- 300 гр замрзната брокула или една средна главица свежа - 2 средни моркови - 2 јајца - зачини по вкус (сол, црн бибер, лук во прав, буковец лут или благ, магдонос) - можиш да им ставиш малку лук и/или кромид, јас не им ставам - 100гр лебни трошки или во зависност од смесата Брокулата се става да се обари 2-3 мин, се цеди добро од водата, се сецка поситно и се става во длабок сад. Морковите се рендаат и се додаваат. Се ставаат зачините, лук, кромид по желба, се кршат двете јајца и се меша сето со вилушка. На крај се додаваат лебните трошки. Со раце се спојува смесата и се прават топчиња. Се редат на плех за в рерна или во ер фрајер, им се става одозгора малце масленце за да не се многу суви. Се печат 15 мин на 200 степени. Се сервира со кисела павлака.
Безглутенска проја со маслинки и сирење, во последниов период се давам во проја, во секој оброк ја комбинирам
Ракчињата (така се викаа така?) ги пропржив со зачини и ги тргнав на хартија да се исцедат. Кромид и лук запржив, крем за готвење и песто додадов чим кромидот е добро пржен. Дозачинвам по вкус со сол и бибер. Додавам тестенините и ракчињата и мешам. Толку. Ко ќе прам со печурки, не ги тргам настрана туку прво ставам кромид, после и печурките па крем за готвење и песто. Овај пат ставив пола тегличка песто оти толку ми остана, ама обилно клавам и по цела. Ама вчера ми се тури поќе на лепчето шо го печев. И зависи како се осеќаш за пармезан со ракчиња - ко ќе сервирам малку рендам од горе.
Здр женски дали може рецепт за нркоја салата со ситни макарончиња за слава сакам да правам ама некоја убава да е
Варени макарони, сецкана шунка, кашкавал (или биено сирење за подобар вкус), свежи крастајчиња и мајонез. Мене ми е оваа омилена.