Секако, повели. Јас направив неколку модификации, место јаворов сируп ставив урми (претходно омекнати во врела вода) и малку мед за блажина, во стопеното чоколадо додадов една лажичка кокосово масло, и одозгора наросив сецкани печени бадеми.
Само мешаш здробени оризови галети и путер од кикирики? Др нешто? Има некој сооднос, колку од едното, колку од другото?
- 100г путер од кикирики - околу 50г мед (по вкус) - 50мл млеко по избор (јас ставив овесно) - 50г протеин во прав - 4 галети, здробени Се мешаат сите состојки во подлабок сад. Јас ставив солени галети, повкусно ми е така, ама може било какви. Ако користиш несолени галети, може да ставиш прстофат сол во смесата. Се формираат топчиња и се оставаат во фрижидер малку да се стегнат. За тоа време јас стопив малку темно чоколадо за декорација, иако не мора, стварно се превкусни и вака. Спојлер
Повели: За филот: - 500г маскарпоне - 500мл слатка павлака - 180г шеќер во прав - ванила арома Се мати маскарпонето со шеќерот во прав и ванилата. Се додава слатка павлака, малку по малку, со постојано матење, додека филот не добие цврста форма. Потребни се 4 готови кори и неколку лажици мармалад по избор. Секоја кора е премачкана со малку мармалад од јагоди, па со фил. На крајот, целата торта се премачкува со фил. За декорацијата искористив путер крем, бидејќи не ми стигна од филот. Тортата е 20цм.
Еднаш пробав да ги направам ама филот изгледа не ми беше добар Дали може рецепт за твојот те молам?Ги сечеш на пола и ги полниш со шприц,не ти се ронат при сечење?
- пола литро млеко - 100 г шеќер - 3 големи лажици густин, полни - 5 жолчки - 50г путер (исечен на коцкички) - ванила арома (или ванилин шеќер, измешан со шеќерот) - прстофат сол - слатка павлака Млекото, со 2-3 лажици шеќер го ставам да се загрева, на средна температура. Жолчките ги мешам со остатокот од шеќерот и густинот, убаво, да нема грутчиња. Пред да зоврие млекото, штом почнат да се прават мали меурчиња, тргам од оган и го додавам многу полека и со постајано мешање кај жолчките. После враќам се во тенџерето и на оган. Варам уште неколку минути, со постојано мешање додека да се активира густинот и кремот да згусне. Тргам од оган, додавам ванила арома, сол и путерот, коцка по коцка. Мешам додека да се стопи и последната коцка путер. Важно е путерот да не се додава цел одеднаш. Го покривам со најлонска фолија, директно врз кремот за да не се формира кора. Оставам да се олади малку на собна температура, па ставам во фрижидер. Потребно е да се олади убаво во фрижидер за да стегне убаво кремот. Пред употреба, го вадам на собна температира малку, па го матам уште еднаш со миксер за да стане кремаст. Јас додавам и изматена слатка павлака, полајт и повкусно ми е така, а и постабилен е кремот. Не знам точно колку ставив, ваљда 150-200мл цврсто изматена слатка павлака, ја додавам дел по дел и мешам со лажица (не со миксер). Ако не ставаш слатка павлака во кремот, подобра опција е да ги боцнеш и наполниш крофните со шприц, наместо да ги сечеш на пола. Ако ги сечеш, сечи со голем нож за леб (со запци) и лесен притисок. Се ронеа само минимално, ама лесно може да се скршат со стискање. Малку се препечени, ама па тоа ги прави полесни за полнење. Со оваа доза го наполнив цело пакување, вака обилно ко на сликата, а и ми остана малку од кремот. Спојлер
Повели. Замрзнати ги земам од Кам, по две има во пакување. Има и во Стокомак, ама мене од Кам ми се поубави. Прво ги зачинувам со сувите зачини од двете страни и ги оставам едно 10-15 минути, во меѓувреме ја спремам маринадата. Ги ставам филетите во маринадата да отстојат уште 15-20 минути и после печам во рерна со вклучен вентилатор. На пола печење ги поливам со остатокот од маринадата.