Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
  2. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.374
    Допаѓања:
    73.644
    Пол:
    Женски
    - 300г чоколадо за готвење
    - 250мл слатка павлака

    Стопете ги чоколадото и слатката павлака и оставете на собна температура саат ипол - два, со повремено мешање.

    - 250г брашно
    - 300г шеќер
    - 1 пециво
    - 1 лажичка сода
    - пола лажичка сол
    - 2 јајца
    - 130мл зејтин
    - 250мл млеко со 1 лажичка алкохолен оцет
    - 50г какао
    - 2 лажички инстант кафе
    - 120мл зовриена вода

    Измешајте ги брашното, шеќерот, пецивото и солта во подлабок сад.
    Додајте ги јајцата, зејтинот и млекото и измешајте со жица додека да се соедини смесата.
    Во шоља, измешајте ги кафето и какаото со врелата вода. Потоа додајте ја течноста во смесата и измешајте кратко.
    Поделете ја смесата во два калапи (20цм) и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути. Внимавајте да не ја препечете, ќе биде многу сува. По печењето, оставете ја тортата 10тина минути, а потоа извадете ја од калапите да се олади целосно.
    Нанесете отприлика една третина од ганашот врз едната кора. Ставете ја другата кора одозгора и премачкајте ја целата торта со остатокот.

    Тортата не е премногу блага. Доколку сакате поблага, ставете повеќе шеќер или користете мешавина од млечно и чоколадо за готвење во ганашот.

    20251010_120403.jpg
     
    Последна измена: 12 октомври 2025
    На Aleks.mar и MikicaBt им се допаѓа ова.
  3. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.889
    Допаѓања:
    7.492
    Во соодветна тема ќе може ли рецепт како го проготвува?
     
  4. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.374
    Допаѓања:
    73.644
    Пол:
    Женски
    Дали правеше? Или се премисли? :)
    Исто, сакам да ти ги кажам овие од Веро, сум ги заборавила. Многу се добри.
    20251015_093258.jpg
     
    На hermosa и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.512
    Допаѓања:
    179.199
    Пол:
    Женски
    Цк, ко ќе сум настината не прам работи шо ќе јадат и други. :D Ама сега здрава, деф морам да се убедам дека сакам (зошто се месат).
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.322
    Допаѓања:
    6.889
    Го погледнав рецептов и сакам да ја направам тортата.
    Единствно ме интересира каде да најдам кокос шеќер? Изгледа како кафеав шеќер ама пишува кокос шеќер..?
    И таа кокос кремата што ја става на крај како прелив, што ја меша со чоколадото? Неа кај можам да ја најдам?
    Или пиши ми соодветна замена за овие две. :)
    Среда ми е роденден па сакам да ја направам.
    Да ги изненадам дома со моите кулинарски способности:wasntme:
     
  7. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.374
    Допаѓања:
    73.644
    Пол:
    Женски
    Кокосов шеќер има овде.
    Мислам дека може да се најде и по маркети, конкретно од тинекс имам купено. Како замена за кокосов шеќер јас користам кафеав шеќер.

    Кокосов крем купувам од Веро, исто како кокосово млеко е во конзерви, само пишува "coconut cream".
    Можеш и со кокосово млеко да го замениш овде. Треба да го оставиш во фрижидер преку ноќ, да се стврдне. Ќе го искористиш само цврстиот дел, без водичката.
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    9.016
    Пол:
    Женски
    Може рецепт за последното?

    Може рецепт?
     
