Го правев според тестото за лимон ролнички од @sladje_od_sladje, само без мак. Ќе ти ставам скриншот да го најдеш. Го премачкав тестото со смеса од стопен путер, шеќер од шеќерна трска и цимет, ставив парчиња бела чоколада. Одозгора преливот е од крем сирење и шеќер во прав, малку цимет и ванила.
Ти благодарам. Со врвче како за тулумби/чурос Spoiler Ова е Paris-Brest, не е правено во калап. Се прави тесто како за еклери, се формираат прстени со слаткарски шприц и така се пече. Кога ќе се олади, се сече на пола по должина и се полни со крем (во случајов, крем од жолчки со нутела). Spoiler
Извини што каснсм, дури сега гледам. По овој рецепт ја правам https://www.eefkooktzo.nl/paella-recept/ превод од chatgpt Spoiler Состојки (за 4 лица): 50 грама чоризо (Stegeman) 1 кромид (ситно сечкан) 2 чешниња лук (ситно исечкани) 1 лажичка чадена црвена пипер 200 грама пилешко бутче (исечено на коцки) 200 грама домати на коцки (Heinz) 750 мл пилешки бујон 8 нишки шафран 150 грама ориз за паеља 200 грама школки (Fish Tales) 200 грама гамби 100 грама грашок свеж магдонос и лимон Подготовка: Исечете го чоризото на парчиња. Земете голема длабока тава и пржете го чоризото неколку минути. Извадете го од тавата, но оставете ја маснотијата внатре. Во истата тава пропржете ги кромидот и лукот со чадената црвена пипер кратко време. Додадете го пилешкото месо и пржете од сите страни додека не порумени и речиси не се зготви. Извадете го од тавата. Додадете ги доматите на коцки, бујонот и нишките шафран во тавата. Оставете да крчка кратко време. Додадете го оризот за паеља, доведете до вриење и оставете да крчка 15–20 минути. Од овој момент не мешајте повеќе. Ако стане суво, може да додадете малку вода. Потоа додадете ги школките, гамби, пилешкото, чоризото и грашокот. Ставете капак и оставете да се готви уште 5–10 минути, додека школките не се отворат. Гарнирајте со парчиња лимон и свеж магдонос. Добар апетит!
За парените полжавчиња? 3 филџани гриз (јас мерам со оние од елит кафе) 3 филџани зејтин 3 филџани вода 1 коцка квасец 1 пециво 1 ванилка 2лаж. какао Брашно по потреба. За шербет: 700гр шеќер, 700гр вода, ванилка и сок од еден лимон. Од првите состојки се замесува тесто. Се додава брашно по потреба се додека не се добие убаво тесто за работа. Тестото се дели на два дела во едниот се става какао. (Подоцна уште на по 2дела ги поделив, за да ми излезат 4 кори) Се сукаат кори, се ставаат една врз друга, се мота како ролат и се сече. Колачите жешки а шербетот ладен треба да е. Повели
Повели 5 јајца се матат со 250гр шеќер. Кога смесата ќе стане воздушната се додава 200мл. јогурт, 200мл. зејтин, 300гр. брашно, 2 банички и 1 пециво. Смесата се меша со шпатула, се става во подмачкано плехче и се ставаат вишни или мешани црвено овошје по желба.Се пече во загреана рерна на 200°.