Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    423
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.773
    Допаѓања:
    8.861
    Пол:
    Женски
    A zaso vo poraka?
    Stavete tuka @Tea678
     
    На Liza38 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.767
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Повели:
    На 10 кралски урми им се вади семката и се редат на чинија така отворени и малку стиснати/израмнети.

    200г бадемово брашно се меша со 100г путер од кикирики (или друг путер) и мед/јаворов сируп. Кога ќе се изедначи убаво смесата, се нанесува отприлика иста количина врз секоја од урмите. Се става парче хартија за печење врз нив и одозгора се притискаат со дното од чаша, за да се израмнат. Се остават во фрижидер, а за тоа време се топи околу 80г темно чоколадо. Се става од чоколадото врз секое колаче.

    20260413_122604.jpg
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    25.653
    Пол:
    Женски
    Дали може добро да испадне со мали урми, имам многу останато, треба да ги искористам пред да скиснат?
     
  5. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.767
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Да, јас често си менувам во рецепти, кога немам кралски, си користам од другите. Само ќе бидат помали колачињата и ќе има "фил" за повеќе урми (барем дупло, можеби и повеќе). Може и малку посуви да бидат, зависно од урмите, пошто кралските се генерално помесести. Ама секако ќе бидат убави.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Peperutka-bt

    Peperutka-bt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    2.099
    Пол:
    Женски
  7. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.767
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Омекнат путер со шеќер во прав, во сооднос 1:2. Најпрво го матам убаво путерот 2-3 минути, па го додавам шеќерот дел по дел.
    Може да се додаде ванила арома по желба и лажица-две слатка павлака по потреба на крај, за дотерување на структурата. Сите состојки треба да бидат на иста (собна) температура, а шеќерот задолжително просеан.
    Го делам во посебни садови и додавам прехрамбени бои. Мешам со силиконска лажица.
     
    На Aleks.mar и Peperutka-bt им се допаѓа ова.
  8. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    3.007
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    83.658
    Пол:
    Женски
  10. Buttermilk

    Buttermilk Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    1.920
    Пол:
    Женски
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Liza38

    Liza38 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    6.386
    Пол:
    Женски
    @Liza38
    Јас правев средна вел.две
    -13 лажици спелт брашно
    -Една мала 'рж
    -Сув квасец во кесичка што е, може и обичен ако немаш ,само многу малце се става на врвот на една мала лажичка во 50мл млака вода заедно со кокосовиот шеќер, ако немаш може мед ,урма било што за да се активира.
    Малце сол и
    -Една голема лажица
    маслиново грчко масло екстра виргин.

    Се става брашното и се ова заедно и водата од квасецот 50мл , плус се додава уште точно 100мл вода (кај спелтата најмногу се внимава со водата!!! Не смее да има вишок или помалце ! треба да се добие лепливо тесто)
    150мл на 12-13 лажици е идеално. Се промешува со обична лажица да се соедини ! Спелтата содржи мала количина на глутен и е доста нежен не се меша агресивно туку нежно малце се покрива со крпа и се остава така 20мин. После 20мин со мокри раце се преклопува тестото од една до друга страна се формира како топка и се остава од 45-60мин да се дуплира најубаво во топла просторија или кај што има сонце.
    Потоа со малце масло и брашно на рацете се формираат топчиња , тестото ќе биде лепливо и тешко за формирање ама ќе пробаш некако да оформиш ,додатно вода не ,ниту на рацете!
    Се пече на загреана рерна 200° 12мин потоа се намалува на 180° уште 18минути. Од како ќе се испечат се попрскуваат со вода ,се виткаат во крпа , кеса па повторно крпа ( во спротивно ќе бидат многу тврди) никако не се сечат жежки (внатрешноста ќе биде влажна ,спелтата и интегралните брашна се такви , доколку не го сакаш тоа можеш со лажица да го остраниш , да не мислиш дека не е печено тестото)
    Мене ваков сендвич во комбинација со печена плескавица од тиквичка и салата ме држи 6часа сита.
     
  13. Liza38

    Liza38 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам најмногу
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. АничеБананиче

    АничеБананиче Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    3.940
    Пол:
    Женски
  15. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    6.386
    Пол:
    Женски
    @АничеБананиче
    Една тиквичка поголема , два моркови или еден ако е поголем ,се рендаат убаво и се оставаат 30мин да пуштат вода . Потоа се става во еден сад едно јајце , тиквичката и морковот ,бибер , малце вегета , псилиум поздрава замена е од лебни трошки,но ако немаш тогаш можеш лебни трошки, магдонос и се тоа убаво се меша да се изедначи. Во тепсија се става хартија за печење и ја распоредуваш смесата како палачинка широко од сите страни да ти фати ,само да не е претенка, можеш сусам да ставиш одозгора . Се пече на загреана рерна 180° околу 20мин потоа ќе ти испадне како подлога за бурито и можеш што сакаш да ставиш внатре и да го завиткаш. Јас користев грчки јогурт со краставица , несолена урда со оригано ,маслинки и домат.
     
  16. ♡☆♡

    ♡☆♡ Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    79
  17. АничеБананиче

    АничеБананиче Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    3.940
    Пол:
    Женски
    На Mumoftwo30 и bookslover им се допаѓа ова.
  18. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.451
    Допаѓања:
    10.097
    Пол:
    Женски
    Секако. Повели :sun:

    Потребни состојки:
    - 3 јајца
    - 500 грама маскарпоне
    - 300 грама шеќер
    - пишкоти (едно пакетче)

    Во два различни сада, ги делиш белките од жолчките, и прво ги матиш белките, откако ќе ти станат густички во другиот сад кадешто ти се жолчките додаваш 300 грама шеќер и маскарпонето 500 гр, и сѐ тоа матиш додека не стане густа смеса.

    Откако ќе ти биде густо, во една чаша за кафе ставаш 2 лажички нескафе и вода до горе, го префрлаш во некое мало садче кадешто можеш да ги потопуваш пишкотите.

    Во садот прво мачкаш еден убав слој од веќе сматената смеса, па после си ги редиш пишкотите и така сѐ до горе додека не ти се потроши смесата. На крајот само одозгора ќе додадеш какао низ целиот сад.

    Го оставаш во фрижидер бар 2 саати да стврдне и имаш прекрасно тирамису :l:
     
    На Panda00 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.878
    Пол:
    Женски
  20. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    6.386
    Пол:
    Женски
    100 гр палента
    100 гр брашно (по избор, конкретно моето е спелт , некогаш и со рж правам)
    200 мл јогурт
    200гр несолена урда
    2 јајца
    200 гр спанаќ, можеш и праз само убаво исцеди го да нема вода
    1 пециво
    1 голема лажица маслиново масло
    зачини и семки за украсување (јас ставив сусам, нане и ореви)

    * Се матат јајцата со јогуртот и маслото со жица за матење.
    *Спанаќот или празот убаво се сецка и се отстранува вишокот вода
    Брашното, палентата и пецивото се мешаат заедно и се додаваат во течната смеса.
    Интегрални брашна како спелт и рж не сакаат многу да ги мешаш, два до три пати од колку да се соедини смесата.
    Се истура смесата во калап како за торти е ок динезија мојот е 24цм, се става на загреана рерна 180, се пече од 20 мин -25 зависи, јас го печев на загреана рерна точно 25 мин.