Повели: - 170г омекнат путер - 200г кафеав шеќер - 1 јајце + 1 жолчка - ванила арома - 250г брашно - 2 лажички густин - 1 лажичка сода бикарбона - на врв на лажичка сол - 250г чоколадни капки Изматете ги путерот и шеќерот убаво, 3-4 минути. Додајте јајце, жолчка и ванила арома. Изматете да се соедини. Во посебен сад измешајте ги брашното, содата, солта и густинот. Додајте ги кај путерот и изматете додека да се соедини. На крај, додајте ги чоколадните капки и измешајте со лажица. Распоредете ја смесата во обложен калап (24цм) и израмнете. Печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути. Опционално, може да се украси со крем по желба. Путер крем: Околу 150г путер Околу 300г шеќер во прав 2 лажици какао Прстофат сол Ванила арома сосема малку Слатка павлака 1-2 лажици по потреба, на собна температура Се мати путерот, потоа се додаваат шеќерот во прав и какаото, просеани. Потоа и останатите состојки. Се декорира целосно оладена торта. Превкусно нешто Спојлер
3 јајца 1 филџан јогурт (1% масленост) Околу 200 грама блендирани овесни снегулки 1 рендано јаболко 50 грама суво грозје 50 грама брусница 1 мала лажичка цимет 2 лажици засладено какао (од Дм) Половина лажица стевиа Сѐ се меша и се пече околу половина час на 200 (зависи од рерната) Глазурата е од 2-3 лажици млеко и 2 реда темна чоколада дорина со стевиа, стопена на пареа. Вкусна ми е ептен, минимално засладена, така да може да се вброи во поздрава опција.
За премачкување на калапчињата ми беа потребни околу 150гр. црно чоколадо, јас ги премачкувам 3 пати. За полнењето размешав 100гр. кокос и 120гр. кондензирано млеко. Одозгора им ставив помалку готов карамел, беше околу 30гр.
Да, кисело тесто е. Ти треба стартер кој се прави однапред, не знам дали ја знаеш постапката за него. Рецептот за леб е 100г стартер, 350мл вода, 500г брашно, 10г сол.
Сум ја гледала постапката за стартер, не сум се обидела никогаш а многу ми е мерак да пробам. А прекомплицирано ми изгледа.
Kazete nekoj recept za provereni vkusni kolacinja sakam da i napravam na kjere, i taa saka so mene da "pravi". Imame razlicni formi. I posle da gi peceme moze da zamislam kolku kje se raduva @Anika55
Со синчето имаме заедно правено путер колачиња, отприлика по овој рецепт, само што јас ставам и две јајца и после ги обликуваме со форми, него тој процес му е интересен https://fitlife.com.mk/novogodisni-puter-kolacinja/
По овој рецепт се правени и одличен е рецептот, го препорачувам. Стварно не можев да се сопрам, уште топли колку беа добри. Знам дека еднаш ми имаш кажано дека не поднесуваш добро лактоза, ама путерот природно содржи мали количини, не би требало од 2-3 колачиња at a time, да имаш мака. Инаку, пробав и еден потрадиционален рецепт, без путер и не беа убави. Или рецептот беше лош или не знам што утнав, воопшто не беа благи, суви многу, како леб здрвен со бадеми. Исто, ако те носи патот накај Лидл, овие подолу во спојлер се одлични. Спојлер
Мазохист сум, ако напрат проблем ќе апнам лактаза. Фала! Спојлер Инаку имам сетено дека само одредени продукти се шо ми прат проблем, со путер готвам, сум немала мака до сега. Јас најдов едни МК, мислам Стокомак беа. Толку долго немав јадено вакви шо превкусни ми беа. Во глобала да месам тесто неќам и зато немам праено ама баш викендов немам ништо на ум па ќе се позанимавам со ова.