскавица. Нејсе, и вака испадна добро, како желатин. Испечени се префрлаат во тенџере и се додава вода колку да ги покрие, не премногу. Битно било да се стави нешто кисело да отстојат коските, за полесно да се ослободи колагенот. Јас ставив четврт чашка јаболков оцет во водата, и одма варев (дури после видов дека прво треба да отстои саат време пред да се варат ) Од зеленчук ставив се што имав, морков, пашканат, кромид, праз, чешне лук, целер. Од зачини зрна бибер, ловоров лист, магдонос, сол ако сакаш. Го варев скоро цел ден на тивко, околу 15-16 часа, во обично тенџере. Го прецедив, коските на страна, зеленчукот на страна. Бујонот го оставив да се олади што повеќе во ладна вода, ама така не ми се одвои многу маста. Па цело тенџере го ставив во фрижидер и супер се одвои маста. Ја извадив во тегла, ја користам за пржење, малку додавам за екста вкус. Остана желатинот. Некои пак го варат за да го редуцираат што повеќе. Јас таков како што е на сликата го наполнив во зип-ќеси и го ставив во замрзнувач (на рамно, во тепсија). Кога почна да мрзне, со рамна дрвена лажица на неколку наврати притискав како жлебови, колку толку да ги поделам, без да ја оштетам ќесата. Тоа дека немав слободни калапи за мраз. Сега кршам коцка, ставам малку зовриена вода, и готово. Спојлер: Замрзнати коцки 2 пати ги искористив коските. Првата тура испадна како желатин, втората веќе е воденеста како супа. Првиот пат со лупен зеленчук, па на крај зеленчукот и малку од маста ги изблендирав и ги направив коцките за супа. Вториот пат со миен ама не лупен зеленчук, плус остатоци од зеленчук што имав зачувано, листови, лушпи и сл.
https://looksdelic.com/savory-quiche-with-zucchini-and-bacon/ По овој отприлика го правев, ама користев лиснато тесто. Тестото прво го испеков, инаку ми останува некако недопечено. Со тежина е печено (во тава на хартија за печење, па тестото, па пак хартија за печење и тежина врз хартијата (перли има за тоа, јас користев леблебија). Го заменив млекото со течна павлака за готвење, и ставив само 3 јајца дека не ми беше голема тавата. Додадов и печурки.
Повели: Колачиња: - 100г шеќер - 100г кафеав шеќер - 210г брашно - пола лажичка пециво - пола лажичка сода - прстофат сол - ванилин шеќер - 1 голема, полна лажица бискоф намаз - 120мл кисела павлака - 100мл млеко - 50мл зејтин - 2 големи јајца Сите суви состојки измешајте ги во длабок сад (шеќер, брашно, пециво, сода, ванила, сол). Во посебен сад, измешајте ја киселата павлака со бискоф намaзот. Кога ќе добиете изедначена смеса, додајте ги останатите состојки (јајца, млеко, зејтин). Потоа истурете ги течните состојки кај сувите и измешајте убаво со жица додека да добиете мазна смеса. Распоредете ја смесата во калапи за мафини (12) и печете во загреана рерна на 160 степени 20 - 25 минути. Крем: - 200г омекнат путер - полна лажица бискоф намаз на собна температура - 400г шеќер во прав - прстофат сол - ванила арома - малку цимет (опционално) - 100-150г стопен бискоф намаз Изматете го убаво путерот. Додавајте постепено шеќер во прав, со постојано матење. Додајте сол, цимет, ванила. На крај, додајте 1 лажица бискоф намаз. Декорирајте ги целосно изладените колачиња со помош на слаткарски шприц. Оставете малку празен простор во средина. Оставете во фрижидер да се стегне кремот, па наполнете го средишниот дел со стопен бискоф намаз. По желба поросете со здробени бискоф колачиња. Спојлер
Повели: - 300г котиџ сирење (4% масленост) - 4 јајца - 160г темно чоколадо (стопено) - мед или друг течен засладувач Додајте ги сирењето, јајцата, стопеното чоколадо и медот во блендер и обработете додека да се изедначи смесата. Истурете во калап (17цм), без отстрансливо дно, бидејќи многу е течна смесата, може да истече при печење. Јас печев во тенџерче, го испрскав со масло и го обложив со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во поголем калап наполнете вода негде до пола и ставете го помалиот калап во водата. Печете во "водена бања" 40-50 минути. Оставете го да се олади целосно во калапот, потоа извадете на чинија за сервирање и оставете го во фрижидер најмалку 6 часа. По желба може да го прелиете со чоколадо. Јас прелив со ганаш од кокосово млеко и чоколадо за готвење (не памтам точно мерки за ова). Спојлер Blackberry fool: - околу 350г капини - 60г шеќер - малку сок од лимон - 400мл слатка павлака - шеќер во прав - ванила арома Капините ставете ги во тенџерче со шеќерот и сокот од лимон. Варете на тивко, 10тина минути. Тргнете од оган и обработете со рачен блендер. Јас ги поминав низ цедалка, за да ги остранам семките. Ако немате рачен блендер, изблендајте ги капините пред да ги зготвите. Оставете да се оладат. Слатката павлака изматете ја со шеќер во прав и ванила арома по вкус. Земете мал дел од оладените капини и додајте кај изматената слатка павлака. Измешајте грубо со лажица. Додајте слој слатка павлака во чашка, па од капините, па повторно слатка павлака. Има отприлика за 4 чашки од 200 мл. Декорирајте со свежи капини. Спојлер
Секако, повели: - 1 пакување обланди - 3 конзерви засладено кондензирано млеко (густо) - 80г кокос - 70г ситно сецкани бадеми Во подлабок сад се мешаат со лажица сите состојки за филот. Потоа, секоја обланда се премачкува со тенок слој фил. Се стискаат убаво одозгора да се залепат и се остааваат во фрижидер да се стегнат. Се сечат парчиња со големина и форма по желба. Јас обландите ги сечев на пола пред да ги наредам, па ми излегоа повисоки парчињата, ама може и така како што се цели да се наредат. Завршив со фил, па поросив со кокос одозгора, ама може и да се заврши со обланда, така би било попрактично за чување и полесно за сечење парчиња. Спојлер
Кај нас само во e-horeca има Lotus. Lotus Biscoff Classic 400g - E-HORECA https://share.google/oDz4X8AFLq8yNXxkh Lotus Biscoff Crunchy 380g - E-HORECA https://share.google/R2ReoafVC86tMwk93 Има сличен намаз од Leona, јас во Веро го купив, ама уште не сум го пробала. Спојлер
- 6 јајца - 250г шеќер - 200г мелени ореви Одвојте ги белките и изматете го во цврст снег. Во посебен сад, изматете ги со миксер жолчките и шеќерот. Матете долго, минимум 5-6 минути. Додајте ги оревите и измешајте со лажица. Потоа додајте ги и белките, на два-три пати и мешајте со лажица до соединување. Истурете во обложен калап (23цм) и печете во загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути. Оставете ја тортата целосно да се олади. Пред послужување декорирајте со изматена слатка павлака со малку шеќер во прав и ванила и свежи смокви. Спојлер