Ти благодарам, повели: Готово лиснато тесто се сече на 6 правоаголници. Се засекува секој правоаголник отприлика на 1 цм од рабовите (за да може подоцна средишниот дел полесно да се одвои). Се премачкува со жолчка и се пече. Се остава целосно да се олади. Средишниот дел се гмечи, се вдлабнува за да се направи место за крем. За кремот (чаша од 200мл): - 2/3 чаша шеќер - 1/4 чаша густин - прстофат сол - 4 жолчки - 400мл млеко - околу 30г путер - 1 лажица ванила екстракт Шеќерот, густинот и солта се мешаат во длабок сад. Се додаваат жолчките и малку од млекото. Се меша убаво, да не останат грутчиња. Остатокот од млекото се става на оган. Штом се појават меурчиња, пред зовривање, се трга од оган и многу полека (во тенок млаз) се додава кај жолчките, со постојано мешање. Потоа, смесата се враќа во тенџерето и се вари уште 10тина минути на умерена јачина (додека да згусне). Се трга од оган, се додаваат ванилата и путерот и се меша додека да се стопи путерот. Покријте со најлонска фолија директно врз кремот за да не се формира кора. Оставете да се олади целосно на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер до употреба. Наполнете ги лиснатите со крем во вдлабнатиот дел, а одозгора можеш да ставите прелив/мармалад/овошје по избор. Јас ставив готов фил од вишни. По желба, може да се пороси и со шеќер во прав. Врвно благце Спојлер
Фала ти Било кој рецепт за пуслици. Додадов прехранбени бои и хартиена цевка како држач. Оформени се со слаткатски шприц. Се печат долго на пониска температура, практично се сушат. Јас ги печев околу 2 часа, на 80 степени.
Калцоне: 450гр брашно, 1 пециво, мала лажичка сол, 300мл јогурт, 75мл зејтин, шунка, кашкавал, кечап, павлака, 1 јајце и сусам. Брашно, пециво и сол мешаш па додаваш јогурт и зејтин, го замесуваш и правиш 8 топчиња. Претходно павлаката кечапот шунката и кашкавалот си ги мешаш во друг сад можеш да си додадеш што сакаш овде. Секое топче го расукуваш малку во линија права на тестото додаваш од филот и го преклопуваш. Со вилушка од страните кај што се преклопува тестото притискаш да се направат линии и да се залепи едно со друго тестото. Ги редиш во тепсија со хартија за печење и ги мачкаш со јајце и одозгора сусам. На 200 степени печеш околу 30мин.
Повели: - 250г лотус колачиња - 100г стопен путер - 100г бело чоколадо - 400г крем сирење - 150г шеќер во прав - 250мл слатка павлака - пола лажичка цимет - пола лажичка ѓумбир - ванила арома Мелените колачиња се мешаат убаво со путерот и се натапкуваат на дното од калап за чизкејк (мојот е 18цм, ќе одговара и за 20цм). Оставете во фрижидер. Стопете го белото чоколадо и оставете го малку да се олади. Изматете ја слатката павлака со отприлика 1/3 од шеќерот во прав и тргнете на страна. Во посебен сад изматете го крем сирењето, додајте го остатокот од шеќерот, цимет, ѓумбир и ванила и матете додека да се соедини смесата. Додајте го белото чоколадо и изматете. На крај, додајте ја изматената слатка павлака и измешајте убаво со лажица. Додајте ја смесата во калапот и израмнете. Оставете во фрижидер минимум 6 часа. Декорирајте по желба. Спојлер
Дали се овие со домати? Јас до сеа на Кам ги користам интегралните затоа што се големи. Другиве сите ми се мали
Мислам? Сега имам во зелено паковање, ама мислам дека овие за кои ме прашваш беа со домати. Само шо не можам да проверам до утре, оти утре ми е за пазарење ден.
Да зелените се со спанаќ. Гуглав сеа затоа прашувам, на рафт не сум ги приметила. Еднаш земав обични ама многу мали беа и не сум погледнала веќе.