  9. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.374
    Допаѓања:
    73.644
    Пол:
    Женски
    Повели:
    - 2 презреани банани
    - 2 јајца
    - 1 канче котиџ сирење (200г)
    - мед по вкус (1-2 лажици)
    - 1 полна лажица путер од бадеми или индиски ореви
    - 1 лажичка ванила екстракт или арома
    - чаша ипол овес (чаша од 200г)
    - 1 лажичка пециво
    - пола лажичка сода
    - пола лажичка цимет
    - прстофат сол
    - 100г чоколадни капки

    Најпрво сомелете го овесот во брашно. Потоа, додајте ги сите состојки во блендер (освен чоколадните капки) и обработете кратко, само додека да се соедини. Додајте ги чоко капките и измешајте со лажица.
    Истурете во калап за печење леб и печете на 180 степени, 45-50 минути. Проверете со чепкалка. Треба да излезе речиси чиста (со неколку влажни трошки).
    Најдобро е да се олади целосно во калапот, па да се сече.
    Ама мене ми е највкусно топло, па го сечев уште додека испаруваше и се распаѓаше. Чиста 10ка :inlove:

    20251020_125611.jpg
     
    На rainbowec, Miss_S, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    3.026
    Пол:
    Женски
  11. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    13.837
    Тенко сечени парчиња свински врат (може со било какво месо) ги валкам во брашно и ги пржам во тава на загреано масло по две минути од секоја страна. Ги редам во тава за печење, a во иста тава каде што го пржев месото додавам сечкани праз(1) и шампињони(250гр). Ги пржам додека заруменат и омекнат, па им додавам 200 мл павлака за готвење и ги преливам врз месото. Одозгора додавам и рендан кашкавал (околу 200 гр беше) и ставам во рерна додека кашкавалот зарумени.
     
    На Miss_S и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  12. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    13.837
    Тиквата претходно испечена, јас имав веќе од претходниот ден беше изладена. Пред да почнеш да го правиш стави си вода ( ќе ти треба 3/1 во сооднос со оризот) да зоврие со една коцка за супа во посебно тенџере. Во тава на оган додади малку маслиново масло и едно ситно сечкан кромид. Откако кромидот ќе омекне додај ги печената тиква( јас ставив околу 200 гр) и оризот да се пропржи 1-2 минути, а потоа додади ја постепено топлата вода во која се има растопено коцката за супа. Промешувај со лажица повремено додека не испари целата вода. Пред крајот додади го путерот( една мала коцка), многу ситно сечканиот свеж рузмарин и пармезанот (2-3 лажици), промешај со лажица додека не се соединат сите состојки и толку :)
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.374
    Допаѓања:
    73.644
    Пол:
    Женски
    @Peperutce6
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Женски
  15. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    9.254
    Пол:
    Женски
    И јас сакам рецепт за стартер :)
     
    На Цунами и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.562
    Допаѓања:
    67.062
    Пол:
    Женски
    @Цунами @rainbowec многу е едноставно, само треба трпение. Во тегла ставаш околу 30 г брашно и 30 мл вода, измешај го убаво со дрвена лажица, покриј ја теглата лабаво со капак. Осатј го во топла соба 1 ден. Наредниот ден фрли ја пола пд смесата и пак додај 30г брашно и 30 мл вода, покриј и остај до нареден ден. Истата постапка ја повтараш 10-15 дена. Квасецот е спремен кога ке почне дупло да нараснува 3 дена по ред. После тоа си го чувам во фрижидер и вадам по потреба кога ќе треба да месам нешто.
     
    На Цунами, rainbowec и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    3.789
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    9.254
    Пол:
    Женски
    Зачинив со маслиново масло, сол и бибер, и еден изненадувачки зачин што дава предобар шмек - цимет.
    Ама само прстофат, бидејќи самата тиква е блага ова е само за вкус, ако претераш ќе ти биде премногу благо.

    А инаку тоа завитканото во фолија е лук, испечен во рерна е превкусен ама обавезно во фолија со малку маслиново пошто инаку ќе изгори.
     
    На Ta-mara, La-loca и franca им се допаѓа ова.
  19. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    3.789
    Да, јас така ќе ставев за малце , ми текна од после за лукот хаха фала
     
    На rainbowec и Ta-mara им се допаѓа ова.
  20. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    942